Будаково
Будаково | |
Поглед на селото | |
Координати 41°08′17″N 21°28′27″E / 41.13806° СГШ; 21.47417° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Могила |
Област | Пелагонија |
Население | 235 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7212 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02015 |
Надм. вис. | 576 м |
Слава | Велигден (за христијаните) Бајрам (за муслиманите) |
Будаково на општинската карта Атарот на Будаково во рамките на општината | |
Будаково на Ризницата |
Будаково — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Селото најпрвин запишано како Будаклар се сретнува во турски документи од 1568-69 година. Се верува дека името потекнува од личното име Будак (Будислав, Будимир) или од турскиот збор „будак“ што означува трнокоп, гранка, глужд на стебло или со метафоричко значење „тап човек“.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Пелагонија, во североисточниот дел на Битолското Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 525 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 23 километри.[3]
Будаково претставува претежно турско село, североисточно од градот Битола. Соседни села се Добрушево, Путурус, Алинци и Трап.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Серталар (Брегови), Кара-Асаница, Бурница, Тепеџик, Арап-Мезарлак или Арапски Гробишта, Алексоица, Јокари Маале, Аша Чаирлар (Долни Ливади) и Дулеица.[4]
Селото има изразено збиен тип и е поделено на два дела, турски и македонски. Турскиот крај е поголем и во него одредени делови добиле имиња по родовите.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Еден километар југозападно од селото се наоѓаат ливади („чаир“) на кои се наоѓаат бели надгробни камења. Многу од нив биле употребени во Првата светска војна.[4]
Будаково е многу старо село. Во него најпрвин живеело македонско население. Подоцна се доселиле три турски семејства, чии членови се намножиле. Околу 1890 година, селото имало 25 турски и 5 македонски куќи.[4]
Во XIX век, Будаково било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот не е многу голем и зафаќа простор од 5,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 476,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 14,7 хектари, додека шуми нема. Селото има исклучително полјоделска функција.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Будаково е село со 37 домаќинства и 160 жители, од кои 97 муслимани и 63 христијани.[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Будаково живееле 312 жители, од кои 52 Македонци и 260 Турци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Будаково имало 32 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[8]
Во 1961 година селото броело 502 жители, од кои 269 биле Турци, 210 Македонци и 21 жител Срби, додека во 1994 година бројот се намалил на 245 жители, од кои 200 Турци и 45 Македонци.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Будаково живееле 248 жители, од кои 200 Турци, 44 Македонци, 3 Албанци и 1 останат.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 235 жители, од кои 25 Македонци, 3 Албанци, 204 Турци и 3 лица без податоци.[10]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Будаково:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | 570 |
1953 | 72 | 0 | 582 | 0 | 1 | — | 655 |
1961 | 210 | 0 | 269 | 21 | 2 | — | 502 |
1971 | 138 | 0 | 139 | 1 | 1 | — | 279 |
1981 | 112 | 0 | 195 | 0 | 2 | — | 309 |
1991 | 76 | 2 | 208 | 0 | 3 | — | 289 |
1994 | 45 | 0 | 200 | 0 | 0 | — | 245 |
2002 | 44 | 3 | 200 | 0 | 1 | — | 248 |
2021 | 25 | 3 | 204 | 0 | 0 | 3 | 235 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
[уреди | уреди извор]Будаково е македонско-турско село. Турското население во селото има потекло од првите доселени семејства, како и од потурчените Торбеши.[4]
- Македонски родови се: Велковци (7 к.), староседелци, за време на Турците имале нешто своја земја; Миленковци (1 к.), доселени се од кичевското село Белица во 1935 година; Јабланичани (3 к.), Јудовци (1 к.) и Олшанци (9 к.), доселени се во 1955/56 година, првите од селото Јабланица, Струшко, вторите од селото Јудово, Кичевско, а третите од селото Елшани, Охридско.
- Турски родови се: Шарколар (8 к.), Јакуплар (2 к.), Алимлар (5 к.), Тељалар (7 к.), Јускалар (7 к.), Ќеримлер (3 к.), Селимлер (3 к.), Рамолар (7 к.), Мучелер (3 к.), Алиџадилер (4 к.) и Карадемолар (2 к.), наведените родови се намножиле од три турски домаќинства доселени од некое место во Мала Азија. Во родот Јускалар се знае следното родословие: Селман (жив на 76 г. во 1950-тите) Ајредин-Јусуф-Мемиш, еден од првите доселеници.
- Потурчени Торбеши: Алимовци (2 к.) и Велиовци (1 к.), доселени се од селото Преглово, Кичевско, првите во 1919 година, а вторите во 1931 година. Порано зборувале македонски, но сега мешајќи се со Турците зборуваат турски.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Подрачно основно училиште „Браќа Миладиновци“, кое е поделено со соседното село Трап и во него се изведува настава до петто одделение на македонски и турски јазик
- Месна заедница
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Будаково, во која селото Будаково, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, , Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Алинци, Будаково, Путурус, Радобор и Трап.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0217 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 216 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 220 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[14]
- Слатин Вир — викус од римско време;
- Горно Маало — населба од римско време и среден век;
- Арапски Гробишта — некропола од римско време и среден век; и
- Бурнуица — населба од римско време.
- Џамии[15]
- Џамија — главна селска џамија.
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Слави[16]
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век од селото се иселиле околу 30 македонски семејства. Исто така, во 1934 година од селото се иселиле 25 турски семејства во Турција, . Во периодот 1955/56 година, од селото се иселиле уште 12 турски семејства. Иселувањето продолжило и во наредниот период кога се иселиле уште 30 турски семејства. Турските иселеници и нивните потомци живеат во Одрин и Истанбул, Како и во одринските села Османли-ќој и Чене-ќој.[4]
Се знае за следниве иселеници: Будаковчани (3 к.) и Багошовци (11 к.), кои живеат во Дедебалци; Белковци (6 к.), живеат во Дупјачани.[4]
Во поново време, иселувањето се кон градот Битола, потоа во Турција и Германија, но и во прекуокеанските земји.[16]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Игралиште во селото
-
Поглед на запуштениот културен дом
-
Куќи во селото
-
Поглед на селската џамија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 78-79. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 42. Посетено на 25 октомври 2019.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 76-77.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 247.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 октомври 2019.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 15 октомври 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2021-06-21. Посетено на 25 октомври 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 17 октомври 2021.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 16,0 16,1 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2020-06-29. Посетено на 2019-10-25.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|