Јовица Михајловски
Јовица Михајловски | ||
Роден | 12 јуни 1955 Битола, Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогите во: Соба со пијано Јас сум од Титов Велес Самоуништување Викенд на мртовци Среќна нова '49 Бушава азбука Солунски патрдии Театарче лево ќоше Тетовирање Ангели на отпад | |
Занимање | глумец | |
Роднини | Горан Михајловски (брат) |
Јовица Михајловски (роден на 12 јуни 1955 во Битола) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Живот и дело
[уреди | уреди извор]Јовица Михајловски е роден во 1955 година во Битола. Веднаш по завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1981 г.) се вработил во Драмскиот Театар (1983 г.), учествувајќи во проекти на Детската и Малата сцена, како и во претстави реализирани на т.н. Голема сцена. Тој имал претстави и во Македонски народен театар - Скопје. Во 2022 година се пензионирал во Драмски театар - Скопје
Михајловски настапувал во претставите: во Драмски театар - Скопје Сомнително лице од Б.Нушиќ (Ѓока), Дупло дно од Горан Стефановски (Јаков II), Солунски патрдии од М.Попоски (Кире), Крвави свадби од Лорка (Младичот), Долго патување во ноќта од О’Нил (Џејмс Тајрон), Грев или шприцер од С.Насев (Јоцо), Харем од С.Насев (Топуз Паша), Изгубени Германци од Слободан Унковски во продукција на Македонски народен театар - Скопје и многу други. Освен тоа има настапувано и во поголем број сценски реализации за најмладите, во радиотелевизиски драми, серии и слично.
Играл во над 30 играни филмови и 17 телевизиски серии. Остварил значајни улоги како: (Боле змија) во Тетовирање, (Кунплуг) во Самоуништување, (Ноне) во Викенд на мртовци, (Непознатиот) До балчак (Петар) во Ефектот на Среќа. Играл и во сериите: Илинден, Бушава азбука, Солунски патрдии, Тврдокорни, Од денес за утре, Преспав, Црвениот поет.
Театарски претстави
- Ѓока — Сомнително лице од Бранислав Нушиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1981;
- Свршеникот — Крвави свадби од Федерико Гарсија, р. Крум Стојанов, Драмски театар - Скопје 1981;
- Капетан Џон Пиплфокс — Џон Пиплфокс од Мирослав Беловиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1981;
- Втор војник — Еригон од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1982;
- Јаков — Дупло дно од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Капетан Џон Пиплфокс — Џон Пиплфокс од Душан Радовиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Гери — Хаос зад кулите од Мајл Фрејн, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1985;
- Тетовирани души од Горан Стефановски, Паоло Маџели, Драмски театар - Скопје 1985;
- Ноне — Викенд мртовци од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Херувим — Зојкиниот стан од Михаил Афанасиевич, р. Стојан Стојаноски, Драмски театар - Скопје 1986;
- Димитар — Керубин 2096 од Славко Јаневски, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1986;
- Лезендер — Смртта на Дантон од Георг Бихнер, р. Петар Вечек, Драмски театар - Скопје 1987;
- Бредли — Закопното дете од Сем Шепарт, р. Вилијам Вудман, Драмски театар - Скопје 1987;
- Берберот — Стапица од Тадеуш Ружевич, р. Богдан Хусаковски, Драмски театар - Скопје 1987;
- Теа Крај — Клаустрофобична комедија од Душан Ковачевиќ, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1988;
- Џејмс Тајрон — Долго патување во ноќта од Јуџин Онил, р. Петриша Хамарстром, Драмски театар - Скопје 1988;
- Крал Ричард — Лица и опачина од Јордан Радичков, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1989;
- Марко — Кула Вавилонска од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1990;
- Чкембар — Чија си од Сашко Насев, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1991;
- Чочолина — Женски оркестар од Жан Ануј, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1991;
- Таткото — Чернодрински се враќа дома од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1992;
- Перо — Грев или шприцер од Горан Стефановски, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1992;
- Астолфо — Животот е сон од Педро Калдерон, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1993;
- Топуз паша — Харем од Сашко Насев, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1994;
- Хамлет од Вилијам Шекспир, р. Владо Цветановски, Драмски театар - Скопје 1998;
- Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 2001;
- Војцек од Георг Бихнер, р. Бора Драшковиќ, Драмски театар - Скопје 2002;
- Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан, р. Мето Јовановски, Драмски театар - Скопје 2004;
- Киро — Лет во место од Горан Стефановски, р. Љупчо Ѓоргиевски, Драмски театар - Скопје 2005;
- Лаки — Друга страна од Дејан Дуковски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 2005;
