Џејмс Мид
Неокејнзијанска економија | |
---|---|
Роден | 23 јуни 1907 Свониџ, Англија |
Починал | 22 декември 1995 Кембриџ, Англија | (возр. 88)
Националност | Британец |
Установа | Лондонска економска школа |
Поле | макроекономија |
Алма матер | Колеџ Ориел Колеџ Крист Колеџ Малверн |
Влијанија од | Џон Мајнард Кејнс |
Влијаел врз | Пол Кругман, Ричард Стон, Дејвид Винс, Ентони Барнс Аткинсон |
Придонеси | Теорија на меѓународната трговија и меѓународните движења на капиталот |
Награди | Нобелова награда за економија (1977) |
Информации на IDEAS/RePEc |
Џејмс Едвард Мид CB, FBA (англиски: James Edward Meade; 23 јуни 1907 — 22 декември 1995) — британски економист и добитник на Нобеловата награда за економија во 1977 година, заедно со шведскиот економист Бертил Олин „за нивниот придонес кон теоријата на меѓународната трговија и меѓународниот биланс на плаќање“.
Роден во Свониџ, Дорсет. Се образувал на колеџот Малверн и го посетувал колеџот Ориел во Оксфорд во 1926 година на класичната катедрала, но се префрлил на филозофија, политика и економија. Неговиот интерес за економијата произлегол од завршната година на колеџите Крист и Тринити во Кембриџ (1930–31), каде имал чести дискусии со водечките економисти во тоа време, како Денис Робертсон и Џон Мајнард Кејнс.
По работата во Лигата на народите и во владата, бил водечки економист во првите години на владата на Атли, пред да стане професор на Лондонската економска школа (1947–57) и Кембриџ (1957–67).
Ран живот и образование
[уреди | уреди извор]Мид се преселил во градот Бат, Сомерсет, во југозападна Англија. Го посетувал училиштето Ламбрук во Беркшир од 1917 до 1921 година, каде неговото образование се насочило кон грчкиот и латинскиот јазик. За време на колеџот Ориел, Оксфорд, Мид кон крајот на втората година на класичните студии се префрлил на филозофија, политика и економија, што било нов концепт во тоа време, кој започнал во 1921 година. Интересот за економија на Мид растел поради повеќе причини.
Ја сметал големата невработеност во Обединетото Кралство во меѓувоениот период како закана и општествено зло. Неговата поврзаност со мајорот Клифорд Даглас, со кого се запознал преку неговата тетка, му помогнала да дојде со лек за ова зло.
Во 1930 година, Мид бил избран за член на колеџот Хартфорд, Оксфорд. Тука добил можност да го продолжи изучувањето на економијата како магистрант. Во 1930–31 година, Мид се приклучил на колеџот Тринити, Кембриџ, откако бил поканет од Денис Робертсон, со кого се сретнал преку неговата тетка.
Додека бил во Кембриџ, Мид станал близок пријател со Ричард Кан, Пјеро Срафа, Џоан Робинсон и Остин Робинсон, кои го создале Кембриџскиот окружок за економска дискусија. Заедно започнале да зборуваат за работата на Кејнс со име Расправа на парите. Секој викенд, Кејнс бил присутен и бил информиран за дискусијата на окружокот. Исто така, дискутирале теории со Кејнс во собата на Кејнс на колеџот Кинг.
Кариера
[уреди | уреди извор]Мид станал предавач на колеџот Хартфорд, Оксфорд, во 1931 година и продолжил до 1937 година. Мид заедно со младите ентузијасти како Рој Харод, Хенри Фелпс Браун, Чарли Хич, Роберт Хал, Линдли Фрејзер, Морис Ален и Ерик Харгривс, кој бил нивен постар тутор на колеџот Ориел, го започнале конџептот на предавање економија како редовен предмет, кој бил релативно нов на Оксфорд. Мид бил назначен да го предава целиот предмет за економската теорија. Мид особено го интересирале економијата за масовната невработеност и меѓународната трговија. Во тоа време, Оксфорд имал силни врски со Лигата на народите преку Гилберт Мари како претседател и Маргарет Вилсон како секретар, која на крајот ќе се омажи за Мид. Мид станал член на економскиот дел на Лигата на народите во Женева во 1937 година. Работел како главен уредник на списанието World Economic Survey и ги објавил 17. и 18. издание.
