Прејди на содржината

Косовска битка (1915)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Косовска битка
Дел од Србија во Првата светска војна
Датум 10 ноември 1915 - 4 декември 1915
Место Косово, Србија
Исход Победа на Централните сили
  • Српско повлекувањер кон Албанија и островот Крф
Завојувани страни
 Бугарија
 Германија
 Австроунгарија
 Србија
Команданти и водачи
Кралство Бугарија Никола Жеков
Кралство Бугарија Константин Жостов
Кралство Бугарија Климент Бојаџиев
Кралство Бугарија Георги Тодоров
Германско Царство Аугуст фон Макензен
Германско Царство Макс фон Галвиц
Австроунгарија Херман Кевеш
Кралство Србија Радомир Путник
Кралство Србија Живојин Мишиќ
Кралство Србија Степа Степановиќ
Кралство Србија Павле Јуришиќ Штурм
Сила
Кралство Бугарија 1-ва Бугарска армија;
Кралство Бугарија 2-ра Бугарска армија
Германско Царство 11-та Германска армија
Австроунгарија 3-та армија: 156,000 војници [1]
150,000 [2]
Жртви и загуби
мали 30,000

Косовска операција или битка на Косово— трета голема битка во историјата која се одвила на Косово Поле, која се одвила помеѓу 10 ноември 1915 до 4 декември 1915 година. Српскиот пораз во оваа битка довело до српско повлекување преку Албанија.

Битката започнала со напад на Јужна Морава од страна на Бугарската Прва Армија и завршила со целосен пораз на српската армија. Главниот удар го направила Првата армија во правец на Ниш-Приштина. За 2 дена, српската војска го освоила Прокупље, каде што се појавил и краткотраен отпор.

Во голема мера побројна српска војска се повлекла. Србите се обиделе со очаен противнапад кон Врање и Куманово за да им се придружат на англо-француските војници, но повторно биле поразени. Шестата и деветтата пешадиска дивизија на Првата армија лесно ја освоила Приштина на 24 ноември. Тогаш целокупната бугарска армија, поддржана од север со делови од 11-тата германска армија и австроунгарска трета армија започнала целосен напад. Битката завршила на 4 декември кога Дебар бил освоен. Србите изгубиле 30.000 војници и огромна количина на друга воена опрема. Српската војска потоа се повлекла во Албанија, а на крајот била пренесена на грчкиот остров Крф.

  1. Българската армия в Световната война, vol. V (1946), pg. 143. The strength listed is as of 2 of November 1915.
  2. Българската армия в Световната война, vol. V (1946), pg. 242. This figure is estimated by the Austro-Hungarian General Staff.