Прејди на содржината

Колубарска битка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка на Колубара
Дел од Србија во Прва светска војна
Датум 16 ноември – 16 декември 1914
Место река Колубара, Србија
Исход Победа на српската војска
Завојувани страни
 Србија  Австроунгарија
Команданти и водачи
Оскар Почорек
Либоријус фон Франк
Вклучени единици
Сила
400,000 450,000
Жртви и загуби
  • 22,000 мртви
  • 91,000 ранети
  • 19,000 исчезнати и заробени
  • 30,000 мртви
  • 173,000 ранети
  • 70,000 заробени[1]

Колубарска битка или Сувоборска битка — најзначајната битка помеѓу војска на Србија и Австроунгарија во Првата светска војна. Водена е во новември и декември 1914 година, на фронт од преку 200 километри.

Завршена е со успешна контра офанзива што ја извеле силите на Прва стпска армија под команда на генералот Живојин Мишиќ, против бројно и во воена опрема многу посилната австроунгарската војска. Битката се одвивала во време кога целиот свет очекувал вест за капитулација на Кралството Србија. Битка во сите фази имала одлики на рововска војна.[2] По победата на српската војска na Колубарската битка, на српскиот фронт до почеток на есен во 1915 година владеело затишје. По завршување Србија ја зафатил проблем на голема епидемија на тифус која попримила огромни размери во 1915 година и дополнително ѝ нанела огромни човечки штети на земјата.

Шабац по австроунгарското бомбардирање, 1914 година

Со поразот во операцијата околу Дрина (Битка на Мачков камен), српската војска се нашла во тешка положба и била присилена на повлекување под борба, соочена со недостаток на артилеријска муниција, недостаток на храна, облека и обувки, што претставувало голем проблем со паѓање на морал. Заедно со војска пред ужасите и ѕверствата[3] на австрпунгарската војска се повлекувал и народот, што дополнително ја компликувало целата ситуација при повлекувањето.[4] Многу српски војници од краиштата што австроунгарската војска ги зазела заминувале за да ги повлечат своите семејства со коишто се враќале. Моралот на војската бил на најниско ниво, а тоа укажувало дека српската војска и самото Кралство Србија се пред пропаст[5] и дека нема можности да се запре напредувањето на австроунгарските сили. Временските услови, постојани врнежи и стидот биле дополнителен проблем бидејќи војската немала шаторки платна и била постојано мокра. Но токму таа каллива почва и уништени патишта на стпската војска ќе ѝ станат важен сојузник во претстојниот судир.[6]

Ноќта на 14 ноември командантот на Првата армија, генерал Петар Бојовиќ бил ранет и заради тоа повлечен од должноста. На његово месесто е поставен генерал Живојин Мишиќ, дотогашен помошник на начелникот на штабот на Главната команда Радомир Путник, инаку човек роден на Сувобор.

Аустроугарска Балканска војска

[уреди | уреди извор]

Главниот командант на австроунгарска војска бил надвојвода Фридрих фон Хабсбург, а начелник на штабот на Главната команда Конрад фон Хацендорф. Вкупна сила на Австроунгарската Балканска војска изнесувала околу 400.000 војници и 400 топови. Балканската војска не била подредена на началникот на Австроунгарскиот генерал штаб, туку била под директна команда на главниот командант.

  • Петтата армија броела 82 батлјони, 11 ескадрони на коеаница и 43 батерии, под команда на генералот Либоријус фон Франк.
  • Шестата армија броела 160 баталјони, 12 ескадрони и 84 батерии, под команда на фелдцојгмајстерот Оскар фон Почорек.
  • Групата на Шњариќ и Хаусер, една бригада и 15 баталјони на пешадија, била сместена на горниот дел на Дрина во близина на Фоча.

Српска војска

[уреди | уреди извор]

Во пресрет на Колубарската битка Српска војска броела околу 270.000 војници, 426 топови и 180 митралези. Главниот командант бил регентот Александар I Караѓорѓевиќ, а начелник на штабот на Главната команда војводата Радомир Путник.

