Изборно Кнежевство Мајнц
Изборно Кнежевство Мајнц | |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
780–1803 | |||||||||||||||||
Статус | Вазалство | ||||||||||||||||
Главен град | Мајнц | ||||||||||||||||
Уредување | Изборно кнежевство | ||||||||||||||||
Изборен кнез на Мајнц | |||||||||||||||||
• 1802–1803 | Карл Теодор фон Далберг | ||||||||||||||||
Историски период | Среден век | ||||||||||||||||
• Основање на епископија | Римско Царство | ||||||||||||||||
• Епископско кнежевство, претворено во архиепископско | 780–782 | ||||||||||||||||
1251 | |||||||||||||||||
• Мајнц станал слободен цардски град | 1242–1462 | ||||||||||||||||
• Република Мајнц | 18 март – 23 јули 1793 | ||||||||||||||||
17 октомври 1797 | |||||||||||||||||
1803 | |||||||||||||||||
| |||||||||||||||||
Денес дел од | Германија |
Изборно Кнежевство Мајнц (германски: Kurfürstentum Mainz, латински: Electoratus Moguntinus) — една од најпрестижните и една од највлијателните членки на Светото Римско Царство од неговото создавање до неговото распаѓање во 19 век. Хиерархиски ова кнежевство било управувано од изборен кнез и архиепископите на Мајнц, како поглавари на Германија.
Архиепископот на Мајнц бил рангиран на прво место во Светото Римско Царство помеѓу сите црковни владетели, и на второ место веднаш по царот. Архиепископот на Мајнц заедно со пфалцгрофот на Рајна, маркгрофот на Бранденбург, војводата на Саксонија и кралот на Бохемија имале право да го избират римско-германскиот крал и цар. Неговата политичка улога била значајна, особено како посредник меѓу имотите на царството и на царот[1].
Историја
[уреди | уреди извор]Епископијата во Мајнц била основана во времето на Римското Царство. Градот Мајнц бил провинциски град кој започнал да има голема улога кога во 780 година црквата била издигната во ранг на архиепископија. Првите епископи пред 4 век имале легендарни имиња, а како прв се смета апостол Крискент. Првиот верификуван епископ на Мајнц бил Мартин во 343 година. Црковна и светска важност Мајнц стекнал во времето на мисионерот Бонифациј во 747 година.
Територијата на ова изборно кнежевство ги опфаќала териториите во близина на Мајнц на левиот и десниот брег од реката Рајна, територијата по должината на реката Мајна над Франкфурт (вклучувајќи ја областа Ашафенбург), регионот на Ајхсфелд во Долна Саксонија и Тирингија, и територијата околу Ерфурт во Тирингија.
За време на раниот нов век, Архиепископијата на Мајнц претставувала најголема црковна провинција во Германија која опфаќала десет епархии[2].
Во 1802 година, Мајнц го загубил својот архирејски карактер. Во 1803 година, седиштето на изборниот кнез било пренесено во Регенсбург. Новата римокатоличка епархија била основана во 1802 година и истата претставувала епархија во рамките на Франција.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница of the modern Diocese
- Map of the Archbishopric of Mainz in 1789
|
|
- Изборни кнежевства во Светото Римско Царство
- Епископски кнежевства во Светото Римско Царство
- Земји во Светото Римско Царство
- Историја на Мајнц
- Поранешни држави и територии во Баварија
- Поранешни држави и територии во Рајнската област-Пфалц
- Поранешни држави и територии во Хесен
- Историја на католицизмот во Германија