Прејди на содржината

Европска инвестициска банка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Европска инвестициска банка (Луксембург)

Европската инвестициона банка (ЕИБ) е финансиска институција на Европска Унија основана со Договорот од Рим од 1957 да обезбеди финансирање за капитално инвестирање кои ги унапредуваат политичките цели на Европската Унија, особено регионалниот развој, транс-европските мрежи за транспорт, телекомуникации и енергија, истражување, развој и иновации, заштита и унапредување на животната средина. Надвор од Унијата, ЕИБ придонесува за Европската развојна и кооперативна политика во согласност со условите и правилата поставени во различните договори кои ја поврзуваат Унијата со околу 130 земји во Средна, Јужна и Источна Европа, средоземниот регион на Африка, Азија, Латинска Америка, Карибите и Тихиот Океан.

Задачата на Европската инвестициона банка е да придонесува кон интеграција, балансиран развој и економска и социјална кохезија на државите-членки.

За оваа цел, таа подига на пазарите супстанцијални фондови кои ги насочува под најповолни услови кон финансирање на капитални проекти во согласност со целите на Унијата.

Надвор од Унијата ЕИБ ги имплементира финансиските компоненти на договорите склучени во Европските развојни политики и политиките за соработка.

Седиштето на ЕИБ се наоѓа на Булевар Конрад Аденауер во Кирхберг, Луксембург. Првата фаза беше дизајнирана од Британскиот архитект Денис Ласдун и е една од неколкуте негови дела надвор од Британија.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]