Прејди на содржината

Кипсели

Координати: 40°33′N 22°29′E / 40.550° СГШ; 22.483° ИГД / 40.550; 22.483
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кипсели
Κυψέλη
Кипсели is located in Грција
Кипсели
Кипсели
Местоположба во областа
Кипсели во рамките на Гида (општина)
Кипсели
Местоположба на Кипсели во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°33′N 22°29′E / 40.550° СГШ; 22.483° ИГД / 40.550; 22.483
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаМелик
Надм. вис.&1000000000000001400000014 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно376
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Кипсели (грчки: Κυψέλη) — новосоздадено село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на единаесет километри источно од градот Гида, на надморска височина од 14 метри.[2] Селскиот атар зафаќа површина од 12 квадратни километри.

Сместено е во областа Урумлак, во непосредна близина на десниот брег на реката Бистрица.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото е наполно ново, создадено е по 1923 година кога во него биле сместени исклучително бегалски семејства.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Кипсели е исклучително богато село, бидејќи располага со богати обработливи површини, кои се наводнуваат. Основни производи во селото се памукот, овошјето, шеќерната репка и пченицата.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Населбата првпат е спомената во пописот од 1928 година, кога биле попишани 205 жители, а во 1940 година двојно повеќе, односно 564 жители. Во 1951 година имало 453, во 1961 година 621, во 1971 година 535, во 1981 година 534, во 1991 година 520 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 437 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 376 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 564 453 621 535 534 520 437 376
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Мелик со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кипсел, во кој покрај Кипсели влегува и Свиничкиот манастир.

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 20–21.