Прејди на содржината

Кожушани

Координати: 41°02′N 22°10′E / 41.033° СГШ; 22.167° ИГД / 41.033; 22.167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кожушани
Φιλώτεια
Кожушани is located in Грција
Кожушани
Кожушани
Местоположба во областа
Кожушани во рамките на Меглен
Кожушани
Местоположба на Кожушани во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 41°02′N 22°10′E / 41.033° СГШ; 22.167° ИГД / 41.033; 22.167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаМеглен
Општ. единицаКапињани
Надм. вис.&10000000000000190000000190 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно421
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Кожушани (грчки: Φιλώτεια, Филотија; до 1922 година: Κουζούσιανη, Кузусјани[2]) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа околу 5 километри југозападно од селото Фуштани и 13 километри североисточно од градот С’ботско, на надморска височина од 190 метри.[3]

Сместено е на 2 километри североисточно од селото Капињани, во котлината Меглен, источно од реката Карадере.

Историја

[уреди | уреди извор]

Кожушани до 1924 година било населено исклучително со македонско население, чиј поголем дел во немирните години, заради поголема семејна и имотна сигурност, ја сменил својата вера и се исламизирал.[3]

Во 1924 година, македонските муслимани во согласност со Лозанскиот договор, биле принудени да се иселат во Турција, а на нивно место грчките власти населиле поголем број бегалски семејства од Мала Азија (вкупно 276 бегалци). Според пописот во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 87 бегалски семејства со вкупно 315 жители.[4]

Во 1922 година, името на селото било променето во Филотија (Φιλώτεια).

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Бидејќи лежи сред поле, а добар дел од обработливите површини се наводнуваат од реката Мегленица, Кожушани е прилично богато село. Главни производи се овошјето, десертното грозје, тутунот и други земјоделски производи.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век, Кожушани било македонско-муслиманско село со машко население од 623 души и 176 домаќинства.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Козишоми (Кожушани)) живееле 72 Македонци и 1.150 Македонци-муслимани.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кузишане (Kouzichané) имало 320 Македонци.[7]

Во 1920 година, Кожушани било посочено како село со 36 христијански и 205 муслимански куќи.[3][8]

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 1.132, а во 1920 година со 972 жители. По извршената размена на население, муслиманите принудно иселени во Турција, а на нивно место доселени грчки бегалци од Мала Азија, селото повторно станала мешана населба, која во 1928 година бегалците и помалобројните Македонци заедно броеле 476 жители. Во 1940 година, нивниот број се искачил на 716, во 1951 година биле попишани 561 жител, во 1961 година 664, во 1971 година 628, во 1981 година 647, а во 1991 година 677 жители.[3]

Во извештај од 1993 година, во селото било забележано дека македонскиот јазик се користи на ниско ниво.[9]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 639 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 543 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 716 561 664 628 647 677 639 543 421
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во 1919 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 11 квадратни километри.[3]

Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кожушани, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κουζούσιανη -- Φιλώτεια
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 91.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ - Македония“. Българите мохамедани (бугарски) (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 113. ISBN 954-9308-51-0.
  6. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 147.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  8. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927 (διοικητικά όρια 1911) Архивирано на 27 март 2013 г.
  9. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"