Колубарска битка, 1914
  • Обреновечкиот одред, се состоел од пет полкови и пет самостојни баталјони на припадниците од трет повик, Скопски баталјон,со 10.000 војници, 26 топови и 8 митралрзи, под команда на потполковник Милисав Лешјанин, подоцна полковник Душан Туфегџиќ.
  • Втората армија, Коњаничка дивизија на полковникот Бранко Јовановиќ, Шумадиска дивизија, војска од првиот повик, под команда на полковникот Војислав Живановиќ и Моравската дивизија, војска од првиот повик под команда на генералот Илија Гојковиќ. Втората армија броела 88.000 војници, 138 топови и 66 митралези, под командом на војводата Степа Степановиќ.
  • Третата армија, Тимочка дивизија со војска од вториот повик, под команда на полковникот Мирослав Милисављевиќ, Дринска дивизија со војска од вториот повик, под команда на полковникот Крста Смиљаниќ, Дринска дивизија со војска од првиот повик, под команда на полковникот Никола Стевановиќ) и Комбинирана дивизија на генералот Михаило Рашиќ. Третата армија била со сила од 65.000 војници, 80 топови и 40 митралези, под команда на генерал Павле Јуришиќ Штурм.
  • Првата армија, Моравска дивизија со војска од вториот повик, полковник Љубомир Милиќ, Дунавска дивизија со војска од впрвиот повик, полковник Миливоје Анѓелковиќ Кајафа, Дунавска дивизија со војска од вториот повик, полковник Милош Васиќ. Прва армија била со сила од 54.000 војници, 80 топови и 40 митралези, под команда на генералпт Живојин Мишиќ.
  • Ужичката војска, Шумадиска дивизија со војска од вториот повик, полковник Драгутин Миловановиќ, Ужичка бригада, полковник Иван Павловиќ и Лимски одред , полковник Јеврем Михаиловиќ. Ужичка војска била со сила од 32.000 војници, 55 топови и 15 митралези, под команда на генералот Вукоман Арачиќ.
  • Одбраната на Белград, три полка со војска од вториот и третиот повик, два ескадрони коњаница, со сила од 19.000 војници, 47 топови и 10 митралези, под команда на генералот Михаило Живковиќ.

Распоред на силите пред битката

[уреди | уреди извор]

Австроунгарска војска

[уреди | уреди извор]

Петтата армија на Австроунгарска Балканска војска имала главна задача да ги освои врвовите на планини на десниот брег на Колубара и да ја обезбеди железницата Обреновац-Ваљево. Шестата армија на свстроунгарската војска имала задача да се групира во простор на Ваљево и да нападакон југот преку Маљен и Сувобор. Групата на Шњариќ и Хаусер имала задача да ја вонемирува Ужичката војска и во поволен миг да ја премине реката Дрина. Австроунгарски воен план бил да завладее со врвовите десно од Колубара, да ја преземе железничката пруга Ваљево-Лајковац-Обреновац, за да може безбедно да дотура материјал на Балканската војска, а потоа да го освои Белград и дапродолжи продор кон југ во правец на Голема Морава. Планот предвидувал освојување на Белград на 20 ноември. Потоа поголемиот дел на сили да се префрли во правец на Морава. Главниот удар на српските позиции на Колубара требало да ги изведе Петаата армија, потпомогната од 13 корпус на Шестата армија. Главнина на Шестата армија имала задача да регне кон Белград и од север да го стегне обрачот.

Српска војска

[уреди | уреди извор]

Обреновечки одред имал заземено положби на десниот брег на Колубара, од нејзиното устие во Сава до устиеро на Марица во Колубара, одред имал задча да запре секаков продор на десниот брег на Колубара. Втората армија го зазела фронтот од устието на Марица во Колубара, до устиеро на реката Грабовица во Љиг, имала задача истрајно да го брани овој дел на фронтот. Третата армија се наоѓала на позиција од устието на Грабовице во Љиг до рекеата Качер, со задача да го брани средишниот дел на фронтот. Првата армија го запоседнала фронтот во насока Гукоши-Медник-Баќенац-Руда-Маљен, со задача да ги брани сите приоди преку Сувобор и Маљен кон Горни Милановац и Чачак. Ужичката војска го зазела јужното крило на фронтот, со задача да го одбрани непријателскиот продор кон Ужице. Одбраната на Белград го зазела фронтот фронт во правец Гроцка-Белград-Остружница-Обреновец, со главна задача да го одбрани Белград по секоја цена.

Српска артилерија во рововите на фронтот

Австроунгарска Балканска војска со околу 200.000 војници на 16 ноември 1914 година тргнала во општ напад на фронтот на српските армии.

Српската војска добила задача рововите штоповеќе да ги доближи до рововире на непријателот, за да го оневозможи користењето на посилната артилерија во страв да не ги погодат сопствените ровови.

