1927
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1927 MCMXXVII |
Ab urbe condita | 2680 |
Ерменски календар | 1376 ԹՎ ՌՅՀԶ |
Асирски календар | 6677 |
Бахајски календар | 83–84 |
Балиски календар | 1848–1849 |
Бенгалски календар | 1334 |
Берберски календар | 2877 |
Будистички календар | 2471 |
Бурмански календар | 1289 |
Византиски календар | 7435–7436 |
Кинески календар | 丙寅年 (огн. тигар) 4623 или 4563 — до — 丁卯年 (огн. зајак) 4624 или 4564 |
Коптски календар | 1643–1644 |
Етиопски календар | 1919–1920 |
Еврејски календар | 5687–5688 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1983–1984 |
- Сачка ера | 1848–1849 |
- Кали-југа | 5027–5028 |
Холоценски календар | 11927 |
Игбоански календар | 927–928 |
Ирански календар | 1305–1306 |
Исламски календар | 1345–1346 |
Јапонски календар | Шова 2 (昭和2年) |
Јавански календар | 1857–1858 |
Џуче-календар | 16 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4260 |
Мингуо-календар | Р. Кина 16 民國16年 |
Нанакшахи | 459 |
Тајландски сончев календар | 2469–2470 |
Тибетски календар | 阳火虎年 (машки оган-тигар) 2053 или 1672 или 900 — до — 阴火兔年 (женски оган-зајак) 2054 или 1673 или 901 |
1927 (MCMXXVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1927 година од новата ера, 927. од вториот милениум, 27. од XX век и осма од 1920-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7435 и 7436 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6677 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5687 и 5688 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2680.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1927 година се протега во 4563 и 4564, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4623 и 4624 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2470. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1345 и 1346 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]- 5 октомври - Во Штип, по налог на Ванчо Михајлов, е убиен српскиот генерал Михајло Ковачевиќ.
- 6 октомври - Прикажан е Џез пејачот, првиот популарен звучен филм во историјата на кинематографијата.
- 5-10 декември - Во Скопје се одвива Скопскиот студентски процес против дејците на Македонската младинска тајна револуционерна организација.
Родени
[уреди | уреди извор]- 30 јануари - Улоф Палме, шведски премиер
- 31 јануари - Ацо Караманов, македонски поет и борец
- 1 март - Хари Белафонте, американски музичар и активист
- 6 март - Габриел Гарсија Маркес, колумбиски писател
- 12 март - Гајо Петровиќ, хрватски марксистички филозоф
- 21 март - Ханс Дитрих Геншер, германски политичар
- 2 април - Ференц Пушкаш, унгарски фудбалер
- 16 април - Бенедикт XVI, римски папа
- 21 септември - Христо Андонов Полјански, македонски историчар
- 16 октомври - Гинтер Грас, германски писател
Починале
[уреди | уреди извор]- 16 јануари - Јован Цвииќ, српски географ
- 23 август - Сако и Ванцети, американски анархисти
- 22 октомври - Борислав Станковиќ, српски писател