Во април 1940 година, Мид бил присилен да ја напушти Женева во Англија со неговото семејство, жената и трите деца, поради војната. Станал член на економскиот дел на воениот секретаријат во Англија и останал до 1947 година издигнувајќи на местото директор во 1946 година. На Мид му се приклучиле Лајонел Робинс и Кејнс и заедно ги решавале секојдневните економски проблеми од системот за сооднос до ценовната политиката на компаниите. Мид станал професор по трговија на Лондонската економска школа во 1947 година, каде економската катедра била предводена од Лајонел Робинс. Додека бил во Оксфорд, Мид напишал кратка книга со наслов „Вовед во економската анализа и политика“. Мид верувал дека било време повторно да ја напише книгата додека предавал меѓународна економија. Полека прераснала во две книги на Мид, „Платен биланс“ (1951) и „Трговија и благосостојба“ (1955).
Првото издание на „Платен биланс“ го изнел фактот дека за секоја од целите на политиката, владата мора да има алатка за спроведување. Второто издание на „Трговија и благосостојба“ говорело за условите под кои слободната трговија ја прави државата подобра и условите под кои не. Мид заклучил дека, спротивно на претходните верувања, ако земја веќе штити еден од нејзините пазари од меѓународната конкуренција, понатамошната заштита на друг пазар може да биде „втор најдобар“. Тоа е, иако идеално е да бидат отстранети сите трговски пречки, ако поради некоја причина ова не е возможно, тогаш додавањето на одбрана доза на протекционизам може да ја подобри економската благосостојба на земјата.
Двете книги му одзеле една деценија да ги заврши, меѓутоа според него сè уште не го покривале целото поле на меѓународната економска политика, бидејќи посветил малку внимание на проблемот на меѓународните аспекти на економскиот раст или динамичната рамнотежа. И покрај неговите зборови, Мид ја поделил Нобеловата награда за економија заедно со Бертил Олин во 1977 година.
Во 1957 година, Мид се преселил од Лондон на местото претседавач на катедрата за политичка економија во Кембриџ, кое го држел до 1967 година кога се откажал за да стане постар истражувач на колеџот Крист во Кембриџ. Мид го напуштил местото поради пензионирање во 1974 година. За ова време, Мид започнал да мисли да напише едно или две изданија на домашните аспекти на економската теорија и политика. Успешно напишал четири поглавја во низа наречена „Стационарна економија“, „Растечка економија“, „Контролирана економија“ и „Само економија“. Дури и по четирите изданија, Мид сè уште мислел дека е само на почеток. Верувал дека границите на знаењето, кога станува збор за економијата, постојано се шират со таква брзина, што е невозможно да воспоставиш јасно засновано разбирање на целата област и неговите растечки делови.
Во 1974 година, Мид станал претседавач на комитетот на Институтот за фискални студии за истражување на градбата за директно оданочување во Обединетото Кралство. Комитетот се состои од бројни економски теористи и водечки практичари во даночното право, сметководството и администрацијата.
Во 1976 година добил почесен докторот од Универзитетот Бат.[1]
Мид умрел на 22 декември 1995 година во Кембриџ.
Моделот на економски раст на Мид
[уреди | уреди извор]Основни претпоставки на моделот на Мид:
- (1) Економијата е затворена економија без врски со надворешниот свет.
- (2) Не постои владина активност за оданочување и трошоци.
- (3) Постои совршена конкуренција на пазарот.
- (4) Постојаните доходо преовладуваат во оваа економија.
- (5) Постојат само две добра — потрошувачко добро и капитално добро.
- (6) Постои целосна употреба на земјата, трудот и опремата.
- (7) Сите машини се слични и соодносот на трудот за машина е лесно пресметлив, оттука постои совршена растегливост на машините.
- (8) Постои совршена замена помеѓу капиталните добра, потрошувачките добра и залихата на машини, без разлика колку се стари или нови, одреден процент се заменува секоја година.
