Прејди на содржината

Раец

Координати: 41°25′30″N 21°50′51″E / 41.42500° СГШ; 21.84750° ИГД / 41.42500; 21.84750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Раец

Поглед на селото Раец

Раец во рамките на Македонија
Раец
Местоположба на Раец во Македонија
Раец на карта

Карта

Координати 41°25′30″N 21°50′51″E / 41.42500° СГШ; 21.84750° ИГД / 41.42500; 21.84750
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Раец
Население 58 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1423
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11034
Надм. вис. 300 м
Раец на општинската карта

Атарот на Раец во рамките на општината
Раец на Ризницата

Раец или Рајац[2] — село во истоимената област, во Општина Кавадарци, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Раец се наоѓа во крајниот северозападен дел на Општина Кавадарци, од десната страна на реката Раец. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 300 м. Од градот Кавадарци е оддалечено 17 км, а од градот Скопје околу 98 км. Неговиот атар зафаќа површина од 10,8 км2.[3] Селото има две маала: Горно и Долно Маало.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото е основано како чифлик кон крајот на XVIII век.

Во XIX век, Раец било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Во Првата балканска војна, од селото имало четворица доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 423 ха, на пасишта отпаѓаат 355 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 255 ха.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948211—    
1953245+16.1%
1961238−2.9%
1971229−3.8%
1981205−10.5%
ГодинаНас.±%
1991137−33.2%
1994128−6.6%
2002110−14.1%
202158−47.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раец живееле 193 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 200 жители.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]

Селото е мало, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 238 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 128 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Раец живееле 110 жители, од кои 109 Македонци и 1 Србин.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 58 жители, од кои 42 Македонци, 2 Роми и 14 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 193 200 211 245 238 229 205 137 128 110 58
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Раец е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото се:

  • Доселеници: Весовци (3 к.) доселени се од местото Борисов Рид во близина на Раец. Тоа било кон крајот на XVIII век: Панковци (3 к.) и они се од местото Борисов Рид, а подалечно потекло од селото Радобил (денес Голем и Мал): Кичевци (4 к.) доселени се од некое село во Кичевско, кон крајот на XVIII век: Марковци (3 к.) доселени се од селото Дебриште: Цековци (2 к.) доселени се од селото Радобил (денес Голем и Мал): Тасовци (2 к.) доселени се од селото Мрамор: Здравевци (1 к.) доселени се од селото Радобил (денес Голем и Мал): Шалевци (1 к.) доселени се од селото Дреново: Златовци (3 к.) доселени се од селото Царевиќ: Јамевци (1 к.) доселени се од селото Шивец: Ќимовци (1 к.) доселени се од селото Дреново: Чоковци (1 к.) доселени се од селото Конопиште: Силевци (1 к.) доселени се од селото Смолани: Ризевци (1 к.) доселени се од селото Дреново.[13]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Во текот на 1970-тите и 1980-тите години, од селото е забележано иселување кон поголемите градови.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Основно училиште.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци од 1955 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Тиквешката околија; а во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Дреново.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 696 кое е сместено во основното училиште.[14]

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Сретселото
Околинта на селото
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви
Реки


  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.
  3. 3,0 3,1 3,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 251.
  4. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 874.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 јуни 2019.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  14. „Изборна единица 4: Општина Кавадарци“ (PDF). Посетено на 7 јуни 2019.
  15. „Претседателски избори 2019 (Втор круг)“. Архивирано од изворникот на 2020-06-13. Посетено на 7 јуни 2019.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 155-156. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 59. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]