- Црнила 005 од Коле Чашуле, р. Слободан Унковски, Македонски народен театар 2006;
- Демонот од Дебар маало од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 2006;
- Ѓоре — Празен град од Дејан Дуковски, р. Бојан Трифуновски, Македонски народен театар 2008;
- Понтиј — Свето срце од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, Македонски народен театар 2009;
- Бењамин — Изгубени Германци од Дејан Дуковски, р. Слободан Унковски, Македонски народен театар 2013;
- Симон — Буре барут од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје 2016;
- Шајлок — Венецијанскиот трговец од Вилијам Шекспир, р. Наташа Поплавска, Драмски театар - Скопје 2017;
- Таткото — Дух од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, Народен театар Охрид 2021;
- Така зборуваше Гертруда од Миа Николоска, р. Ангелчо Илиевски, Драмски театар - Скопје 2022.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Филмографија на глумецот Јовица Михајловски | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1950-ти▲ | |||
1955 | Волчја ноќ ТВ-филм | / | |
1980-ти▲ | |||
1982 | Илинден ТВ серија | Гино | |
1984 | Опасни траг ТВ-филм | / | |
1984 | Белото циганче ТВ-серија | / | |
1985 | На наш начин ТВ-серија | / | |
1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | Лука | |
1985-1986 | Крале Марко јунак стана ТВ-серија | Турчин | |
1985 | Дупло дно ТВ-филм | Јаков Ии | |
1985 | Бушава азбука ТВ-серија | Ќелавиот | |
1985 | Тетовирани души ТВ-филм | ||
1986 | Среќна Нова ’49 ТВ-филм | / | |
1986 | Солунски патрдии ТВ-серија | Цире | |
1986-1989 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1987 | Трето доба ТВ-серија | / | |
1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | Спанецот | |
1987 | Театарче лево ќоше ТВ-филм | / | |
1988 | Викенд на мртовци ТВ-серија | Ноне | |
1988-1991 | Тврдокорни ТВ-серија | ||
1989-1993 | Еурека ТВ-серија | Бечеролд | |
1990-ти▲ | |||
1990 | Викенд на мртовци ТВ-филм | Ноне | |
1991 | Женски оркестар ТВ-филм | ||
1991 | Тетовирање ТВ-филм | Боле Змија | |
1992 | Чернодрински се враќа дома ТВ-филм | ||
1992 | Време, живот ТВ-филм | Клапер | |
1992 | Хераклеја по вторпат ТВ-филм | / | |
1993 | Светлосиво ТВ-филм | Цветко (сегмент "Вондерфул Ворлд") | |
1993 | Грев или шприцер ТВ-филм | Бугар | |
1994 | Пред дождот ТВ-филм | ||
1994-1995 | Бумбари ТВ-серија | Жиле | |
1995 | Ангели на отпад ТВ-филм | Милиционерот | |
1996 | Самоуништување ТВ-филм | Кумплунг | |
1997 | Интихарин ел китаби ТВ-филм | / | |
1999 | Време, живот ТВ-филм | ||
2000-ти▲ | |||
2003 | Волци ТВ-филм | Борко | |
2004 | Сакам да бидам кошаркар ТВ-серија | Лазе Темелков | |
2005 | Обични луѓе ТВ-серија | Мандра | |
2005 | Остани исправен Краток филм | / | |
2006 | Стрмоглави ТВ-филм | Јане | |
2006 | Пусто турско ТВ-филм | ||
2006 | Американецот ТВ-филм | / | |
2007 | Превртено ТВ-филм | Шефот | |
2007 | Јас сум од Титов Велес ТВ-филм | Доктор | |
2010-ти▲ | |||
2010 | Шесто чуло ТВ-серија | Професор Тодоров | |
2010 2011 | Од денес за утре ТВ-серија | Ал Капоне | |
2011 | Панкот не е мртов ТВ-филм | Гуру | |
2011 | Ова не е Американски филм ТВ-филм | ||
2012 | Скопје ремикс ТВ-филм | / | |
2012 | Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава ТВ-филм | ||
2013 | Соба со пијано ТВ-филм | Манагер | |
2013 | Изгубени Германци ТВ-филм | Бењамин | |
2014 | До балчак ТВ-филм | Непознатиот | |
2017 | Фамилијата Марковски ТВ-серија | Драган | |
2016-2019 | Преспав ТВ-серија | Археолог Славе/Историчарот | |
2019 | Вера ТВ-филм | Живко | |
2019 | Ефектот на Среќа ТВ-филм | Петар | |
2020.- те▲ | |||
2020 | Хомо ТВ-филм | Богатин | |
2022 | Куќен притвор ТВ-серија | Адвокат Кољо | |
2024 | Црвениот поет ТВ-серија | Обвинителот |
Награди, признанија и дела
[уреди | уреди извор]Награда од ревијата Екран, за улогата на Кумплунг во играниот филм Самоуништување, 1997 година, награда намеѓународниот фестивал на мали сцени во Риека, Хрватска, за најдобро гостварување, односно за најдобра машка улога Лаки во претставата Другата страна -2005 година, добитник на наградата за најдобра машка улога на фестивалот Војдан Чернодрински за улогата Шајлок во претставта Венецијанскиот трговец 2017 година, добитник на наградата од ДФРМ, Златна рамка, за особен придонес во македонскиот филм, 2021 година.
Во 2024 година, ја добива државната Награда „11 Октомври“ за животно дело.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „11 ОКТОМВРИ" 2024“. Собрание. Посетено на 18 октомври 2024.
Литература
[уреди | уреди извор]- Книгата Досие на Драмски Театар-Биографија за Михајловски Јовица
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јовица Михајловски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)