Никлас Филкруг
Никлас Филкруг | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 9 февруари 1993 | ||
Роден во | Хановер, Германија | ||
Држава | Германија | ||
Висина | м | 1,91||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Борусија Дортмунд | ||
Број | 14 | ||
Младинска кариера | |||
2006–2012 | Вердер Бремен | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2011-2014 | Вердер Бремен II | 26 | (10) |
2012-2014 | Вердер Бремен | 23 | (2) |
2013-2014 | → Гројтер Фирт | 21 | (6) |
2014-2016 | Нирнберг | 54 | (17) |
2016-2019 | Хановер 96 | 75 | (21) |
2019-2023 | Вердер Бремен | 90 | (45) |
2023- | Борусија Дортмунд | 28 | (11) |
Репрезентација ‡ | |||
2010 | Германија 18 | 1 | (0) |
2011-2012 | Германија 19 | 7 | (5) |
2012-2014 | Германија 20 | 9 | (3) |
2022- | Германија | 15 | (11) |
* Ажурирано на: 20 јуни 2014 ** Ажурирано на: 1 септември 2014 |
Никлас Филкруг (роден на 9 февруари 1993 година, во Хановер) — германски фудбалер, напаѓач на Борусија Дортмунд и на германската репрезентација.
Технички карактеристики
[уреди | уреди извор]Филкруг е многу разновиден напаѓач: иако неговата природна улога е прв напаѓач, тој во кариерата играл и како десно и како лево крило. Опремен е со моќна фигура и вешт во играта во воздухот, а знае како да биде опасен во противничкиот шеснаесеттник, бидејќи многу вешто знае да ги користи нафрлувањата од соиграчите.[1]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци, Вердер Бремен и сезоната на заем во Гројтер Фирт
[уреди | уреди извор]Роден во Хановер, Филкруг ја започнал својата фудбалска кариера во екипата на ТУС Риклинген во областа Риклинген,[2] каде што поминал осум години и бил трениран од неговиот татко.[3] Како суперталентирано момче за време на неговиот престој таму тој постигнувал во просек по 160 гола по сезона.[3]
Во летото 2006 година, на 14-годишна возраст, Филкруг се приклучил на Вердер Бремен, притоа одбивајќи понуди од пет други клубови од Бундеслигата како и од Хановер 96.[3] Откако напредувал низ младинскиот систем на Вердер Бремен, Филкруг ја започнал својата сениорска кариера со вториот тим на Вердер. Дебитирал за Вердер Бремен II на почетокот на сезоната 2011-2012, во поразот со 2-1 од Веен Висбаден во третата лига. На 15 октомври 2011 година, во победата со 3-2 на гостувањето кај Бабелсберг, Филкруг постигнал два гола за својата екипа помагајќи им на резервите на Вердер да дојдат до победата после два гола негатива. Сезоната 2011-2012 ја завршил со 22 настапи и 5 гола за вториот тим на Вердер во третата лига. Иако во првиот дел од сезоната играл редовно, во вториот дел неговите настапи се намалиле затоа што тој многу често бил повикуван во првиот тим на зелените.
Своето деби за првиот тим на Вердер го направил на 28 јануари 2012 во ремито 1-1 на домашен терен против Бајер Леверкузен, влегувајќи од клупата за резерви во средината на второто полувреме на местото на Мехмет Екиџи. Својот прв гол во дресот на Вердер го постигнал на 24 март 2012, против Аугсбург на Везер во натпревар што завршил 1-1. Воедно тоа бил и неговиот прв старт во почетната постава за Вердер, и останал единствен до крајот на сезоната бидејќи сите останати 10 настапи му биле влегувајќи од клупата за резерви. Во следната сезона 2012-2013, Филкруг одиграл 12 натпревари за Вердер во Првата Бундеслига и постигнал еден гол во победата со 4-0 против Борусија Менхенгладбах. Исто така, тој погодил и во натпреварот од првата рунда на Купот на Германија, во кој Вердер изненадувачки бил елиминиран од нисколигашот Минстер со 4-2.
