Драган Великиќ
Драган Великиќ | ||
Роден | 3 јули 1953 Белград, СФРЈ | |
---|---|---|
Занимање | книжевник |
Драган Великиќ (српски: Драган Великић; Белград, 1953) - српски писател.
Животопис
[уреди | уреди извор]Драган Великиќ е роден во Белград, во 1953 година. На Филолошкиот факултет во Белград дипломирал општа книжевност со теорија на книжевноста. Од 1994 до 1999 година работел како уредник на издавачката дејност на Радиото Б 92, а истовремено пишувал колумни за повеќе списанија, како: „Време“, „НИН“, „Данас“, „Репортер“ и „Статус“. Од јуни 2005 до ноември 2009 година бил српски амбасадор во Австрија. Живее во Белград работејќи како слободен писател.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Великиќ е автор на следниве дела:[2]
- „Погрешно движење“ (раскази, 1983)
- „Стаклена градина“ (раскази, 1985)
- „Виа Пула“ (роман, 1988)
- „Астраган“ (роман, 1991)
- „YU-тлантида“ (есеи, 1993)
- „Хамсин 51“ (роман, 1993)
- „Депонија“ (есеи, 1994)
- „Северниот ѕид“ (роман, 1995)
- „Дантеовиот плоштад“ (роман, 1997)
- „Состојбата на нештата“ (есеи, 1998)
- „Случајот Бремен“ (роман, 2001)
- „Досието Домашевски“ (роман, 2003)
- „Кучешка пошта“ (есеи, 2006)
- „Руски прозорец“ (роман, 2007)
- „Белград и други раскази“ (раскази, 2009)
- „За писателите и за градовите“ (есеи, 2010)
- „39,5“ (избрани интервјуи, 2010)
- „Bonavia“ (роман, 2012)
- „Пула - град интервал“ (монографија, 2014; заедно со фотографот Игор Зиројевиќ и со историчарката на уметноста Паола Орлиќ)
- „Монтевидео“ (дуодрама, 2015)
- „Истражител“ (роман, 2015)
Неговите книги се преведени на 15 европски јазици и на арапски јазик, а застапен е во неколку српски и странски антологии. Според Горчин Стојановиќ, „... малку се вистинските писатели како Великиќ. Тој е уживање во чистата литература. Неговата реченица секогаш ве води понатаму, како што во музиката правеше Хендрикс“.[3]
Великиќ е добитник на неколку награди и признанија, како:[2]
- Наградата „Милош Црњански“ за делото „Виа Пула“ (1988)
- Стипендија на Фондот „Борислав Пекиќ“ за делото „Северниот ѕид“ (1995)
- НИН-овата награда, наградата „Меша Селимовиќ“ и Средноевропската награда за книжевност за делото „Руски прозорец“ (2007)
- Наградата на градот Будимпешта за 2013 година.
- НИН-овата награда, „Кочиќево перо“ и Виталовата наградата за делото „Истражител“ (2015)