Детерминанти на стапката на економски раст
[уреди | уреди извор]Според горенаведените претпоставки, нетопроизводот произведен од економијата зависи од следниве четири работи:
- (1) Износот на постоечка залихи на машини во економијата
- (2) Износот на труд за производство
- (3) Износото на земја или природни ресурси достапни за производство во економијата
- (4) Технолошкиот напредок во економијата кој се очекува да се подобри со време
Оттука произведствената функција за економија би била дадена со:
Каде:
нетопроизвод или нетореален доход постоечка залиха на машини износ на труд износ на земја време
Времето е пресметано бидеќи со тек на време производствоот ќе се зголеми без зголемувања во , или . Зголемување во со време (означено со ) може да се случи на три начини. Најпрвин, залихата на машини може да се зголеми ако општеството започне да штеди дел од својот доход преку акумулирање на реален капитал. Ако зголемувањето во залихите на капитал се случи за една година е означена со , производот ќе се зголеми за каде го означува маргиналниот нето-физички производ од машина.
Второ, , работното население, може да расте. Ако означува зголемување на износот на продуктивноста на трудот вработена во една година и го мери маргиналниот производ на трудот, производот ќе расте во таа година за .
На крај, нетопроизводот може да се зголеми, ако постои зголемување во техничкиот напредок (оттука зголемување на ефикасноста). Вкупното зголемување во нетопроизводот поради техничкиот напредок е дадено со . Оттука, вкупното зголемување во нетопроизводот за една година е збир на три влијанија. Комбирајќи ги се добива равенството:
Делејќи ги обете страни со , добиваме:
Или,
(Прво равенство)
Тука е годишна пропорционална стапка на раст на нетопроизводот, годишна пропорционална стапка на раст на залихите на машини, годишна пропорционална стапка на раст на продуктивноста на вработеното население и годишна пропорционална стапка на раст на нетопроизводот поради зголемување на техничкиот напредок.
Мид ги означил овие четири пропорционални стапки на раст како и соодветно. е пропорција на нетонационалниот доход кој ќе биде исплатен како нетопрофити (кој обезбедува сопствениците на машините да добијат еднаква награда на вредноста на нетомаргиналниот производ од машината). Мид го означил ова како и го нарекол „пропорционален маргинален производ на машината“. Под претпоставка за постојани доходи, тоа е еднакво на пропорцијата на националниот доход добиен како профит. Слично претставува пропорционален маргинален производ на труд и е еднаков на пропорцијата на нетонационалниот доход кој ќе биде исплатен како плати во услови на постојани доходи. Мид го означил ова како . Оттука првото равенство може да биде запишано како:
(второ равенство)
Ова покажува дека стапката на раст на нетопроизводот е збир на трите други стапки на раст, збир на стапката на раст на залихите на машини собрана со маргиналната важност на машините во производството, на пр., во конкурентна рамнотежа преку сооднос на националниот доход оди како профити плус стапката на раст на население собрана со маргинална важност на трудот во производството или во конкурентна рамнотежа преку соодност на националниот доход оди како плати плус стапката на раст на техничкиот напредок . Оттука, второто равенство може да биде запишано како:
(трето равенство)
Бидејќи е разликата помеѓу стапката на раст на вкупниот производ и стапката на раст на работното население може да се измери стапката на раст на реалниот доход по жител. На пример, ако вкупниот реален доход се зголемува за 10 проценти секоја година, но работното население расте за 8 проценти по година, доходот по жител расте за околу 2 проценти по година.
Третото равенство покажува дека стапката на раст на реалниот доход по жител (y – l) — производ на три фактори.
Најпрвин расте поради стапката на раст во реалниот капитал собрана преку нејзиниот пропорционален маргинален производ или пропорцијата на нетонационалниот доход, кој ќе биде платен минус профитите во конкурентна рамнотежа . Второ се намалува од стапката на растот на работното население собрана како еден минус пропорционалниот маргинален производ на трудот . На крај расте од износот на технологија во економијата .
Елементот во третото равенство може да се запише и како бидејќи стапката на раст на залихите на машини е каде е соодносот на нетонационалниот доход кој е заштеден. Затоа имаме што изразува иста работи во трите форми, дека придонесот кој го прави акумулацијата на капитал кон стапкта на раст на крајниот производ. Оттука, основната врска помеѓу стапката на раст на реалниот доход по жител и нејзините три основни детерминанти може да бидат изразени како:
Мид ја објаснил примената на овие равенства преку едноставен пример.
