Прејди на содржината

Австромарксизам

Од Википедија — слободната енциклопедија

Австромарксизмот е варијација на марксизмот што ја застапуваше Социјалдемократската работничка партија на Австрија во текот на последните декади на Австроунгарската монархија и на Австриската прва република (1918-1934). Австромарксистите беа леви социјалисти, односно демократски социјалисти и го претставуваа центарот во социјалистичкото движење помеѓу социјалдемократите десно од нив и комунистите лево од нив. Кога комунистите ја основаа Третата интернационала, а социјалдемократите ја обновија Втората интернационала, австромарксистите ја оформија Виенската унија (попозната како Втора и пол Интернационала) чија основна цел беше обединување на разединетото социјалистичко движење. Пред сè поради непопустливоста на комунистите, австромарксистите не успеаја во своите намери и во 1923 се приклучија кон социјалдемократската интернационала.

Водечки претставници на австромарксизмот беа: Виктор Адлер, Ото Бауер, Карл Ренер и Макс Адлер.[1]

  1. Vogelsang, Thilo, уред. (1971). Lexikon zur Geschichte und Politik im 20. Jahrhundert [Encyclopedia of history and politics in the 20th century] (германски). Deutscher Bücherbund Stuttgart. стр. 59.