Несториј Цариградски
Несториј Цариградски Πατριάρχης Νεστόριος | |
---|---|
Цариградски патријарси | |
Црква | Константинополска црква |
Ракоположен | 426 |
Службата завршила | 427 |
Претходник | Сисиниј |
Наследник | Максимијан |
Лични податоци | |
Занимање | Цариградски патријарх |
Несториј Цариградски или Нестор (починал околу 451) — цариградски патријарх од 428 до 431 година.
Според него е наречено еретичкото движење несторијанство. Во годините пред Ефескиот вселенски собор клучна фигура претставувал Несториј кој, во својство на цариградски архијереј (428), во литургиските беседи ги вклучувал и оние за Марија Човекородица велејќи притоа дека преку нив тој само ја артикулирал нејзината перцепцијата кај паствата[1].
Според него, никаде во Светото Писмо таа не се нарекувала Богородица, и никаде во Светото Писмо не станувало збор за доењето, што било делумно точно бидејќи во Евагелието по Лука (11:27) една жена му вели на Христа: “Блажена нека е утробата што те носела и градите што те доеле”. Во својот антропоцентричен пристап Несториј зборува за две Христови компоненти: природа (ousia) и појавност/персоналност (upostasiV). Тој на Првиот ефески собор (431), поддржан од својот истомисленик Јован Антиохиски, жестоко спорел со противниците, предводени од Свети Кирил Александриски и Прокло Кирикски (Мисиски), подоцна назначен за цариградски владика. Епилогот на диспутот била анатемата на Несториј и неговото учење и исклучувањето на источните епархии на Сирската црква од екуменската целост[2]. Токму во ова време, Свети Кирил Александриски станал осведочен востановувач на доктрината за Богородичиното безгрешно зачетие запишана во неговите омилии “За опонентското кредо на Несториј[3]”
Така, на крајот од Ефескиот вселенски собор било решено во корист на Свети Кирил Александриски, а самиот Несториј бил осуден[4] Во наредните месеци биле сменети околу 17 епископи кои го поддржувале Несториј. Под притисок на царот, Јован I Антиохиски го напуштил Несториј во март 433 година. На 3 август 435 година, византискиот цар Теодосиј II издал едикт според кој Несториј бил прогонет во манастир во Египет. Тој таму останал да живее до неговата смрт во 451 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Несториј во одбрана на своите тези се повикувал на мислието на сириските поети Исак од Антиохија и Јаков од Батна, и на беседите на епископите св. Атанасиј Александриски и св. Јован Златоуст, cf. Ι. Καμιρη, Ταδογματικακαι συμβολικα μνημεια της Ορθοδοξου καθολοκης εκκλησιας I, Αθηναι 1960, 53-54, 64, 148-150; A. JeftiÊ, Vaseqenski sabori i `ivo predawe crkve, Bogoslovqe 1-2, Kragujevac 1973, 43-79; Ch. Walter, L’iconographie des Conciles dans la tradition byzantine, Paris 1970, 268-273 (за антропотоколошкото мислие на Несториј).
- ↑ Овие епархии подолго време пред Соборот биле оценети како дисидентски и шизматични, обременети со ереси. Тие по Соборот се обединиле во еднствена црковна целина, најчесто нарекувана Асирска црква на Западот или Сириска црква на Персија, чијшто легендарен основач е апостолот Тома и чиишто догматски премиси се втемелени на Псевдоевангелието по Тома. Денес таа е под формална управа на Ватикан, cf. Mor-Clemis E. Kaplan, The Syrian Orthodox Church of Antioch: A Brief Introduction, 1996 (cf. http://sor.cua.edu/History/index.html).
- ↑ Cf. E. Ferguson, op. cit., 687-693. Екстракти од синодските акти и епистоли од св. Кирил Александриски до Несториј: http://www.newadvent.org/fathers/3810.htm.
- ↑ www.poa-info.org
|