Бекирлија
Бекирлија | |
Разрушени куќи во Бекирлија | |
Координати 41°40′48″N 21°56′27″E / 41.68000° СГШ; 21.94083° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Лозово |
Население | 1 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2208 |
Шифра на КО | 24005 |
Надм. вис. | 223 м |
Бекирлија на општинската карта Атарот на Бекирлија во рамките на општината | |
Бекирлија на Ризницата |
Бекирлија (турски: Bekirli, Бекирли) — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле.
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Името на селото има турско потекло. Всушност е составено од два дела, личното име Бекир и наставката -ли, каде оваа наставка во турскиот јазик се користи за означување на нечије место. Кога сето ова би се превело на македонски јазик, би имало значење во смисол на: “место каде што живее Бекир”.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на најјужниот дел од територијата на Општина Лозово, недалеку од устието на реката Светиниколска или Азамак, во Брегалница. Селото е рамнинско, на надморска височина од 230 метри. Од патот Штип-Велес населбата е оддалечена 15,3 км, а од централното место Свети Николе 36,3 км.
Историја
[уреди | уреди извор]На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот се допира со териториите на општините Штип и Велес. Тој зафаќа простор од 16,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површината од 892,9 ха, обработливото земјиште зазема површина од 510,8 ха, а на шумите отпаѓаат 114,3 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 270 Турци.[3] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[4]
Селото е мало и во фаза на раселување, бидејќи Турците што живееле во него, во значителен број се иселиле во Турција. Во 1961 година броело 116 жители, од кои 77 биле Албанци, а шест жители Турци, додека во 1994 година имало само 15 жители, населено со турско население.
Според пописот од 2002 година, населението на Бекирлија броело 5 жители, сите Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Турчин.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 270 | — | 134 | 161 | 116 | 70 | 25 | 25 | 15 | 5 | 1 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1709 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа на селото Кишино.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Атиџе Муратова — македонска пчеларка и глумица.
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Во ова село е сниман документарниот филм Медена земја, каде освоил многу награди на европските и американските кинофестивали и бил единствениот филм на фестивалот „Санденс“ во 2019 г. што освоил три награди. Исто така, филмот бил предложен на 92-та церемонија на Оскарите во категориите за најдобар меѓународен филм и за најдобар документарен филм.[11][12] Со ова постигнување, тој е единствениот документарен филм во историјата што добил две номинации во уште една категорија, освен таа за документарни филмови. Исто така, тој е вториот македонски филм, по Пред дождот на Милчо Манчевски од 1994 година, кој бил предложен за наградата „Оскар“.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Значителен број од неговите жители се иселиле во Турција.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Разрушена стара куќа во Бекирлија
-
Куќа во Бекирлија
-
Глетка од Бекирлија
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 23.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Magleshov, Vasko. „„Медена земја" – македонски кандидат за „Оскар"“. Makfax. Посетено на 27 August 2019.
- ↑ Holdsworth, Nick. „Oscars: North Macedonia Selects 'Honeyland' for Best International Feature Category“. The Hollywood Reporter. Посетено на 27 August 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Бекирлија на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|