Прејди на содржината

Ќосе Елјаз

Координати: 40°58′N 24°28′E / 40.967° СГШ; 24.467° ИГД / 40.967; 24.467
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ќосе Елјаз
Χαλκερό
Ќосе Елјаз is located in Грција
Ќосе Елјаз
Ќосе Елјаз
Местоположба во областа
Ќосе Елјаз во рамките на Кавала (општина)
Ќосе Елјаз
Местоположба на Ќосе Елјаз во Општина Кавала и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°58′N 24°28′E / 40.967° СГШ; 24.467° ИГД / 40.967; 24.467
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&10000000000000115000000115 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно194
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ќосе Елјаз (грчки: Χαλκερό, Халкеро) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 9 километри североисточно од градот Кавала на надморска височина од 115 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 360 Турци[2].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Халкеро[3].

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 30 грчки семејства со 106 лица[4]. Во 1928 година, бројот на населението бил 106 лица, додека во 1940 година селото броело 187 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 313 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 304 жители, во 1971 година имало 265 жители, во 1981 година имало 244 жители, додека во 1991 година имало 212 жители[5]. Денеска, населението на селото е 194 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 187 313 304 265 244 212 190 194
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 202.
  3. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. Симовски, Тодор (1998). „2“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 78.