Прејди на содржината

Јозеф Торак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Професор Јозеф Торак, Фриц Ерлер, 1939 г.
Склулптурата „Роден крај“ (1928), сега сместена во Шарлотенбург (Берлин)
Споменик на Турската војна за независност во Анкара (1934)

Јозеф Торак (германски: Josef Thorak; 7 февруари 1889, Салцбург - 26 февруари 1952, Хартмансберг, Баварија) — австриско-германски вајар.

Во 1922 г. Торак се истакнал со споменикот „Воин како умира“ (Der sterbende Krieger), во чест на жителите на Штолпминде (Устка) загинати во Првата светска војна.

Во 1933 г. заедно со колегата Арно Брекер, Торак станува државен вајар на Третиот Рајх.[1] Во студиото кај Минхен, изработувал скулптури што требале да го претставуваат битот на германскиот народ под нацистичко раководство. Овие дела биле предвидени да изгледаат херојски, и затоа достигнувале 20 метри во висина. Меѓу неговите јавни ангажмани во овој период се вбројува и низата склуптури за берлинскиот олимписки стадион во 1936 г.

Торак бил прочуен по неговите „чудовишно големи споменици“. Еднаш имал посетител во студиото, кој го запрашал помошникот каде е мајсторот, на што овој одговорил: „Горе, во левото уво на коњот“. [2]

Алберт Шпер се искажувал за Торак како „горе-долу ,мој’ вајар, кој честопати изработува скулптури и релјефи за моите зданија“ и „творец на скулптурната група во германскиот павилјон на Светскиот саем во Париз“. [3] Пред павилјнот стоело неговото дело „Побратимство“, на кое се прикажани двајца голи мажи како се држат за рака, стоејќи еден до друг во решителна поза на одбрана и расно другарство.[4]

Поради тоа што милувал да прави неокласични скулптури на мускулести голи тела, некои го нарекувале „Професор Торакс“[5]. Во неговиот неокласичен стил се забележува и извесно експресионистичко влијание.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Уметност: Поголемо од животот Архивирано на 24 јуни 2013 г.“ - Time (англиски)
  2. Rhodes, Anthony, "Propaganda: The Art of Persuasion: World War II", Chelsea House Publishers, New York, 1976, стр. 28
  3. Speer, Albert, Spandau: the Secret Diaries’’, Macmillan Publishing Co., Inc. New York, 1976, стр. 261
  4. Richard Overy, The Dictators: Hitler's Germany, Stalin's Russia, стр. 260 ISBN 0-393-02030-4
  5. торакс = граден кош

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]