Јоаким I Цариградски
Јоаким I | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Потпис на Јоаким I | |
Црква | Цариградска патријаршија |
На служба | есента 1498 - пролетта 1502 почетокот на 1504 - есента 1504 |
Претходник | Нифонт II Пахомиј I |
Наследник | Нифонт II Пахомиј I |
Лични податоци | |
Починал | 1504 |
Претх. служба | Митрополит на Драма |
Јоаким I (грчки: Ιωακείμ Α΄) бил Вселенски патријарх од 1498 до 1502 и кратко време во 1504 година.
Живот
[уреди | уреди извор]Окулу младоста на Јоаким пред да стане цариградски патријарх, познато е тоа дека бил митрополит на Драма и дека бил млад, не особено учен, но многу способен за црковни рботи и градење на доблест.[1] Есента 1498 тој бил избран за патријарх со поддршка од царот Константин II, заземајќи го местото на патријархот Нифонт II чиј потег бил поддржан од владетелите на Влашка.[2]:198 Грузија била христијанска држава, независна од Отоманското Царство и семи-автономна од религиска гледна точка, но земја која некогаш може да нанесе импресивно влијание врз патријаршиските избори.[2]:196
Како патријарх, Јоаким бил доста популарен со неговата група: додека бил на пат кон Грузија за да собере средства, митрополитот на Силиври му понудил на отоманскиот султан 1000 златници за да биде назначен за патријарх на местото на Јоаким, но верниците ја собрале истата сума помеѓу себе и му платиле на султанот за да се избегне Јоакимовото отстранување од престолот.[3] Пролетта 1502, сепак Јоаким бил симнат од престолот од страна на султанот Бајазит II кога се открило дека Јоаким наредил да се гради христијанска црква од камења без негова дозвола.[3]
Откако Јоаким бил депозициониран, новиот патријарх бил повторно Нифонт II, кој сепак одбил да прифати. Тогаш владетелите на Влашка ја пренасочиле поддршката кон идниот патријарх Пахомиј I, кој бил избран во почетокот на 1503 година и владеел околу една година, сè до почетокот на 1504[4] кога пријателите на Јоаким собрале 3500 златници за да го вратат на престолот (500 златници повеќе од вообичаениот надоместок кој се плаќал на султанот за патријаршиско назначување).[3]
Втората патријаршија на Јоаким траела само неколку месеци: кратко по избирањето, Јоаким отпатувал на северот со обид да ги поврати пријателските односи со неговите политички непријатели, но и двајцата Раду IV Велики од Влашка и Богдан III Едноокиот од Молдавија одбиле да се помират со него.[5] Јоаким починал во 1504 година[6] за време на неговиот престој во Влашка, Трговиште или во Дриста и бил наследен повторно од Пахомиј I.
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ B.G.Niebuhr, I.Bekker, уред. (1849) [1584]. „Historia Politica et Patriarchica Constantinopoleos“. Corpus scriptorum historiae byzantinae, Volume 49. Bonn. стр. 135–141.(латински)
- ↑ 2,0 2,1 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 196, 198. ISBN 978-0-521-31310-0.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 R. Janin (1956). „Costantinople, Patriarcat grec“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques. 13. Paris: Letouzey et Ané. 676.
- ↑ „Joachim I“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 16 August 2011.
- ↑ Iorga, Nicolae. Byzance après Byzance. стр. 85. ISBN 2-7158-0913-1.
- ↑ Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 37. ISBN 978-1-4344-5876-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Historia politica et patriarchica Constantinopoleos, Cap XIV: P. Ioachimus, (trans. Martin Crusius, 1584) Primary source. (грчки) and (латински)
|