Замок Вецио
Замокот Вецио се наоѓа на подножјето на планината Фоп[1] на дното од пределот Вал д'Есино и гледа кон градот Варена. Локацијата на замокот се наоѓа речиси целосно на територијата на градот Варена, а сосема мал дел припаѓа на територијата на Перледо. Селото пак Вецио кое е во непосредна близина на замокот му припаѓа на областа на градот Перледо кој пак припаѓа на провинцијата Леко.
Историја
[уреди | уреди извор]Овој замок води потекло некаде од 11 век. Низ текот на вековите овој замок бил неколку пати реновиран.
Во 1891 година биле откриени некои гробници кои водат потекло дури од железното време,[2] а во 1956 година биле пронајдени некои предмети од железниот период како мечеви, шлемови и стрели со специфичен триаголен врв. При истражувањата бил пронајден и шлем наречен гладиус кој водел потекло од доцниот римски период. Овој шлем бил изнесен и достапен за разледување на крајот на деветнаесеттиот век. Подоцна истиот бил загубен.[2]
Кулата, која била изградена и водела потекло од периодот на општинската организација[2], го формирала јадрото на целото село кое било утврдување во кое жителите на Варена и бегалците од островот Комачина се засолниле за време на нападите што ги започнале жителите на градот Комо. По овој настан се случило целосното уништување на именуваниот остров.[2]
Тврдината заедно со замокот ја следел судбината на населбата Варена, на која ѝ се придружувале и некои ѕидини кои се спуштале сѐ до површината на езерото. Овие ѕидови имале функција да го штитат селото од нападите. Замокот и тврдината подоцна заедно со населбата Варена станале епископски имот. Во наредниот период тврдината станала сопственост на семејството Латуада кое потекнувало од местото Лиерна. Сопственоста останала на подолг временски период.
За време на Првата светска војна, веднаш под тврдината бил поставен еден столб кој бил поврзан со утврдувањата на делот на Северната граница.[2]
Во еден период овој замок бил во сопственост на семејството Сфондрати,[1] а денес тој му припаѓа на семејството Грепи.
Опис
[уреди | уреди извор]Замокот
[уреди | уреди извор]Замокот делумно е обновен во средината на дваесеттиот век. Денес тој има караула со квадратна основа, до која може да се стигне преку мал подвижен мост. Караулата може да се посети и тоа сѐ до нејзиниот врв. Таа е опкружена со еден четириаголен ѕид со непотполна аголна купола.
Главната кула има квадратна кренелна форма идентична на онаа на замокот Клај во реонот на долината Аоста.
Градините и подземјето
[уреди | уреди извор]Ако поминете покрај приемниот дел, и одите по должината на улицата покриена со крупен песок што се наоѓа на северната страна на замокот, ќе стигнете до портата, од која се отвора целиот видик по широчина на езерото Комо. На северната страна од замокот постои континенталната, но и алпска вегетација, која се одликува со насади од костени, лешници, борови и ариши. Потоа има еден простор кој е изложен во правец кон езерото и таму има богатство од медитеранска флора карактеристична за поумерена и поблага клима. Во тој дел има насади од маслинови дрвја, агава, рузмарин и доста сукуленти. Оваа медитеранска особеност се должи на ублажувачкото дејство кое го има езерото Комо врз климата, што овозможува раст на растителни видови карактеристични за пониските географски широчини. Всушност топлата и блага клима овозможува да се најдете сред голем насад од маслинка. Овој насад од маслинки веројатно е најсеверниот појас од ова растение на светот. Тука се произведува едно од најпознатите и најскапоцени екстра девствено маслиново масло со супериорен квалитет и категорија. Од неодамна ова маслиново масло ја добило заштитената ознака на потекло познато како „Лаго Ломбарди Ларио“. Лево, по нагорните скалила кои се опкружени со цветни леи од ароматични растенија може да се стигне до маслиновата градина каде што обично се чуваат птици грабливки. Оттаму, преку дрвената врата, може да се влезе во ѕидовите што ја опкружуваат кулата каде има постојана изложба на лариосаурусот (вид на воден влекач). Тука може исто така да се сретнат и други различни примероци на птици кои се пронајдени во околината на местата Перледо, Варезе, но и од останатиот дел од светот. Лариосаурусот бил рептил со средна големина (околу 1 метар во должина) кој припаѓал на Сауроптеригите, инаку одамна изумрена група на водни влекачи. Тоа било животно со релативно издолжен врат и череп, кое живеело во соленкаста водена лагуна или крајбрежни морски средини. Се хранело со риби кои ги лови со помош на долгите, тенки и конусни заби и кои подоцна може цели да ги проголта. Повеќето од пронајдените примероци потекнуваат од периодот на средниот тријас, а се пронајдени во околината на Перледо (одалечено неколку стотина метри од замокот Вецио) и Монте Сан Џорџо. Овој вид на рептил неодамна бил откриен и во Кина. Лариосаурусот бил еден од првите фосилни рептили од периодот на средниот тријас пронајдени во регинот на северна Италија.