На 24 август 2013 година, тој се приклучил на Гројтер Фирт на едногодишен договор за заем.[4][5] На 2 ноември 2013 година, тој постигнал четири гола, вклучувајќи и 12-минутен хет-трик за неговиот нов клуб за време на спектакуларната победа од 6–2 на гости кај Ерзгебирге Ауе.[6] Постигнувајќи шест гола во 18 настапи, тој ги скинал лигаментите на десниот зглоб во победата со 2-0 против Бохум што ги проретчило неговите настапи до крајот на сезоната.[7]
Нирнберг
[уреди | уреди извор]Во 2014 година, Филкруг му се приклучил на Нирнберг на „долгорочен“ договор,[8] во траење од три години.[9] Вердер Бремен обезбедил опција во меѓувреме да го врати Филкруг за договорена сума.[9]
Своето деби за Нирнберг го направил на 3 август 2014, во победата на домашен терен со 1-0 над Ерзгебирге Ауе во Втората Бундеслига. Играјќи во нешто поразлична улога од неговата примарна, најчесто како лево крило, на првиот гол во дресот на новиот клуб Филкруг чекал речиси до средината на сезоната кога ја затресол мрежата на Зандхаусен. На 14 декември 2014, тој постигнал два гола во гостинската победа со 2-1 над Аален. На почетокот на март 2015, поради тешката повреда во вид на оштетување на 'рскавицата на коленото, тој го пропуштил остатокот од сезоната.
По не толку добрата прва сезона со Нирнберг, во следната Филкруг постигнал 14 голови во 30 настапи во Втората Буднеслига, завршувајќи ја сезоната како најдобар стрелец на својот тим и четврти најдобар во првенството. На 23 април 2016, тој постигнал хет-трик во победата на домашен терен со 6-2 над Унион Берлин.[10] Головите на Филкруг му помагаат на Нирнберг да заврши високо на табелата на третото место, но откако директната промоција била испуштена за само два бода, тие морале да се соочат со 16-то пласираниот тим од Првата Бундеслига, Ајнтрахт Франкфурт. Ајнтрахт го добил тој двомеч со 2-1 и останал во Првата Бундеслига, а Нирнберг не успеал да избори промоција.
Хановер
[уреди | уреди извор]Во јули 2016 година, Филкруг се вратил во својот роден град потпишувајќи четиригодишен договор со Хановер 96. Сумата на трансферот изнесувала 2 милиони евра плус 1 милион можни бонуси.[11][12]
Во првата сезона во клубот тој придонел за промоцијата на клубот во Првата Бундеслига, постигнувајќи 5 гола во 27 настапи. Следната сезона, тој не успеал да постигне гол во неговите први осум натпревари во Бундеслигата за Хановер 96, но постигнал хет-трик против Мајнц 05 на 13 јануари 2018 година[13][14] по што следела серија на голови што довела до тоа неговото име да се шпекулира во врска со повик во германската репрезентација.[15] Својата втора сезона ја завршил со 14 гола во 34 настапи во првенството, а исто така имал и два гола во исто толку настапи во Купот на Германија.[16]
На 31 август 2018 година, било објавено дека Фулкруг се согласил на продолжување на договорот со клубот до 2022 година.[16] На 30 септември 2018 година, во натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт, тој бил заменет поради повреда на зглобот,[17][18] но за среќа повредата не била сериозна и тој можел да игра на следниот натпревар, победата со 3–1 против Штутгарт со што Хановер се "тргнал" од последното место на првенствената табела.[19][20] Тој, исто така, настапил во ремито 2–2 на гости против Бајер Леверкузен[21] и во поразот со 1-2 на домашен терен од Аугсбург[22] и покрај тоа што страдал од болки во коленото. Тој не играл во поразот на Хановер во второто коло на Купот на Германија на 30 октомври поради проблеми со коленото поврзани со повредата здобиена во 2013 година. Тренерот Андре Брајтенрајтер изјавил дека овој проблем го мачел Филкруг со години и дека болката била толку силна пред куп натпреварот што Филкруг не се чувствувал „безбеден“.[23] По консултација со специјалист[24] Филкруг се вратил на тренинзите на 20 ноември[25] и започнал во четири последователни натпревари.[26][27][28][29]
