Прејди на содржината

Грефентал

Координати: 50°32′0″N 11°18′0″E / 50.53333° СГШ; 11.30000° ИГД / 50.53333; 11.30000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Грефентал

Gräfenthal

Градското собрание
Градското собрание
Градското собрание
Грб на Грефентал
Грефентал во рамките на Германија
Грефентал
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Залфелд-Рудолштат
Општ. заед. Шифергебирге
Градски единици 8
Градоначалник Волфганг Вер
Основни податоци
Површина 36,42 км2
Надм. височина 400 м
Население 1.878 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 52 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SLF
Пошт. бр. 98743
Повик. бр. 036703
Портал www.graefenthal.de
Местоположба на градот Грефентал во рамките на округот Залфелд-Рудолштат
Карта
Карта
Координати 50°32′0″N 11°18′0″E / 50.53333° СГШ; 11.30000° ИГД / 50.53333; 11.30000

Грефентал (германски: Gräfenthal) — мал град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Градот Грефентал се наоѓа во странична долина на Локвиц, притока на Зале. Грефентал е опкружен од Тириншките Шкрилни Планини. Планините во областа се издигнуваат до 800 метри. Западно од Грефентал се наоѓа Нојхаус на Ренвег, додека источно се наоѓа Пробсцела.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Градот се граничи со следниве места (почнувајќи од север, надесно): Залфелд, Пробсцела, Лудвигсштат, Тетау, Зонеберг и Нојхаус на Ренвег.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Грефентал се состои од следниве осум единици:

  • Бухбах
  • Кројниц
  • Геберсдорф
  • Грефентал со градскиот четврт Мернах
  • Гроснојндорф
  • Лихтенхајн
  • Липелсдорф
  • Зомерсдорф

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1288 година градот бил првпат споменат. Најголем дел од својата историја припаѓал на различни кнезови од династијата Ернестин.

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]

Градскиот совет на градот Грефентал се состои од 12 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]

  • Доброволна противпожарна бригада/Граѓанска иницијатива (FFW/BI): 8 места
  • Селски сојузи (DV): 2 места
  • CDU: 2 места

Градоначалник

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на Грефентал е Волфганг Вер од 1 јули 2018 година.

  • Замок Веспенштајн
  • Музеј за границата и татковината Грефентал (Grenz- und Heimatmuseum Gräfenthal)
  • Градска црква
  • Железнички вијадукт

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
  2. Thüringer Landesamt für Statistik. „Wahlen in Thüringen, Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Stadt Schwarzatal“. Посетено на 2019-08-21.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]