Ќосе Елјаз
Ќосе Елјаз Χαλκερό | |
---|---|
Координати: 40°58′N 24°28′E / 40.967° СГШ; 24.467° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Кавалски округ |
Општина | Кавала |
Општ. единица | Кавала |
Надм. вис. | 115 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 194 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ќосе Елјаз (грчки: Χαλκερό, Халкеро) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 9 километри североисточно од градот Кавала на надморска височина од 115 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 360 Турци[2].
Грција
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Халкеро[3].
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година во селото биле сместени 30 грчки семејства со 106 лица[4]. Во 1928 година, бројот на населението бил 106 лица, додека во 1940 година селото броело 187 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 313 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 304 жители, во 1971 година имало 265 жители, во 1981 година имало 244 жители, додека во 1991 година имало 212 жители[5]. Денеска, населението на селото е 194 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 187 | 313 | 304 | 265 | 244 | 212 | 190 | 194 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 202.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). „2“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 78.
|