Прејди на содржината

Кенигзе

Координати: 50°39′41″N 11°05′50″E / 50.66139° СГШ; 11.09722° ИГД / 50.66139; 11.09722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кенигзе

Königsee

Градскиот плоштад
Градскиот плоштад
Градскиот плоштад
Грб на Кенигзе
Кенигзе во рамките на Германија
Кенигзе
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Залфелд-Рудолштат
Градски единици 24
Градоначалник Марко Вашковски (независен)
Основни податоци
Површина 103,09 км2
Надм. височина 377 м
Население 7.176 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 70 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SLF
Пошт. бр. 07426
Повик. бр. 036739, 036738
Портал www.koenigsee-rottenbach.de
Местоположба на градот Кенигзе во рамките на округот Залфелд-Рудолштат
Карта
Карта
Координати 50°39′41″N 11°05′50″E / 50.66139° СГШ; 11.09722° ИГД / 50.66139; 11.09722

Кенигзе (германски: Königsee) — мал град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 12 километри источно од Илменау и 35 километри јужно од покраинскиот главен град Ерфурт. До 2018 година бил наречен Кенигзе-Ротенбах.

Географија

[уреди | уреди извор]

Кенигзе се наоѓа во северозападниот дел на округот Залфелд-Рудолштат на височина од 377 метри.

Соседни места

[уреди | уреди извор]

Градот се граничи со следниве единици (почнувајќи од север, надесно): Штатилм, Рудолштат, Бад Бланкенбург, Бехштет, Алендорф, Зицендорф, Унтервајсбах, Шварцатал, Гросбрајтенбах и Илменау.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Градот територијално е поделено на 24 места:

Градска единица Места
Кенигзе

Кенигзе, Дернфелд на Хајде, Гарзиц, Хорба, Лихта, Оберкедиц и Унтеркедиц како Кедиц, Обершеблинг, Унтершеблинг

Ротенбах

Ротенбах, Хенгелбах, Лојтниц, Милбиц, Паулинцела, Квителсдорф, Золсдорф, Шторхсдорф, Телендорф

Оберхајн

Оберхајн, Баригау, Манкенбах, Унтерхајн

Дребишау

Дребишау, Егелсдорф

Историја

[уреди | уреди извор]

Денешниот град бил создаден на 31 декември 2012 година со спојување на поранешниот град Кенигзе и општината Ротенбах под името Кенигзе-Ротенбах. На 1 јануари 2019 година, поранешните општини Дребишау и Оберхајн биле припоени кон градот и името повторно било променето во Кенигзе.[2]

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]

Градскиот совет на градот Кенигзе се состои од 20 членови.

Првите општински избори на 14 април 2013 година и изборите на 26 мај 2019 година ги дале следниве резултати:

Партии и листи 2013[3] 2019[4]
% Места % Места
IWW FW IWW-Слободни гласачи Кенигзе(-Ротенбах) 23,5 5 21,1 4
TK Тим Кенигзе 18,0 4
FWG Слободно гласачко друштво Кенигзе(-Ротенбах) 22,9 4 16,9 3
CDU Демохристијански сојуз на Германија 21,6 4 14,2 3
UWGK Независно гласачко друштво Кенигзе 8,0 2 11,6 2
LINKE Левица отворена листа/Левица 8,9 2 8,5 2
WG FFW Изборна група Доброволни противпожарникари 4,6 1 5,8 1
FDP Слободна демократска партија 4,6 1 3,8 1
SPD Социјалдемократска партија на Германија 5,8 1
Вкупно 100,0 20 100,0 20
Излезност во % 66,2 62,5

Градоначалник

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на градот е Марко Вашковски (независен), избран на 31 март 2019 година во прв круг.[5][6]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Кенигзе е збратимен со следниве градови:

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
  2. Thüringer Gesetz zur freiwilligen Neugliederungkreisangehöriger Gemeinden im Jahr 2019, § 23, p. 802
  3. „Stadtratswahl Königsee-Rottenbach 2013“ (PDF). wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-07-31.
  4. „Stadtratswahl Königsee 2019“. wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-07-31.
  5. „Wahlen in Thüringen“. Посетено на 2019-05-02.
  6. Stadtverwaltung Königsee. „Aktuelle Nachrichten“ (германски). Архивирано од изворникот на 2020-02-06. Посетено на 2019-05-02.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]