Хилдесхајм
Хилдесхајм
Hildesheim | |
Главниот плоштад на Хилдесхајм | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хилдесхајм |
Градоначалник | Инго Мајер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 92,96 км2 |
Надм. височина | 78 м |
Население | 101.858 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 1.096 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HI, ALF |
Пошт. бр. | 31101–31134 |
Повик. бр. | 05121 |
Портал | www.hildesheim.de |
Местоположба на градот Хилдесхајм во рамките на округот Хилдесхајм | |
Координати | 52°09′0″N 9°57′0″E / 52.15000° СГШ; 9.95000° ИГД |
Хилдесхајм (германски: Hildesheim; источнофалечки: Hilmessen; латински: Hildesia) — град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија со 103.804 жители.[2]
Претставува административно седиште на истоимениот округ, околу 30 километри југоисточно од Хановер на бреговите на реката Инерсте, мала притока на реката Лајне.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Хилдесхајм се наоѓа на границата на Висорамнините Инерсте и Хилдесхајм Берде главно сместен на десниот брег на реката Инерсте, една од источните притоки на Лајне. Градот се наоѓа северно од Хилдесхајмската Шума и северозападно од Форхолц. На северниот дел се наоѓаат Гизенските Ридови.
Хилдесхајм на север и исток се наоѓа на 15 километри од Хановер и Залцгитер, како и на помалку од 30 километри до Брауншвајг. Оддалеченоста до други големи градови на југ и запад се 50-100 километри (Гетинген во Долна Саксонија, како и Падерборн и Билефелд во Северна Рајна-Вестфалија).
Природни области
[уреди | уреди извор]Во градското подрачје на Хилдесхајм се наоѓаат седум природни области: Ам ротен Штајне, Финкенберг/Лерхенберг, Галберг, Гизенер Тајхе, Хазедер Буш, Ланге Фрајш и Остерберг и Мастберг и Инерстеауе.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Следниве општини се граничат со Хилдесхајм почнувајќи на север и сите припаѓаат на округот Хилдесхајм: Харзум, Шелертен, Бад Залцдетфурт, Дикхолцен, Гронау, Нордштемен и Гизен.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Хилдесхајм е поделен на 14 месности: [3]
- Штатмите и Нојштат
- Мариенбургер Хее со Галгенберг
- Морицберг со Валдквеле, Годехардикамп и Бокфелд
- Нордштат со Штојервалд
- Остштат со Штатфелд
како и поранешните општини
- Ахтум-Упен
- Бафенштет
- Дришпенштет
- Ајнум
- Химелстир
- Ицум-Мариенбург
- Нојхоф/Хилдесхајмер Валд/Мариенроде
- Охтерзум
- Зорзум
Припојувања
[уреди | уреди извор]- 1911: Морицберг
- 1912: Штојервалд
- 1938: Дришпенштет и Нојхоф
- 1971: Охтерзум
- 1974: Ахтум-Упен, Бафенштет, Ајнум, Химелстир, Ицум, Мариенбург, Мариенроде и Зорзум
Историја
[уреди | уреди извор]Хилдесхајм, еден од најстарите градови во Северна Германија, станал седиште на Епископското кнежевство Хилдесхајм во 815 година и веројатно бил основан кога епископот се преместил од Елце на преминот на Инерсте, кој бил важен пазар на трговскиот пат. Населбата околу катедралата брзо се развила во град и добила пазарни права од царот Отон III во 983 година.[4] Првично, пазарот бил одржуван на улица наречена „Стар пазар“ (Alter Markt), која постои и денес. Првиот пазар бил одржуван околу црквата „Св. Андреј“. Кога градот дополнително пораснал бил потребен поголем пазар. Денешниот пазар на Хилдесхајм бил поставен на почетокот на XIII век, кога градот имал 5.000 жители. Кога Хилдесхајм добил градски права во 1249 година, бил еден од најголемите градови во Северна Германија.[5] Четири векови со Хилдесхајм владееле свештениците, пред да биде изградското Градското собрание и граѓаните да добијат одредени влијание и независност. Изградбата на денешното Градско собрание започнало во 1268 година.[6] Во 1367 година, Хилдесхајм станал член на Ханзата. Војната помеѓу граѓаните и нивниот епископ во периодот 1519-1523 чинело многу. Хилдесхајм станал лутерански во 1542 година и единствено катедралата и неколку други градби останале во царски (католички) раце. Неколку села околу градот останале католички исто така. Во 1813 година, по Наполеоновите војни, градот станал дел од Кралството Хановер, кое било припоено од Кралството Прусија како покраина по Австриско-пруската војна во 1866 година. Во 1868 година биле откриени од пруските војници околу 70 римски сребрени садови за јадење и пиење, т.н. Хилдесхајмско богатство.
