Прејди на содржината

Книга на пророкот Михеј

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Книгата на пророкот Михеј“ — книга од Стариот завет.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Пророкот Михеј ги соопштува божјите зборови за пропаста на Јудеја и Самарија поради идолопоклонството. Израилците ќе бидат однесени во прогонство во Вавилон, но потоа Бог ќе се смилува на својто народ, ќе ги откупи нивните гревови и ќе ги врати во татковината. На крајот од времето, Бог ќе им суди на народите на Сионската гора и тогаш ќе завладее вечен мир. Исто така, Михеј пророкува дека во Витлеем ќе се роди Месијата.[1]

  1. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 1128-1132.