Откако ги прпопуштил последните два натпревари за календарската 2018 година,[30] било најавено дека повредата на Филкруг е тешка и тој најверојатно ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната.[31] Повредата го принудила да оди на операција и било откриено дека се работи за оштетување на 'рскавицата на десното колено, трета повреда од ваков вид во неговата кариера. Тој претходно претрпел оштетување на 'рскавицата во Вердер Бремен (јануари 2013 година, десно колено) и Нирнберг (март 2015 година, лево колено).[32]
Враќање во Вердер Бремен
[уреди | уреди извор]Во април 2019 година, додека тој се уште се опоравувал од повредата било објавено дека Филкруг ќе се врати во својот поранешен клуб Вердер Бремен за сезоната 2019-2020.[33] На 10 август 2019, Филкруг го одиграл својот прв натпревар за Вердер по повеќе од шест години во победата со 6-1 на гостувањето кај нисколигашот Атлас Делменхорст во првото коло на Купот на Германија; тој се појавил во игра од клупата на местото на Џош Сарџент во 61-вата минута и забележал асистенција за голот на ветеранот Клаудио Писаро само седум минути по влегувањето во игра. Во својот втор настап за Бременските музиканти во Бундеслигата, Филкруг го постигнал својот прв гол по враќањето во клубот во поразот со 3-2 на гостувањето кај Хофенхајм. Во следните два натпревари во лигата кои завршиле со победи на Вердер од 3-2 над Аугсбург и 2-1 над Унион Берлин, Филкруг забележал асистенција и гол и се чинело дека повредата веќе е минато и тој се наоѓа во одлична форма на почетокот на сезоната. Сепак, само неколку дена подоцна напаѓачот го снашла нова несреќа, откако ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото за време на тренинг.[34] Повредата го оддалечила од терените за долго време и првите прогнози биле дека ќе го пропушти остатокот од сезоната после само пет одиграни натпревари за Вердер. Сепак, поради пандемијата на КОВИД-19 сезоната се одолжила и завршила дури на крајот на јуни 2020, па во меѓувреме Филкруг се вратил во акција и постигнал два гола во последните четири натпревари во првенството помагајќи му на својот клуб да го сочува прволигашкиот статус.
На почетокот на сезоната 2020-2021, Филкруг постигнал хет-трик во победата со 3-1 на гостувањето кај Шалке 04.[35] Во уште една сезона во која имал многу проблеми со повреди, тој постигнал 6 гола во 19 настапи и не успеал да му помогне на својот клуб да го избегне испаѓањето од Првата Бундеслига, негово второ откако претходно испаднал и со Хановер во сезоната 2018-2019.
И покрај испаѓањето на Вердер, Филкруг останал во клубот и за сезоната 2021-2022 во Втората Бундеслига, првата сезона на Бременскиот клуб надвор од елитната дивизија после 40 години. Оваа сезона за него била исклучително важна, првенствено затоа што успеал да ги залечи повредите и постепено да влезе во добра форма. После бавниот почеток, во кој не успеал да се запише во листата на стрелците ниту еднаш во првите 10 натпревари, првиот гол го пронашол на 24 октомври 2021, во ремито 2-2 против Зандхаусен. Последователно, формирајќи одлично партнерство во нападот со Марвин Дукш, двајцата - кои самите себеси си го дале прекарот „Грдите птици“[36] - биле главното оружје на Вердер во Втората Бундеслига постигнувајќи заедно вкупно 40 гола (19 Филкруг и 21 Дукш), со кој му помогнале на клубот да го освои второто место и да се врати во Првата Бундеслига после само една сезона отсуство.
