Прејди на содржината

Банско

Координати: 41°23′1″N 22°44′36″E / 41.38361° СГШ; 22.74333° ИГД / 41.38361; 22.74333
Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа статија се однесува на селото во Струмичко. За градот во Пиринска Македонија, видете Банско (град).

Банско
Банско во рамките на Македонија
Банско
Местоположба на Банско во Македонија
Банско на карта

Карта

Координати 41°23′1″N 22°44′36″E / 41.38361° СГШ; 22.74333° ИГД / 41.38361; 22.74333
Општина Струмица
Население 1.992 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2415
Шифра на КО 27004, 27504
Надм. вис. 275 мнв м
Слава Свети 40 Севастиски маченици
Банско на општинската карта

Атарот на Банско во рамките на општината
Банско на Ризницата

Банскосело во Струмичко Поле, близу до Беласица. Тука се наоѓа и истоимената Бања Банско.

Географија

Банско се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 километри.

Надморската височина во селото е 275 метри а површината на селото изнесува 2373 ха.

Селото се граничи со Муртино, Моноспитово, Габрово, Бајрамбос.

Историja

Остатоци од Старата џамија
Подрачно училиште „Маршал Тито“
Дом на култура
Хотел Цар Самоил

Во времето по Беласичката битка во 1015 година се споменува дека Василиј II испратил од Солун еден силен одред кон Струмица, но тој успеал да ја освои само малата блиска тврдина Термица. Оваа тврдина се наоѓала над селото Банско (термица, значи мала бања), во подножјето на Беласица каде што доскоро се гледале урнатини од една средновековна градба.

Во делата на Хаџи Калфа и Евлија Челебија се споменува панаѓур кој се одржувал секоја година во месец август.

Близу (до Струмица) се шири едно широко поле низ кое тече река со многубројни воденици. Во август овде се одржува славниот панаѓур, кој се вика Тујан и на кој доаѓа многуброен свет од сите страни. Топлата бања Тулјан, исто така е во Струмичкиот кадилук, близу до самата Струмица и до градот. Еднаш годишно (т. е. во август б. н. ) овде се собираат жителите од околните предели и во текот на две седмици вршат значителни трговски работи. Под брегот извираат многубројни врели, а понекаде и ладни извори. Во бањата, под камениот свод, тече вода од три чешмурки во една бања. Оваа вода е толку врела што во неа, за миг може јајце да се свари. Затоа, за капење, таа мора да се меша со ладна вода".

Економија

Банско е познато со своите топли минерални извори што се користат за производство на ран зеленчук, а одамна е познато и како балнеолошки центар. Неговите бањи се изградени во рано турско време, а денес тоа израснува и како рекреативен центар.

Претежно занимање на населението е земјоделство и туризам. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 417 ха[2].

Во селото опстојуваат хотелите:

  • Хотел Цар Самуил
  • Хотел Дукат
  • Хотел Спиро Захов

Демографија

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948
1953 320 23 341
1961 391 43 432
1971 301 20 321
1981 432 15 105 62 69 679
1991 756 19 158 17 950
1994 1.048 185 3 101 1.236
2002 1.064 2 900 17 3 6 1.992

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.992 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 1 064
Турци 900
Роми 17
Албанци 2
Власи 0
Срби 3
Бошњаци 0
Други 6

Општествени установи

Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постојат изборните места бр. 1837 и 1838 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[4]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 1.754 гласачи.[5]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 1.797 гласачи.[6]

Културни и природни знаменитости

Бања Банско

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Населено место - Струмица“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. „Описи на ИМ“. Посетено на 21 декември 2019.
  5. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
  6. „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)

Надворешни врски