Капсохор (Берско)
Капсохор Καψοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°37′N 22°26′E / 40.617° СГШ; 22.433° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Надм. вис. | 10 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Капсохор или Капсохора (грчки: Καψοχώρι, книжевно: Καψοχώριον, Капсохорион) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Денес, селото претставува составен дел од градот Гида.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на три километри југозападно од градот Гида, крај самата железничка пруга Солун-Бер, на надморска височина од 10 метри.[1]
Сместено е во областа Урумлак.
Историја
[уреди | уреди извор]Како и сите околни села што влегуваат во областа Урумлак, така и ова село било населено со грчко население.[1]
По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. ВО 1928 година, Капсохор претставувала мешана населба со 1 бегалско семејство со вкупно 4 жители.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Основни производи на селото биле памук, шеќерна репка, а се произведувало грав, детелина и овошје. Дел од населението се занимавал и со краварство.
Население
[уреди | уреди извор]Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Капсохор живееле 200 Грци христијани.[1][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Капсохор (Kapsohor) живееле 200 Грци.[4]
Во 1913 година било забележано со 279 жители, во 1920 година со 305, во 1928 година со 337 (од нив само 5 бегалци), во 1940 година со 424 и во 1951 година со 563 жители. Во подоцнежните пописи повеќе не се споменува, бидејќи било споено со градот Гида, иако селото и понатаму продолжило да постои.[1]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Денес, селото претставува дел од градот Гида.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 13.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 143.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.
|