Претпоставете дека луѓето штедат една десетина од нивниот доход со што и дека маргиналниот производ на реалните капитални добра или стапката на профит на пазарот е 5 проценти годишно. Оттука проценти по година. Придонесот на акумулацијата на капитал кон растот на производот, ќе биде една десетина на 5 проценти годишно. Оттука пола процент годишно. Објаснувањето на ова е, од годишен доход од 1000, ако луѓето штедат 100 единици и ако додавањето на 100 единици на залихите на машини го зголемува годишниот производ секоја една година за 5 единици, тогаш првичниот годишен доход од 1000 ќе се зголемува за годишната акумулација на капитал на 1005 или за половина процент во годината. Претпоставувајќи дека годишниот доход е 1000 и дека првичните залихи на машини се 2000 и .
Слично, истата работа може да биде изразена велејќи дека износот на машини ќе се зголеми од 1000 на 2100 или за 5 проценти годишно. Тогаш и по година.
Така, придонесот на акумулацијата на капитал на стапката на раст на завршниот производ била една десетина од 5 проценти секоја година или половина процент годишно.
Критичка оцена на теоријата на раст на Мид
[уреди | уреди извор]Теоријата на раст од Мид е неокласична по прирда. Едноставна е и привлечна бидејќи ветува држава со силен економски раст. Меѓутоа страда од неколку маани:
Најпрвин, за да постои силна држава со економски раст, технолошкиот напредок треба да го присвојува целиот труд. Ова е специјален случај во неутралниот технолошки процес на Харод. Меѓутоа, ова не постои во моделот.
Второ, неокласичниот механизам на прилагодување зависи од флексибилноста на цените. Но, ако тие не се флексибилни се појавуваат многу тешкотии. На пример, во кејнзијанската стапица на ликвидност, каматата може да падне под минималната, спречувајќи го соодносот на капитал да биде доволно висок за да се постигне растечка рамнотежа.
Трето, не постои спомнување на инвестициската функција. Се претпоставува дека е целосно одредена од заштедите. Оттука претприемачките очекувања за иднината не се земени во обзир.
Четврто, во неокласичните модели, капиталот се претпоставува дека е хомоген и растеглив. Оваа претпоставка е нереална, но и без тоа, станува многу тешко да се стигне до фазата на брз раст.
На крај, технолошкиот напредок се смета дека е целосно егзоген, што повторно е целосно нереално.
Сумирано, неокласичниот модел на раст на Мид е заснован на одредени ограничувачки и нереални претпоставки. Оттука, примената на овој модел во случајот на неразвиените земји е скоро невозможно бидејќи претпоставките за совршена конкуренција, целосна вработеност и целосна искористеност на машините и постојаните доходи не влегуваат во нивните економски состојби.
Други придонеси
[уреди | уреди извор]Професорот Мид направил други придонеси кон економијата. На пример, покажал дека работните задруги не треба да одговорат неефикасно на растот на цените дури и во теорија.[2]
Објавени трудови
[уреди | уреди извор]Негови книги се следниве:
- The Theory of International Economic Policy – The Balance of Payments (1951)
- The Theory of International Economic Policy – Trade and Welfare (1955)
- Principles of Political Economy (1965–76)
- The Intelligent Radical's Guide To Economic Policy (1975)
- Liberty, Equality and Efficiency (1993)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Honorary Graduates 1966 to 1988 – University of Bath“. Архивирано од изворникот на 2016-05-25. Посетено на 2015-03-08.
- ↑ "Perverse" market responses, known as the "Ward effect," need not hold if a cooperative allows simple inegalitarian features when allotting shares to new-joining members: James Meade, "The Theory of Labour Managed Firms and of Profit Sharing," Economic Journal 82, 325 (Supplement, March 1972): 402–428.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Посмртница, The Independent
- Посмртница, The New York Times
- „Придонес кон теоријата за меѓународната трговија и меѓународните движења на капиталот“ на Семрежниот архив (англиски)
- Кратко автобиографија
- Каталог на трудовите на Мид
- Џејмс Едвард Мид (1907–1995). The Concise Encyclopedia of Economics. Library of Economics and Liberty (2.. изд.). Liberty Fund. 2008.
|