Ќоселари
Ќоселари | |
Координати 41°45′30″N 21°56′27″E / 41.75833° СГШ; 21.94083° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Лозово |
Население | 28 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2208 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 24039 |
Надм. вис. | 253 м. м |
Ќоселари на општинската карта Атарот на Ќоселари во рамките на општината | |
Ќоселари на Ризницата |
Ќоселари — село во Општина Лозово, неколку километри јужно од градот Свети Николе.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Ќоселари се наоѓа во Овче Поле, во централниот дел на општина Лозово, на 12 километри јужно од градот Свети Николе. Се работи за рамничарско село кое се наоѓа на надморска височина од 250 метри. Селото има атар од 22,2 квадратни километри. Најголем дел од површината се пасишта.
Историја
[уреди | уреди извор]Како и поголемиот дел од селата во Република Македонија, селото во втората половина на XX век го зафатиле процесите на миграција од село во град, со што бројот на жители драстично се намалил.
На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 20 Македонци и 210 Турци.[2] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Во селото најзастапени се полјоделството и сточарството. Обработливото земјиште зафаќа 867 хектари, пасиштата зафаќаат 1.204 хектари, додека 120 хектари се шуми.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 100 Власи.[3]
Во 1961 години бројот на жители изнесувал 413 жители. Во 1994 година, бројот на жители се намалил на 95 - 62 Македонци и 33 Власи. На пописот од 2002 година, селото имало 88 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 42 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 46 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Ќоселари има 28 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 19 |
Албанци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 8 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 1 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 450 |
1953 | 67 | — | 423 | — | 35 | — | ... | 1 | 526 |
1961 | 171 | — | — | ... | ... | — | ... | 242 | 413 |
1971 | 146 | — | 16 | — | ... | — | ... | 213 | 375 |
1981 | 141 | — | — | — | 49 | — | ... | 1 | 191 |
1991 | 72 | — | — | — | 41 | — | — | 2 | 95 |
1994 | 62 | — | — | — | 33 | 1 | — | — | 95 |
2002 | 42 | — | — | — | 46 | — | — | — | 88 |
Родови
[уреди | уреди извор]Според истражувањата од 1958 година, родови во селото
Влашки
- Доселеници: Додевци (3 к.), Бодевци (3 к.), Штерјавци (3 к.), Кранговци (3 к.), Пискуљовци (2 к.), Белевци (1 к.) и Мишевци (1 к.) доселени се во 1926 година. Пред тоа биле номади-сточари на Калин Камен кај Крива Паланка; Зурзовци (3 к.) доселени се од селото Соколарци кај Кочани; Оневци (2 к.) доселени се од селото Коњух кај Кратово; Кукуловци (1 к.) доселени се од селото Мездра; Назировци (1 к.) доселени се од Караорман кај Штип; Дебрановци (1 к.) доселени се од Зрновци кај Кочани; Џамбазовци (1 к.) и Караниковци (2 к.) доселени се од селото Липово кај Штип; Кранго (2 к.) доселени се од селото Аргулица кај Штип; Јеронда (1 к.) доселени се од селото Нивичани кај Кочани; Симовци (1 к.) доселени се од Истибања кај Кочани; Мишовци (1 к.) доселени се од селото Пишица кај Пробиштип; Тодорови (1 к.) доселени се од селото Сушево кај Штип; Борозановци (2 к.) доселени се од селото Лепопелци кај Кочани. Сите доселени од 1954 година. До 1948 година и тие биле номади-сточари на Калин Камен кај Крива Паланка.
Македонски
- Доселеници: Јашковци (3 к.), Кипријанови (1 к.) и Јаќим Ампов (1 к.) доселени се во 1954 година од селото Рајчани кај Кочани; Митко (1 к.) доселени се од селото Соколарци кај Кочани; Глигор (1 к.), Игњатови (2 к.), Станојко (1 к.) и Борис (1 к.) доселени се од селото Куново кај Кратово; Брезар (1 к.) доселени се од Горно Кратово; Игнат (1 к.) и Марко (1 к.) доселени се од Зеленград кај Пробиштип; Ѓоро (1 к.) доселени се од Кнежево кај Кратово; Филиповци (3 к.) доселени се од селото Филиповци кај Кратово.[6]
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Во Ќоселари постои: основно училиште до IV одделение, фабрички погон и услужни дејности.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1707 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Амзибегово.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[8]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археошки наоѓалишта
- Банка Трла - населба, базилика и некропола од доцноантичкото време;
- Јурутлук — населба од неолитското време;
- Крангова Бавча — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Манастир - средновековна населба и црква;
- Машатл’к — средновековна некропола;
- Над Чешма — населба од неолитското, хеленистичкото и римското време.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]До 1958 година турско население се иселило во Турција (околу 50 семејства). Тие се населиле во местото Дургут во близина на Измир.[6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 306 стр.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Ќоселари на Карти на Гугл
|