Долганска азбука
Долганската азбука е официјалното писмо со кое се запишува долганскиот јазик. Во 1933 година бил за првпат воведен јакутски буквар, кој се вовел во долганските училишта. Во 1961 година некои помали текстови на долгански биле публикувани во весникот „Советски Тајмир“. Во 1973 година била испечатена првата книга на долгански јазик, која всушност била зборник на Огдо Егоровна Аксенова. Во таа збирка се користела руската азбука си неколку дополнителни букви кои ги има долганскиот јазик: Дь дь, Һ һ, Ҥ ҥ, Нь нь, Ө ө, Ү ү.
Првиот буквар на долганскиот ги имал следните букви: А а, Б б, В в, Г г, Д д, Дь дь, Е е, Ё ё, Ж ж, З з, И и, Иэ иэ, Й й, К к, Л л, М м, Н н, Ӈ ӈ, Ӈь ӈь, О о, Ө ө, П п, Р р, С с, Т т, У у, Уо уо, Ү ү, Үө үө, Ф ф, Х х, Һ һ, Ц ц, Ч ч, Ш ш, Щ щ, Ъ ъ, Ы ы, Ыа ыа, Ь ь, Э э, Ю ю, Я я[1].
Азбука
[уреди | уреди извор]Современата долганска азбука е:[2]
А а | Б б | В в | Г г | Д д | Е е | Ё ё | Ж ж |
З з | И и | Й й | К к | Һ һ | Л л | М м | Н н |
Ӈ ӈ | О о | Ө ө | П п | Р р | С с | Т т | У у |
Ү ү | Ф ф | Х х | Ц ц | Ч ч | Ш ш | Щ щ | Ъ ъ |
Ы ы | Ь ь | Э э | Ю ю | Я я |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Бэсэлээ буквалар, Аксенова О. Е.“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-06. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ Аксенова Е. Е. Букварь. СПб, 2001
Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија за писмо е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|