Бјалисток
Бјалисток (полски: Białystok) – град во североисточна Полска, во подножјето на северната Подласката Низина, на реката Бјала. Бјалисток е главен град и седиште на округот Бјалисток.
Според податоците од 31 декември 2017 година, градот имал 297.288 жители.
Меѓу градовите во војводствата во Полска, Бјалисток е втор град по густина на население и десетти по бројност на жители. Бјалисток извршува административна функција, економски, научен и културен центар во регионот. Градот со останатите општини ја сочинува бјалисточката агломерација.
Положба
[уреди | уреди извор]Бјалисток се наоѓа на Бјалисточката висорамнина, која е дел од делот на макрорегионот на северната Подласката низина. Се наоѓа во централниот дел на подлаското војвотство. Според податоците од 1 јануари 2009 површината на местото изнесува 102,12 км2. Историски Бјалисток се наоѓа на Подлаше. Според географските (градот се наоѓа во соседство со Белорусија, Литванија и Русија) и историските околности, Бјалисток е град, каде со векови живееле луѓе од разни култури, религии и националности, што му дало специфичен карактер на градот.
Природни одлики
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа на реката Бјала, која е лева притока на реката Супрашл.
Клима
[уреди | уреди извор]Согласно со агро-климатската поделба на Полска од страна на Ромуалд Гумињски, Бјалисток е поставен во подласката околина. Климата е изразито поладна од останатата пониска околина. Средна температура во септември е од -4 до –6 °C, се наоѓаат меѓу најниските во Полска. Средна годишна температура изнесува околу +7 °C. Бројот на денови во кои е замрзнато изнесува од 50 до 60, со подмрзнување од 110 до 138 дена, а времето на снежна покривка е од 90 до 110 дена. Просечна акомулација на дожд осцилира околу 550mm, а вегетацискиот период трае од 200 до 210 дена.