Одличната форма од претходната сезона ја пренел и во Бундеслигата, постигнувајќи по гол во првите два натпревари на Вердер за сезоната 2022-2023, против Волфсбург и Штутгарт кои завршиле нерешено со идентичен резултат 2-2. На 3 септември 2022, тој ги постигнал двата гола за својот тим во победата со 2-0 над Бохум. На 1 октомври, тој додал уште два гола во победата со 5-1 на домашен терен над Борусија Менхенгладбах. На 5 ноември, три кола пред паузата во првенството поради Светското првенство 2022, Филкруг го постигнал својот десетти погодок за сезоната во Бундеслигата во победата со 2-1 над Шалке 04. Импресивната форма го препорачала во репрезентацијата на Германија, па така тој се нашол меѓу 26-те играчи кој отпатувале за Катар.[37] Сезоната ја завршил како најдобар стрелец во Прва Бундеслига 2022-2023 со 16 постигнати гола, исто колку што имал и Кристофер Нкунку од РБ Лајпциг.[38]
Борусија Дортмунд
[уреди | уреди извор]На 31 август 2023, Борусија Дортмунд го купила Филкруг за €13 милиони + €2 милиони бонуси,[39] потпишувајќи три годишен договор со напаѓачот.[40]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Помеѓу 2010 и 2014 година, Филкруг ја претставувал Германија на различни младински нивоа, играјќи за германските репрезентации под 18, под 19 и под 20 години.
Во ноември 2022 година, изненадувачки Филкруг бил повикан во сениорската репрезентација на Германија од селекторот Ханси Флик за Светското првенство 2022 во Катар.[41] Своето деби за репрезентацијата го направил на 16 ноември во пријателски натпревар против Оман, влегувајќи како замена на полувремето и постигнувајќи го подоцна единствениот гол во натпреварот.[42] На тој начин, тој станал и најстариот играч во поле кој дебитирал за Германија во последните 20 години, на возраст од 29 години и 280 дена по Мартин Макс кој имал 33 години и 253 дена кога дебитирал за Германија во 2002 година.[43]
Своето деби на Мундијалот во Катар го направил на 23 ноември, влегувајќи од клупата за резерви во последните 10-тина минути од поразот со 1-2 од Јапонија. Четири дена подоцна, повторно појавувајќи се во игра од клупата за резерви, Филкруг го постигнал израмнувачкиот гол во ремито 1-1 против Шпанија. Во последното коло од групната фаза, тој го постигнал вториот свој гол на Мундијалот во победата со 4-2 над Костарика, но германците не успеале да се пласираат понатаму и биле елиминирани уште по групната фаза на второ Светско првенство по ред.
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Статистика
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2011-2012 | Вердер Бремен II | 3Л | 22 | 5 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 22 | 5 |
2012-2013 | РЛС | 4 | 5 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 4 | 0 | |
Вкупно Вердер Бремен II | 26 | 10 | - | - | - | - | - | - | 26 | 10 | |||||
2011-2012 | Вердер Бремен | 1Б | 11 | 1 | КГ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 11 | 1 |
2012-2013 | 1Б | 12 | 1 | КГ | 1 | 1 | - | - | - | - | - | - | 13 | 2 | |
авг. 2013 | 1Б | 0 | 0 | КГ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 1 | |
авг. 2013-2014 | Гројтер Фирт | 2Б | 21+2[44] | 6 | КГ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 24 | 6 |
2014-2015 | Нирнберг | 2Б | 24 | 3 | КГ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 25 | 3 |
2015-2016 | 2Б | 30+2[45] | 14 | КГ | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | 34 | 15 | |
Вкупно Нирнберг | 54+2 | 17 | 3 | 1 | - | - | - | - | 59 | 18 | |||||
2016-2017 | Хановер 96 | 2Б | 27 | 5 | КГ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 29 | 5 |
2017-2018 | 1Б | 34 | 14 | КГ | 2 | 2 | - | - | - | - | - | - | 36 | 16 | |
2018-2019 | 1Б | 14 | 2 | КГ | 1 | 1 | - | - | - | - | - | - | 15 | 3 | |
Вкупно Хановер 96 | 75 | 21 | 5 | 3 | - | - | - | - | 80 | 24 | |||||
2019-2020 | Вердер Бремен | 1Б | 8+2[44] | 4 | КГ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 11 | 4 |