Градот бил тешко оштетен од воздушните напади во 1945 година, особено на 22 март. Иако имал мало воено значење, два месеци пред крајот на војната во Европа, историскиот дел на градот бил бомбардиран со цел поткопување на моралот на Германците. Околу 28,5% од домовите биле целосно уништени, додека 44,7% оштетени. Остатокот од домовите биле неоштетени. Центарот кој имал средновековен изглед бил целосно срамнет. Како многу други градови, приоритет бил даден на брзото градење на станбените објекти, со што биле изградени многу бетонски градби. За среќа, поголемиот дел од главните цркви, две од нив заштитени од УНЕСКО, биле повторно изградени во првичниот облик одма по војната. Во текот на војната, вредни материјали и збирки биле скриени во подрумот на градскиот бедем. Во 1978 година бил основан Хилдесхајмскиот универзитет. Во 1980-тите години започнала обнова на стариот дел на градот. Некои од непривлечните бетонски градби околу плоштадот биле срушени и заменети со реплики на првичните градби. Во есента 2007 година била донесена одлука за обнова на Umgestülpter Zuckerhut („свртена грутка шеќер“), иконска фахверк куќа позната по својот необичен облик. Во 2015 година, градот прославил 1200 години постоење.
Население
[уреди | уреди извор]Движење на населението
[уреди | уреди извор]Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1400 | 6.000 | — |
1450 | 8.000 | +33.3% |
1648 | 5.500 | −31.2% |
1803 | 11.108 | +102.0% |
1825 | 12.630 | +13.7% |
1849 | 14.651 | +16.0% |
1871 | 20.801 | +42.0% |
1875 | 22.581 | +8.6% |
1890 | 33.481 | +48.3% |
1900 | 42.973 | +28.4% |
1910 | 50.239 | +16.9% |
1919 | 53.499 | +6.5% |
1925 | 58.522 | +9.4% |
1933 | 62.519 | +6.8% |
1939 | 72.101 | +15.3% |
1950 | 65.531 | −9.1% |
1961 | 96.296 | +46.9% |
1970 | 93.400 | −3.0% |
1975 | 106.000 | +13.5% |
1980 | 102.700 | −3.1% |
1985 | 100.900 | −1.8% |
1989 | 103.512 | +2.6% |
1997 | 105.700 | +2.1% |
2002 | 103.448 | −2.1% |
2013 | 100.708 | −2.6% |
2015 | 101.667 | +1.0% |
Најголеми малцинства
[уреди | уреди извор]Следниов список ги покажува најголемите групи странци во Хилдесхајм (2016 г.):[7]
Место | Држава | Население (2016) |
---|---|---|
1 | Турција | 5.334 |
2 | Полска | 764 |
3 | Србија | 474 |
4 | Италија | 442 |
5 | Ирак | 299 |
6 | Сирија | 268 |
7 | Русија | 254 |
8 | Бугарија | 243 |
Религија
[уреди | уреди извор]Во 1542 година, поголемиот дел од жителите на градот станале лутеранци. Денес, 28,5% од жителите се определуваат како римокатолици, а 38,3% како протестанти. 33,0% од жителите на градот се определени за други религии или пак немаат никаква.
Во градот се наоѓа и седиштето на српската епархија за Франкфурт и цела Германија.
Политика
[уреди | уреди извор]Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Хилдесхајм е збратимен со следниве градови:
|
Список на градоначалници
[уреди | уреди извор]- 1803–1843: Георг Ото Фердинанд Лоде
- 1843–1848: Карл Кристоф Линцел
- 1848: надгледуван од Оберг, Штарке и Винекен
- 1848–1852: Амтсасесор Домајер
- 1853–1875: Паул Јохан Фридрих Бојзен
- 1876–1895: Густав Штрукман
- 1895–1896: Ханс Укерт (не бил „градоначалник“)
- 1896–1909: Густав Штрукман (повторно избран)
- 1909–1937: Ернст Ерлихер
- 1945–1946: Ерих Брушке
- 1946–1950: Албун Хунгер
- 1950–1952: Фридрих Лекве
- 1952–1958: Албун Хунгер (повторно избран)
- 1958–1959: Паул Линке
- 1959–1964: Мартин Бојкен
- 1964–1968: Фридрих Немш
- 1968–1972: Мартин Бојкен (повторно избран)
- 1972–1975: Фридрих Немш (повторно избран)
- 1975–1981: Хајко Клинге
- 1981–1991: Геролд Клемке
- 1991–2001: Курт Махенс
- 2001–2005: Улрих Куме
- 2005–2014: Курт Махенс (повторно избран)
- 2014–денес: Инго Мајер
Главни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Историскиот плоштад (Marktplatz) некогаш бил сметан за еден од најубавите плоштади во светот. Бил обновен во периодот 1984-1990 во некогашниот сјај по неговото уништување во март 1945 година при воздушен напад. Најпознати градби на плоштадот се:
- „Еснафска месарска куќа“ (Knochenhaueramtshaus) — позната како убава и одличен пример на фахверк градба. Првично изградена во 1529 година, а уништена во 1945 година, била обновена во периодот 1987-1989 според првобитните планови. Фасадата е раскошно украсена со сликовити слики и германски изреки. Денес, во градбата се наоѓа ресторан и Градскиот музеј.
