Прејди на содржината

Боботов Кук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боботов Кук
Поглед на Боботов Кук од Минин Богаз (од исток)
Највисока точка
Надм. вис.2523 м
Географија
Боботов Кук на карта

Карта

МестоЦрна Гора
Матичен венецДурмитор

Боботов Кук — највисокиот врв на планинските масиви Дурмитор, а до неодамна се сметал и за највисок врв во цела Црна Гора. Висок е 2523 метри и заедно со Безимениот врв (1487м) и Џевојком (2440м) ја дава највисоката карпа на Дурмитор, наречена Соа Небеска, што значи потпирач на небото. Соа Небјеска со својата карпа од една страна паѓа 800 метри длабочина во долината Шкрке, одностно Шкрчи езера, додека од другата страна со воздигнува до т.к. „камено море“ на долината Валовит Дол (2027м), највисоката долина во дурмиторскиот масив. Боботов кук има импресивен изглед (сеедно дали се набљудува од Валовит Дол, Жабљак, Троен превој, Зубац, Пруташа, Лучин врв, Медвед, Минин Богаз, Безимен врв, Чворов Богаз или планината Војник). Многу планини на Балканот можат да бидат видени од Боботовиот Кук, меѓу кои: Ловчен (над Јадранско Море), Копаоник, Тара и Маглиќ.