Прејди на содржината

Брош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елинистички брош од Британскиот музеј
Бронзена либурнска фибула, снимена во Археолошкиот музеј во Задар

Брош (француски: broche) — луксузна украсна игла, вид на накит. Првите украсни игли (брошеви) се користеле уште во бронзеното време и биле изработувани од бронза. Основна намена на брошот е да закачи (закопча) женски фустан околу вратот или на градите. Се изработува како игла, од благородни метали или бронза, на чиј врв може да има украс од благородни метали или од скапоцени камења.

Порано брошевите ги правеле кујунџии и ги продавале во своите работилници. Поедноставни и поевтини парчиња биле продавани на панаѓури, собири или болваци. Во поново време масовно се произведуваат од различни стакла и пластика (бижутерија).

За брош се користи и називот фибула (латински назив 'fibula е со значење „прицврсти“).

Фибулите се древни форми на брошеви. Тоа се своевидни копчиња или врски во вид на приврзок со игла, кои се користеле за запнување и врзување на облека. По изглед и техничко решение скоро се идентични со модерните сигурносни игли – „безопасни“.

Биле во употреба од најраната историја и постојат во многу изработки и облици, во зависност од историскиот период: постојат келтски, дачански, сарматски, римски, готски итн. Од средниот век ги замениле копчињата, но нивниот наследник, безопасната се користи и денес.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]