- „Еснафска пекарска куќа“ (Bäckeramtshaus) — фахверк градба првично изградена во 1825 година. Била уништена во 1945 година и повторно обновена во периодот 1987-1989. Денес, во нејзе се наоѓа кафуле.
- Градското собрание — првично изградено во XIII век во готски стил. Делумно уништено во 1945 година, било повторно изградено и пуштено во употреба во 1954 година.
- „Темпелхаус“ (Tempelhaus) — граѓанска куќа во доцна готика од XIV век, во која денес е сместено туристичкото биро на градот. Била оштетена во текот на Втората светска војна, но била обновена во 1950 година.
- „Ведекиндхаус“ (Wedekindhaus) — граѓанска куќа од XVI век со карактеристичните високи катови со прикази на алегорски фигури.
- „Линцелхаус“ (Lüntzelhaus) — граѓанска куќа во барокен стил изградена во 1755 година.
- „Роландхаус“ (Rolandhaus) — првично изградена во XIV век во готски стил. Во 1730 година, куќата била променети и биле додадени барокен портал и големи прозорци.
- „Старата градска кафеана“ (Stadtschänke) — голема фахверк куќа првично изградена во 1666 година. Помалата куќа во близина „Рококохаус“ (Rococcohaus) била изградена во 1730 година во рококо стил.
- „Еснафска ткајачка куќа“ (Wollenwebergildehaus) — изградена околу 1600 година.
- Романескната Хилдесхајмска катедрала — изградена во IX век, но скоро целосно уништена во 1945 година; била повторно обновена по војната. На списокот на светско културно наследство на УНЕСКО се наоѓа од 1985 година. „Илјадагодишната роза“ е грмушка на роза стара 1000 години, наводно најстара жива роза во светот. Продолжува да цвета на ѕидот на апсидата на катедралата.
- Музеј на катедралата
- Црква „Св. Михаил“ — позната рано романескна црква во Германија и уникатен пример на отонска архитектура. Била изградена во периодот 1010 до 1022 година. Црквата е прогласена за светско културно наследство на УНЕСКО.
- Црква „Св. Андреј“ — црква од XII век со една од највисоките кули (114,5 метри) во Долна Саксонија. Од врвот на кулата се добива интересен поглед на Хилдесхајм и неговата околина. Спроти црквата се наоѓа познатата фахверк куќа „Свртена шеќерна грутка“ од 1509 година.
- Музеј Ремер и Пелицеј — со значајни збирки од древен Египет и Перу и спектакуларни изложби секоја година.
- Црква на Светиот Крст — првично дел од средновековните бедеми, подоцна претворена во црква (околу 1079 г.), сериозно оштетена во 1945 година и повторно изградена по војната.
- Црква „Св. Годехард“ — романескна базилика изградена во периодот 1133-1172, за која е поднесено барање за светско културно наследство на УНЕСКО. Постојат неколку значајни градби спроти црквата: капела „Св. Никола“, поранешна парохиска црква во романескна архитектура од XII век и претворена во станбена градба во 1803 година и „Болницата на петте рани“, која е голема фахверк куќа од 1770 година.
- Црква „Св. Ламберти“ — градба во доцна готика, место за концерти.
- Кула „Кервидер“ (Kehrwiederturm) — изградена околу 1300 година, единствена преостаната кула од средновековните бедеми.
- Фахверк куќи кои не биле уништени во текот на Втората светска војна може да се најдат околу црквата „Св. Годехард“ и кулата „Кервидер“, во улиците Кеслер, Кнолен, Гелбер Штерн, Ам Кервидер, Лапенберг, Брил, Хинтерер Брил и Годехардсплац. Некои од нив имаат убави дрвени резби на нивните фасади.
