Џонатан Кастровјехо
Кастровјехо на подиум по победата на прологот на Тур де Романди 2011 | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Џонатан Кастровјехо Николас | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 27 април 1987 Гечо, Шпанија | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,71 м | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 62 кг | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Инеос Гренадиерс | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за хронометар | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2008–2009 | Орбеја | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2010–2011 2012–2017 2018- | Еускалтел-Еускади Мовистар Тим Тим Скај | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 29 јуни 2019 |
Џонатан Кастровјехо Николас (шпански: Jonathan Castroviejo Nicolás; р. 27 април 1987 во Гечо, Баскија) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Откако возел две сезони за послабата екипа на де факто националниот баскиски состав, тој му се придружил на Еускалтел-Еускади во 2010. Првата победа како професионалец ја остварил на Тур де Романди 2011, забележувајќи најбрзо време на прологот од 3,5 километри, победувајќи го светскиот првак под 23 години Тејлор Фини за 0,27 секунди. Резултатот стигнал само еден ден по 24. роденден на Кастровјехо.[2] Неговата вештина за хронометри била релативно необична за возач од Еускалтел-Еускади, бидејќи екипата е позната за лесни возачи со мали способности на хронометрите. Меѓутоа, победата на етапата на Тур де Романди, не била целосен шок - порано во сезоната, Кастровјехо завршил осми на завршниот хронометар на Тирено-Адријатико, надминувајќи ги времињата на Густав Ларсон, Кедел Еванс и Дејвид Забриски, сите познати специјалисти за хронометри.[3] Подоцна, Кастровјехо се покажал солидно и на вториот хронометар на Тур де Романди, завршувајќи деветти на патеката од 20,1 километар, подобар од Марко Пиноти и Жан Кристоф Перо (помеѓу другите), обајцата поранешни прваци во хронометар во своите земји.[4]
Кастровјехо преминал во Мовистар Тим за сезоната 2012.[5] Ја носел водечката маичка на Вуелта а Еспања на две етапи, откако неговата екипа победила на воведниот екипен хронометар и прв поминал низ целта, но изгубил два дена подоцна од колегата Алехандро Валверде. Кастровјехо не можел да го следи пеколното темпо поставено од Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) на последното искачување на третата етапа.[6]
Во 2015 година, Кастровјехо по вторпат во својата кариера го освоил националното друмско првенство.[7]
На 17 август 2017 година било објавено дека Кастровјехо ќе се приклучи на Тим Скај од сезоната 2018.[1]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2009
- 1. Етапа 3 Тур ду Хаут Анжу
- 1. Пролог Ронд де л’Изар д’Ариеж
- 1. Етапа 5 Тур де л’Авенир
- 2010
- 1. Спринтерски пласман Волта а Каталуња
- 2011
- 1. Пролог Тур де Романди
- 1. Етапа 1 (ITT) Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
- 2. Шпанско хронометарско првенство
- 2012
- Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 1. Спринтерски пласман
- 1. Етапа 1 (TTT) Вуелта а Еспања
- 1. Бодовен пласман Вуелта а Мурсија
- 6. Краен пласман Енеко Тур
- 2013
- 1. Национално хронометарско првенство
- 8. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 2014
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- 2015
- 1. Национално хронометарско првенство
- 3. Светско првенство во екипен хронометар
- 3. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
- 4. Светско хронометарско првенство
- 1. Екипен пласман Тур де Франс
- 2016
- 1. Европско хронометарско првенство
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2. Хроно де Насионс
- Светски првенства
- 4. Олимписки хронометар
- 2017
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
- 3. Хроно де Насионс
- 7. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 7. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 3 (ITT)
- 10. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 2018
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине
- 2. Европско хронометарско првенство
- 6. Светско хронометарско првенство
- Награда за борбеност на етапа 19 на Вуелта а Еспања
- 2019
- 1. Национално хронометарско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | 57 | — | — | — | — |
Тур | — | 97 | — | 24 | — | 60 | 70 |
Вуелта | 148 | — | 65 | — | 36 | — | 100 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Castroviejo joins Team Sky from Movistar for 2018“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 17 август 2017. Посетено на 3 јануари 2018.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-romandie-upt/prologue/results
- ↑ Фаранд, Стивен. „Тирено-Адријатико 2011: Резултати & Вести“. Cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 2011-03-18. Посетено на 2012-08-19.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-romandie-upt/stage-4/results
- ↑ „Кастровјехо потврди за Мувистар“. Cycling News. Future Publishing Limited. 23 септември 2011. Посетено на 1 јануари 2012.
- ↑ „Valverde claims photo finish on Eibar“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 август 2012. Посетено на 20 август 2012.
- ↑ „Movistar sweeps Spanish time trial with Castroviejo repeating title“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 26 јуни 2015. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 27 јуни 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Џонатан Кастровјехо“ на Ризницата ? |
- Матична страница (шпански)
- Џонатан Кастровјехо на Твитер
- „Достигнувања на Џонатан Кастровјехо“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Џонатан Кастровјехо“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Џонатан Кастровјехо“. ProCycling.
|