Прејди на содржината

Четириаголник

Од Википедија — слободната енциклопедија

Четириаголник е многуаголник кој има четири страни. Збирот на аглите во еден четириаголник секогаш измесува 360 степени. Разликуваме три вида на четириаголници: Паралелограм Трапез Трапезоид

Паралелограмот има два пара паралелни страни. Во групата на парелограми спаѓаат : Квадрат, Правоаголник, Ромб и Ромбоид.

Трапезот има еден пар паралелни страни. Постојат: правоаголен и рамнокрак трапез.

Трапезоидот е четириаголник кој нема ниту еден пар паралелни страни. Карактеристичен трапезоид е делтоидот.