Гарванлиев е роден во Струмица на 2 ноември1984 година. На музичката сцена првпат се појавува на 7 години, а со детската песна „Марионка“ со која настапил на Златно Славејче, станал популарен, а песната станала евергрин. На 10 годишна возраст се преселил со семејството во САД. Кога имал 17 години, неговото семејство било депортирано од САД. Во Чикаго, пред да почне да се занимава со оперската музика, тој пеел поп соло. Потоа живеел во Милано, Италија. На аудиција во Торонто, во Кралскиот конзерваториум бил примен со целосна стипендија и таму останал 9 години.
Од 2018 година повторно се вратил во Македонија и живее и работи во Струмица.