Бауцен
Бауцен/Будишин
Bautzen/Budyšin | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Бауцен |
Градски единици | 15 |
Градоначалник | Кристијан Шрам (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 66,62 км2 |
Надм. височина | 204 м |
Население | 38.140 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 573 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | BZ |
Пошт. бр. | 02625 |
Повик. бр. | 03591 |
Портал | www.bautzen.de |
Местоположба на градот Бауцен/Будишин во рамките на округот Бауцен | |
Координати | 51°10′53″N 14°25′26″E / 51.18139° СГШ; 14.42389° ИГД |
Бауцен или Будишин (германски: Bautzen; горнолужички: Budyšin; долнолужички: Budyšyn; чешки: Budyšín; полски: Budziszyn) — град во источна Саксонија, Германија и административен центар на истоимениот округ. Се наоѓа на реката Шпре. Астероидот 11580 Бауцен е именуван во чест на градот.
Бауцен често се смета и како неслужбен, но историски главен град на Горна Лужица и е еден од најважните културни центри на Лужичките Срби, словенски народ.
Географија
[уреди | уреди извор]Географска положба
[уреди | уреди извор]Градот на реката Шпре се наоѓа околу 50 километри источно од Дрезден, помеѓу Лужичките Планини и низините на север, во регионот на Горна Лужица. На север се наоѓа и вештачкото езеоро Бауцен, кое било создадено во 1974. Ова било порано место на селата Малзиц (Małšecy) и Нимшиц (Hněwsecy).
Ширење на урбаната зона
[уреди | уреди извор]Стариот дел на Бауцен се наоѓа на плато над Шпре, на чиј врв е сместен замокот Ортенбург. Се граничи со градските ѕидови. Подоцнежните изградени квартови на исток од градот биле вклопени во новите градски бедеми. По нивното повлекување, градот уште повеќе се ширел на исток и на левиот брег на реката. Меѓутоа, и денес има мала урбана зона на десниот брег на реката. Во 1970-тите, развојните области „Гезунбрунен“ и „Алендфиртел“ биле проектирани. По 1990, неколку соседни села биле припоени кон него.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Градот се граничи со Радибор, Гросдубрау и Малшвиц на север, Кубшиц на исток, Гроспоствиц, Обергуриг и Добершау-Гаусиг на југ, како и Геда на запад. Сите овие припаѓаат на округот Бауцен.
Градски окрузи
[уреди | уреди извор]Во градот има 15 градски окрузи, а тие се (жители до 1 јануари 2009):
- Innenstadt (Nutřkowne město - „Центар на градот“), 5.278 жит.
- Südvorstadt (Južne Předměsto - „Јужно предградие“), 1.738 жит.
- Westvorstadt (Zapadne Předměsto - „Западно предградие“), 3.505 жит.
- Gesundbrunnen (Strowotna studnja), 8.178 жит.
- Nordostring (Sewjerowuchodny Wobkruh - „Североисточен ринг“), 10.727 жит.
- Ostvorstadt (Wuchodne Předměsto - „Источно предградие“), 6.360 жит.
- Teichnitz (Wuchodne Předměsto), 377 жит.
- Nadelwitz (Nadźankecy), 268 жит.
- Burk (Bórk), 325 жит.
- Oberkaina (Hornja Kina), 832 жит.
- Niederkaina (Delnja Kina), 522 жит.
- Stiebitz (Sćijecy), 510 жит.
- Kleinwelka (Mały Wjelkow), 1.314 жит.
- Salzenforst-Bolbritz (Słona Boršć-Bolborcy), 839 жит.
- Auritz (Wuricy), 458 жит.
Историја
[уреди | уреди извор]Во III век од нашата ера овде постоела раногерманска населба, но истражувањата во регионот покажуваат дека тој бил населен уште во доцното Камено доба.
Првиот пишан доказ за постоењето на градот бил во 1002. Во 1018, Мирот од Бауцен бил потпишан помеѓу германскиот крал Хенрик II и полскиот принц Болеслав I. Договорот предвидувал Бауцен (Budziszyn на современ полски) да остане под полско владение. Во 1033, градот поминал под Светото Римско Царство, во 1319 кон Бохемија и во 1635 кон Саксонија. Во текот на средниот век бил член на Сојузот Шест Град на горнолужичките града Герлиц, Цитау, Лебау, Каменц, Лаубан и Бауцен.
Бил едно од местата на борба во Наполеоновите војни, Битка кај Бауцен во 1813.
Во текот на Втората светска војна и нацистичка Германија, постоел подкамп на концентрациониот камп Грос-Розен во Бауцен. Ернст Телман бил затворен тука, пред да биде депортиран во Бухенвалд. Помеѓу 21 април и 30 април 1945, се водела Битката кај Бауцен.
Понатаму, Бауцен бил озогласен во Германската Демократска Република по неговите казнено-поправни установи. Бауцен 1 бил користен како официјален затвор, со прекарот Gelbes Elend („Жолта мизерија“), додека тајниот Бауцен 2 бил користен како затвор за затвореници на совеста. Бауцен 1 сè уште се користи како затвор, а Бауцен 2 е затворен и служи како споменик од 1993.
Во 2002, градот ја одбележа неговата 1000-годишница.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Бауцен е збратимен со:
- Вормс, од 1990
- Хајделберг, од 1991
- Дре, Франција, од 1992
- Јаблонец на Ниса, Чешка, од 1993
- Јелена Гура, Полска, од 1993
Главни знаменитости
[уреди | уреди извор]Бауцен имал многу компактен и добро зачуван средновековен градски центар со бројни цркви и кули и градски ѕид на стрмните брегови на реката Шпре, со еден од најстарите зачувани водоводи во Средна Европа (изграден 1558).
Поголеми знаменитости се:
- Reichenturm, една од најстрмните потпирани кули сè уште проодни кули северно од Алпите
- Замок Ортенбург
- Стариот водовод, архитектонски споменик и музеј
- Катедрала Свети Петар, единствената меѓуконфесионална црква во Источна Германија
- Hexenhaus (Куќа на вештерките), најстарата станбена зачувани зграда (изградена во 1604)
Постојат четири музеи, меѓу кои Градскиот и Лужичкосрпскиот музеј.
Луѓе
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бауцен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- Интерактивна тура низ Бауцен Архивирано на 1 јануари 2009 г.
- Градски и регионален портал на Бауцен и Горна Лужица Архивирано на 18 март 2006 г.
|