- Црква „Св Јаков“ — 500 години стара црква.
- Споменик за синагогата (осветена во 1849 и уништена во 1938 во текот на Кристалната ноќ) — изграден во 1988 година во стариот еврејски четврт на улицата Лапенберг, една од најубавите улици во Хилдесхајм. Основите биле обновени за да се даде идеја колкава била синагогата. Црвена тулна градба спроти синагогата израдена во 1840 година било еврејско училиште.
- Црква „Св. Мавритиј“ — романескна црква (XI век на рид во западниот дел на град во четвртот Морицберг со убави конаци. Внатрешноста на црквата е барокна и била додадена кула во 1765 година. Од шумата зад црквата има убав поглед на Хилдесхајм со многуте цркви.
- „Царска куќа“ (Kaiserhaus) — ренесансна градба (1586) на Стариот плоштад (Alter Markt), најстарата улица во Хилдесхајм, изградена по војната. Фасадата е украсена со римски статуи. Спроти се наоѓа познатиот прозорец од 1568 година. Првично припаѓал на приватен дом кој бил срушен кон крајот на XIX век. Подиздадениот прозорец бил изваден претходно и додаден на друга куќа во источниот дел на Хилдесхајм, кој останал недопрен при бомбардирањето во Втората светска војна. Од таму, ренесансниот прозорец бил отстранет кога куќата била обновувана и додаден на училиштето на денешното место во 1972 година.[8]
- „Алте Кеменате“ (Alte Kemenate) — позната средновековна куќа со височина од 5,5 метри, сместена зад училиштето на улицата „Алтер Маркт“. Има правоаголна основа од 6,5 метри на 5 метри и подрум со двојна заштита.[9] Магацинот, една од најстарите градби во Хилдесхајм, била изградена во готски стил во XV век. Според други извори може дури и да е постара.[10] Градбата има два ката. Бидејќи нема дрво не изгорела во 1945 година, туку била само оштетена и веднаш обновена по војната. Во периодот 1945-1951 била користена како станбена куќа. Денес не е отворена за јавноста.
- Црква „Св. Магдалена“ (Magdalenenkirche) — мала црква со големи прозорци на историската улица „Алтер Маркт“, која била осветена во 1456 година. Поседува дрвен олтар (околу 1520 г.) со резби и други украси.
- Градина Магдалена (Magdalenengarten) — барокен парк изграден во периодот 1720-1725 во близина на црквата „Св. Магдалена“. Постојат бројни различни видови на рози, музеј на рози, павилјони, барокни статуи, зачувани средновековни бедеми и лозје од кое се произведуваат 100-200 шишиња вино секоја година.
- Црква „Св. Бернвард“ — неороманескна црква изградена во периодот 1905-07, уништена во 1945 година и повторно изградена во периодот 1948–49, поседува готски дрвен олтар од почетокот на XV век.
- Дел од средновековните бедеми со ендеци околу градот
- Замок Штојервалд (Burg Steuerwald) — замок во северниот дел на градот, околу 3 километри од плоштадот, изграден во периодот 1310–1313. Неговата кула (25 метри) била додадена во 1325 година. Капелата, посветена на Света Магдалена била првично изградена во романескнен стил и подоцна претворена во готска капела во 1507. Денес, се користи за венчавки и концерти.
- Замок Мариенбург (Burg Marienburg) — замок во југоисточниот дел на градот, околу 6 километри од плоштадот, изграден во периодот 1346-1349.
- Зорзум — поранешно село во западниот дел на градот, кое станало дел од него во 1974 година.
- Манастир Мариенроде (Kloster Marienrode) — манастир во југозападниот дел на Хилдесхајм, околу 6 километри од плоштадот. Бил основан во 1125 година. Денешната црква била започната во 1412 година во готски стил со три наоси и завршена во 1462 година. Во црквата постојат барокни олтари од 1750 година. Оргулите потекнуваат од средината на XVIII век. Во 1792 година била изградена мала капела „Св. Кузман и Дамјан“. Манастирот бил распуштен во 1806 година, но бил вратен на Римокатоличката црква во 1986 година. Од 1988 година повторно во него се наоѓаат монахињи. Близу манастирот има големо езерце, кое е порибено и висока ветерница од 1839 година.
Други познати места се театарот, кој нуди опера, оперети, мјузикли, драми, балет и концерти.