2020-2021 | 1Б | 19 | 6 | КГ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 21 | 6 | |
2021-2022 | 2Б | 33 | 19 | КГ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 19 | |
2022-2023 | 1Б | 28 | 16 | КГ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 16 | |
авг. 2023 | 1Б | 2 | 0 | КГ | 1 | 1 | - | - | - | - | - | - | 3 | 1 | |
Вкупно Вердер Бремен | 113+2 | 47 | 9 | 2 | - | - | - | - | 124 | 49 | |||||
авг. 2023-2024 | Борусија Дортмунд | 1Б | 28 | 12 | КГ | 1 | 0 | ЛШ | 12 | 3 | - | - | - | 41 | 15 |
Вкупно во кариерата | 323 | 113 | 19 | 6 | 12 | 3 | - | - | 354 | 122 |
Репрезентативна статистика
[уреди | уреди извор]Репрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Германија | 2022 | 4 | 3 |
2023 | 9 | 7 | |
2024 | 2 | 1 | |
Вкупно | 15 | 11 |
Хет-трикови
[уреди | уреди извор]Хет-трикови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Niclas Füllkrug: Who is the Werder Bremen and Germany striker?“ (англиски). Посетено на 2022-11-17.
- ↑ „Fidele Dörp | Archiv: November 2006“. www.fidele-doerp.de. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „archive.ph“. archive.ph. Архивирано од изворникот на 2013-02-12. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ „Fürth leiht Füllkrug ein Jahr von Werder Bremen“. nordbayern.de (германски). 24 August 2013. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Fürth holt Niclas Füllkrug auf Leihbasis“ (германски). 24 August 2013. Архивирано од изворникот на 3 November 2013. Посетено на 6 October 2013.
- ↑ „6:2! Füllkrug-Hattrick in zwölf Minuten“. kicker Online (германски). 2 November 2013. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Bänderriss legt Füllkrug lahm“. nordbayern.de (германски). 12 March 2014. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Gestern Fürth, heute Nürnberg: Füllkrug wechselt zum FCN“. nordbayern.de (германски). 26 June 2016. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ 9,0 9,1 „Füllkrug unterschreibt Dreijahresvertrag beim FCN“. kicker Online (германски). 26 June 2016. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „6 Tore in 45 Minuten: Club praktisch schon Dritter“ (германски). sportbild. 23.04.2016. Посетено на 4.12.2022. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ Tietenberg, Dirk (19 July 2016). „Hannover 96: Zwei für die erste Klasse“. Neue Presse (германски). Архивирано од изворникот на 2019-04-26. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Füllkrug kehrt in seine Heimat zurück“. Hannover 96 (германски). 18 July 2016. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Niclas Füllkrug hat-trick completes fightback for Hannover over Mainz“. Bundesliga. 13 January 2018. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Füllkrug's on fire! Bundesliga defences are terrified as the Hannover marksman takes aim“. Bundesliga. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Watch: Germany's World Cup dark horses“. Bundesliga. Архивирано од изворникот на 2018-07-17. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ 16,0 16,1 „"Meine Heimat": Füllkrug verlängert in Hannover“. kicker Online (германски). 31 August 2018. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Hannover 96 verliert auch bei Eintracht Frankfurt - Füllkrug muss angeschlagen runter“ (германски). Sportbuzzer. 30 September 2018. Архивирано од изворникот на 2019-04-26. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Kapselverletzung bei Niclas Füllkrug – Ausfall gegen den VfB Stuttgart droht“. Sportbuzzer (германски). 1 October 2018. Архивирано од изворникот на 2019-04-26. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ Flohr, Alexander (7 October 2018). „"Einer dieser Helden": So wichtig war Niclas Füllkrug für Hannover 96 gegen Stuttgart“ (германски). Sportbuzzer. Архивирано од изворникот на 2019-04-26. