Екатерина Чундева-Галиќ
Изглед
Екатерина Чундева-Галиќ | ||
Роден | Екатерина Чундева-Галиќ 7 декември 1927 Софија, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 22 мај 2009 Скопје, Македонија | (возр. 81)|
Националност | Македонка | |
Занимање | универзитетска професорка |
Екатерина Чундева-Галиќ (7 декември 1927 во Софија — 22 мај 2009 во Скопје) — македонска позната професорка, еден од основачите на Електротехничкиот факултет во Скопје.[1]
Биографија
[уреди | уреди извор]Дипломирала во 1951 година на Електротехничкиот факултет во Белград и веднаш се вработила во претпријатието „Хидроелектропроект“. Еден е од главните проектанти на хидроцентралите Вруток, разводната постројка 110 КВ Вруток, Хидроцентралите Равен и Шпиље. Во 1959 година се вработува на Електро-техничкиот факултет во Скопје, каде во 1976 година е избрана за редовен професор.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чундева-Галиќ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1632. Text "series " ignored (help)