Настани
[уреди | уреди извор]- Фестивал „М’ера Луна“, најважен настан во Европа за готик рок
- Фестивал „Џезтајм“ во мај или јуни
Стопанство
[уреди | уреди извор]Хилдесхајм е дом на познати мултинационални претпријатија, како и бројни средни компании, меѓу кои се „Блаупункт“, „Бош“, „Круп“, „Тисен“ и „Кока-Кола“.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Хилдесхајм има ефикасна сообраќајна инфраструктура. Претставува регионален центар за покраинските патишта, додека железничката станица е опслужувана од регионални и брзи возови. Градот е поврзан со автопат, а поседува и пристаниште на вештачкиот Средногермански Канал.
Познати жители
[уреди | уреди извор]- Бернвард од Хилдесхајм (960-1022) — епископ на Хилдесхајм
- Годехард од Хилдесхајм (960-1038) — епископ на Хилдесхајм
- Јохан Хилдесхајмски (1310/1320-1375) — писател
- Дидрик Пининг, (1430-1491) — истражувач
- Лудолф ван Цојлен (1540-1610) — математичар
- Фредерик Хорнеман (1772-1801) — истражувач во Африка
- Фердинанд фон Ремер (1818-1891) — геолог
- Јакоб Гутман (1845–1919) — рабин, филозоф, педагог
- Адолф Хурвиц (1859-1919) — математичар
- Јулиус Гутман (1880–1950) — рабин, филозоф, историчар
- Бруно Снел (1886-1986) — филолог
- Ерих Помер (1889-1966) — филмски продуцент
- Вилхелм Копе (1896-1975) — генерал
- Хајнрих Нордхоф (1899-1968) — инженер
- Ханс Адолф Кребс (1900-1981) — физичар и биохемичар
- Карл Хаман (1903-1973) — политичар
- Оскар Шиндлер (1908–1974) — индустријалец
- Еберхард Шлотер (1921-2014) — сликар
- Вилхелм Хенис (1923-2012) — политичар
- Уве Гроностај (1939-2008) — диригент
- Клаус Бергер (р. 1940) — теолог
- Волфганг Дане (р. 1941) — лизгач
- Рудолф Шенкер (р. 1948) — гитарист
- Михаел Шенкер (р. 1955) — гитарист
- Томас Квастхоф (р. 1959) — пејач
- Петра Хартман (р. 1970) — глумица
- Мајк Тејлор (born 1971) — фудбалер
- Диане Кругер (р. 1976) — манекенка и глумица
- Ернст Август Хановерски (р. 1983) — принц
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Кнохенхауерамтсхаус пред уништувањето на 22 март 1945 година
-
Хилдесхајмската катедрала, светско културно наследство
-
Црква „Св. Михаил“, светско културно наследство
-
Црква „Св. Андреј“, кула висока 114 метри
-
Базилика Св. Годехард
-
Црква „Св. Ламберти“ со нова кула
-
Плоштадот во есенско издание
-
Црква „Св. Мавритиј“
-
Фахверк куќи во улицата Кеслер
-
Фахверк куќи во улицата „Хинтерер Брил“
-
Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, седиште на српската епархија на Франкфурт и цела Германија
-
Градското собрание околу 1900 година
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „Bevölkerung der Stadt Hildesheim zum 31.12.2016“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-22. Посетено на 2017-12-26.
- ↑ Hauptsatzung Архивирано на 7 јануари 2016 г. (abgerufen am 24. September 2012 um 11:00 Uhr; PDF; 70 kB)
- ↑ Neigenfind, W.: Unsere schöne Stadt, p.46. Hildesheim 1964.
- ↑ Neigenfind, W.: Unsere schöne Stadt, p.38. Hildesheim 1964.
- ↑ Borck, Heinz-Günther: Der Marktplatz zu Hildesheim, p.24. Hildesheim 1989.
- ↑ „Stadt Hildesheim Statistische Daten 2014“ (PDF). Stadt Hildesheim. Посетено на 13 јули 2015.[мртва врска]
- ↑ Segers-Glocke, Christiane: Baudenkmale in Niedersachsen, Band 14.1. - Hildesheim, p.109. Hameln 2007.
- ↑ Segers-Glocke, Christiane: Baudenkmale in Niedersachsen, Band 14.1. - Hildesheim, p.108. Hameln 2007.
- ↑ Stadtgeschichte auf dem Hinterhof. - Hildesheimer Allgemeine Zeitung, 23 June 2009, p.9.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Хилдесхајм“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски) (англиски)
- 360° панорами на Хилдесхајм
- Водич за туристи
- Фотографии
|
|