Прејди на содржината

Даниел Канеман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Даниел Кенман во 2009

Даниел Канеман (хебрејски: דניאל כהנמן, англиски: Daniel Kahneman; 5 март 193427 март 2024) — израелски и американски научник, психолог и економиста кој со своите истражувања има дадено значителен придонес во областа на когнитивната психологија, во истражувањата на човековото расудување, во психологијата на хедонизмот и економијата. Добитник е на Нобеловата награда за економија.

Заедно со Амос Тверски ги има дефинирано когнитивните пристрасности кои произлегуваат од начините на кои луѓето ги донесуваат одлуките.

Во 2011 година од страна на американскиот магазин Forbs Policy е именуван во списокот на најзначајни мислители на светот.[1] Исто така, во текот на 2011 година ја издава и книгата „Размислување, брзо и бавно“ (назив на оригиналот: „Thinking, Fast and Slow“) во која, на научно-популарен начин се сумирани резултатите од неговите истражувања.[2] Во 2015 година од страна на списанието The Economist Канеман е прогласен за седми најзначаен економист во светот.[3]

Рана младост

[уреди | уреди извор]

Академска кариера

[уреди | уреди извор]

Когнитивна психологија

[уреди | уреди извор]

Канеман ја започнал својата академска кариера како предавач по психологија на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим во 1961 година.[4] Тој бил унапреден во виш предавач во 1966 година. Неговата работа во овој период се фокусира на визуелната перцепција и вниманието. Во овој период, Канеман е гостин-научник на Универзитетот во Мичиген (1965–66) и на Applied Psychology Research Unit in Cambridge (1968/1969, во текот на летата). Тој бил соработник во Центарот за когнитивни студии и предавач по когнитивна психологија на Универзитетот Харвард во 1966/1967 година.[4]

Расудување и одлучување

[уреди | уреди извор]

Овој период го означува почетокот на долгата соработка на Канеман со Амос Тверски. Заедно, Канеман и Тверски објавуваат серија значајни статии на полето на расудување и одлучување, што кулминира со објавувањето на нивната перспективна теорија во 1979 година (Kahneman & Tversky, 1979). Нобеловата награда за економија во 2002 година ја добива токму за неговата работа на перспективна теорија.

Кенман ја напушта позицијата на Хебрејскиот универзитет во 1978 година. Истата година започнува да работи на Универзитетот на Британска Колумбија (во Канада).

Бихејвиорална економија

[уреди | уреди извор]

Канеман и Тверски соработуваат во Центарот за напредни студии за бихејвиорални науки на Универзитетот Стенфорд во учебната 1977-1978 година. Надоврзувајќи се на теоријата на перспектива и делото на Канеман и Тверски, младиот економист Ричард Талер ја објавува статијата „Кон позитивна теорија на изборот на потрошувачите“ во 1980 година, труд кој Канеман го нарекува „базичен текст во економијата на однесувањето“ (види: Kahneman, 2003, стр. 438, во делот објавени книги).

Објавени книги

[уреди | уреди извор]
  • Kahneman, Daniel (1973). Attention and Effort. Prentice-Hall.
  • Kahneman, Daniel; Slovic, Paul; Tversky, Amos (1982). Judgment Under Uncertainty: Heuristics and Biases. Cambridge University Press.
  • Kahneman, Daniel; Diener, E.; Schwarz, N. (1999). Well-being: The Foundations of Hedonic Psychology. Russell Sage Foundation.
  • Kahneman, Daniel; Tversky, Amos (2000). Choices, Values and Frames. Cambridge University Press.
  • Kahneman, Daniel; Gilovich, Thomas; Griffin, Dale (2002). Heuristics and Biases: The Psychology of Intuitive Judgment. ISBN 978-0521792608.
  • Kahneman, Daniel (2011). Thinking, Fast and Slow. Farrar, Straus and Giroux. ISBN 978-0374275631. (рецензија на Фриман Дајсон in New York Review of Books, 22 December 2011, pp. 40–44.)
  • Kahneman, Daniel; Sibony, Olivier; Sunstein, Cass R. (2021). Noise: A Flaw in Human Judgment. William Collins. ISBN 978-0008308995.

Литература

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 "The FP Top 100 Global Thinkers. 71 Daniel Kahneman". foreignpolicy.com. November 28, 2011. Retrieved November 3, 2012. [1]
  2. 2,0 2,1 „The New York Times Best Seller List – December 25, 2011“ (PDF). www.hawes.com. Посетено на 2014-08-17.
  3. 3,0 3,1 „Influential economists – That ranking“. The Economist. January 2, 2015. Посетено на April 4, 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 Kahneman, Daniel (2002). „Autobiography“. nobelprize.org. Посетено на May 1, 2017.