Во градините на замокот постојат подземни ходници кои се и делумно посетени. Тие простори служат како помошни стратегиски ходници на италијанскиот одбранбен систем на северната граница кон државата Швајцарија. Овој комплекс на подземни елементи е познат како „Линијата Кадорна“. Намената и била да ја опфати долината која од местото Порлеца се спушта до областа на Менаџо, за одбрана во случај на можен обид за германска инвазија преку неутрална швајцарска територија. Во тој подземен предел постојат хаубици со калибар од 75 мм.
Соколарство
[уреди | уреди извор]Веќе неколку години, замокот Вецио претставува домаќин на центар за обука и третман на птици грабливки. Овој центар ѝ овозможува на јавноста да ја запознае, согледа и проучи античката уметност на познатото соколарство. Фазите на обука вообичаено се одржуваат 5/6 пати неделно, и секогаш ако дозволуваат временските услови, во градината на замокот посетителите имаат можност да извршат фотографирање. Посетителите исто така можат одблизу да ги видат различните примероци од птиците и да се забавуваат. Соколарот со неговите објаснувања ја објаснува историјата на соколарството, неговата модерна употреба, биолошките одлики и целовкупната обука на птиците грабливки. Птиците грабливки за време додека е планиран нивниот лет, а доколку времето тоа го дозволува, во градината на замокот го демонстрираат летот. Потоа тие се враќаат во нивните ноќни живеалишта. Показните вежби на летовите на птиците се одржуваат, секогаш кога дозволуваат временските услови, но и здравствената состојба на птиците грабливки. Терминот за демонстрација на птиците може да биде променлив и истото може да варира. Информацијата за точниот термин може да се најдете на веб-страницата на замокот или во делот на ресторанот. По претходните резервации, се организираат едукативни презентации но и работилници поврзани за тематиката на соколарството. Сите животни кои се присутни во центарот се родени и израснати во самиот центар, затоа и не би можеле да преживеат во дивината. Тука во центарот животните ги имаат гарантирано најдобрите можни услови за одржаување на психофизичка форма.
Погледот од замокот (тврдината)
[уреди | уреди извор]Од врвот на главната кула и од делот на градината може да се ужива во широк поглед кон езерото Комо. Погледот особено восхитува за време на ведрите денови. Со оглед на тоа што замокот е надвиснат над местото Варена, тој овозможува да се види езерото Комо во сиот негов сјај, исечено од страна на полуостровот Белаџо на таканаречени две гранки. Од левата страна се наоѓа гранката Леко, а гранката Комо е некаде на предната страна. Полуостровот што може да се види во далечината не е островот Комачина, туку полуостровот нарекуван Осучио. Тој на врвот го има Балбијанело, а непосредно од десно се наоѓа Вилата Карлота. Движејќи се по брегот се стигнува до местата Каденабија и Менаџо.
Галерија со слики
[уреди | уреди извор]-
Поглед од главната кула
-
Поглед кон езерото од прозорец на главната кула
-
Поглед од местото Ил Ристоро кон замокот
-
Поглед од патеката што води кон местото Варена
Наводи
[уреди | уреди извор]Библиографија
[уреди | уреди извор]- Castelli in Lombardia. Como: Editrice E.P.I.
- Castelli basiliche e ville - Tesori architettonici lariani nel tempo. Como - Lecco: La Provincia S.p.A. Editoriale. стр. 77.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Други проекти
[уреди | уреди извор]Повеќе за Замок Вецио на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Wikimedia Commons contiene immagini o altri file su Castello di Vezio