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Maßflanke Albornoz, Kopfball Wood: 96 atmet auf“. kicker Online (германски). 6 October 2018. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Bellarabi bewahrt Bayer vor der Niederlage“. kicker Online (германски). 20 October 2018. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Khedira nutzt Antons Patzer“. kicker Online (германски). 27 October 2018. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ Willeke, Andreas (1 November 2018). „"Die alte Geschichte": Der Knie-Fall Niclas Füllkrug macht Hannover 96 Sorgen“ (германски). Sportbuzzer. Архивирано од изворникот на 2022-09-28. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ Willeke, Andreas (12 November 2018). „Hannover 96: Füllkrug wie Sarenren Bazee? Profi-Heiler soll helfen“ (германски). Sportbuzzer. Архивирано од изворникот на 2022-09-29. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ Tietenberg, Dirk (20 November 2018). „Korb trainiert allein, Schwegler fehlt gegen Gladbach: Der Stand im 96-Verletztenlager“ (германски). Sportbuzzer. Архивирано од изворникот на 2019-04-26. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Hazard und Stindl sehenswert: Gladbachs Heimserie hält“. kicker Online (германски). 25 November 2018. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Dank Torunarigha: Hertha siegt in Hannover“. kicker Online (германски). 1 December 2018. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Videobeweis, Fehlentscheidung, Gelb-Rot: Wildes Remis in Mainz“. kicker Online (германски). 9 December 2018. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Traumhaft beim 4:0: Kimmichs Volley, Alabas Dropkick“. kicker Online (германски). 15 December 2018. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Niclas Füllkrug überraschend nicht im 96-Kader gegen den SC Freiburg“ (германски). Sportbuzzer. 19 December 2018. Архивирано од изворникот на 2022-09-25. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „"Riesiger Schock" für Hannover: Saison-Aus für Füllkrug“. kicker Online (германски). 21 December 2018. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Füllkrug erfolgreich am Knie operiert“. kicker Online (германски). 27 December 2018. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Offiziel: Werder holt Füllkrug zurück“. Deichstube (германски). Kreiszeitung. 25 April 2019. Посетено на 26 April 2019.
- ↑ „Niclas Füllkrug suffers ligament injury in training“. Werder Bremen. 20.9.2019. Посетено на 4.12.2022. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Niclas Füllkrug hits hat-trick as Werder Bremen add to Schalke's woes“. Bundesliga. September 2020.
- ↑ Ducksch und Füllkrug: Die „hässlichen Vögel“ jetzt als Gegner, sportschau.de, abgerufen am 14. Januar 2024
- ↑ Gill Clark (27 November 2022). „Who is Niclas Fullkrug? Germany star's incredible rise from unheralded second tier star to World Cup hero“. goal.com.
- ↑ „Christopher Nkunku and Niclas Füllkrug share 2022/23 Bundesliga top goalscorer trophy“. Bundesliga. 27 May 2023. Посетено на 27 May 2023.
- ↑ „Dortmund officially introduce Füllkrug“. Bulinews (англиски). 2023-08-31. Посетено на 2023-09-01.
- ↑ „Borussia Dortmund verpflichtet Nationalstürmer Niclas Füllkrug“ (германски). Borussia Dortmund. 31 August 2023.
- ↑ „"War ein langer Weg!" Füllkrugs emotionale Worte zur Nominierung“. sport1.de (германски). 11 November 2022.
- ↑ „1:0 gegen den Oman: Debütant Füllkrug trifft zum Sieg“ (германски). Посетено на 2022-11-17.
- ↑ @optafranz (2022-11-16). „Aged 29 years and 280 days, Niclas Füllkrug is the oldest outfield player to make his debut for Germany in 20 years“ (Tweet) (англиски). Посетено на 2022-11-27 – преку Twitter.
- ↑ 44,0 44,1 Плејаут.
- ↑ Плејоф.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Никлас Филкруг на soccerway
- Никлас Филкруг на transfermarkt
- Никлас Филкруг на espn
- Никлас Филкруг на whoscored
|