Текот на битката

[уреди | уреди извор]

Прва фаза на битката - Дефанзива (16—30 ноември)

[уреди | уреди извор]

Колубарска битка започнала со повлекување на српските трупи на десниот брег на Колубара и реката Љиг , и кога според наредбата на главната команда почнале да ги утврдуваат положаите, во обид тука да го запрат продирањето на австроунгарските сили. Мостовите на Колубара биле порушени, бидејќи стпската команда, познавајќи го теренот, знаела дека надојдените реки и калливи брегови ќе им бидат од полза во задржување на непријателот.[7] Главната команда издава наредба дека котата Човка мора по секоја цена да се задржи, зашто планирале од неа да ја започнат контраофанзивата. Воената фронтовска состојба била ужасна, под постојан оган дење, во студ и вода ноќе. Мокри, гладни и смрзнати и со недоволно оружје, српски војници успеале да ги задржат Австроунгарците поради лошата проценка на Оскар Почорек дека тука е стационирана српска заштитница поради што тој во борбата ги воведуваа 15 и 16 корпус на Петтата армија.

Наплив на новиите сили ја принудил Првата армију да се повлекива и таа, ноќе на 22 ноември. зазема нови позиции на истурените катпи на Сувобор, но веќе на пладне на линија на фронтот доаѓаат австроунгарски сили. Живојин Мишиќ започнува да планира противнапад од Сувоборските положи, но поради тешката состојба во Маљенскиот одред се откажува од таа идеја, што се покажало како добра проценка бидејќи веќе на 24 ноември во очајнички борби Маљенскиот одред бил разбиен, а неговиот командантзагинал. Овој пораз го принудува левото крило на Првата армија на повлекување. Во страотни борби австроунгарски трупи ја заземаат и котата Човка, поради што Моравскта дивизија се повлекува, а со тоа и десното крило на Првата армија е принудено на повлекување. Поради загуба на линијата на фронтот српската главна команда одлучва да изврши подготовки за повлекување на нови позиции, а своето седиште го преместува од Белград во Крагуевац. Као последни обид да се запре непријателскиот продор на Обреновечкиот одред му е издадена директива да изврши напад на Аустроугарците кај Конатице и Степојевац, а на Втората армији да го помогне овај напад.

Српска војска маршира во противнапад - Колубарска битка

Проценката на Австроунгарската страна за состојбата била повеќе од задоволителна и било наредено утврдување за да се намалат брспотребни губитоци, а потоа да се тргне на Белград и кон Морава.

Српската страна пак добива извештај кој пак сведочи за очајна состојба на австроунгарската војската: глад, мал број активни офицери, лошо снабдевање; за состојбата на српската војска се вел дека се одморила по три дена без борби, дека на фтонтот пристигнала артилериска муниција и дека моралната состојба е подобрена.

Врз основа на состојбата во Првата армија и извештајот, генерал Живојин Мишиќ издава наредба во тек на 2 декември да се изврши групирање на трупите на десното крило и да започнат подготовки за противнапад, кој би започнал на 3 декември. И австроунгарската војска изведува прегрупирање според својот план и во реонуот наЛиспена и Голупца доаѓа у судир со српските предстражи.

Во тек на 2 декември српската војске е пополнета со регрути, воени обврзници и како последен одбранбен бедем на боиштето се упатени ученици, подофицери од военото училиште во Скопје, т.н. 1300 каплари. Пред крај на обука тие добиле чинови каплар и биле упатени на фронтот, а меѓу нив биле и млади луѓе[8] кои студирале во Белград и низ цела Европа и кои доброволно се ставиле на располагање за одбрана на татковината. Дополнувањара во број на луѓето, облеката, обувките била максимална според можностите, но недоволна. По подолго разгледување од страна на Главната команда, планот на генералот Мишиќ бил прифатен и била издадена општа наредба за тргнување во противнапад, освен за трупите за Одбрана на Белград кои останувале на своите позиции, за да го штитат крилото на Првата армија. Основната замисла на Мишиќ била брзо да се заземе гребенот Сувобор и оттаму да се изврши удар во долина на Колубара кон Ваљево, со јасната цел за пресекувањецања аустроугарских трупа на два дела.

Втората фаза на битката - противнапад (312—1212)

[уреди | уреди извор]

Во време кога европските текеграфски агенции очекувале информации за потполн пораз и уништување на српска војска, додека Петтата австроунгарска армија приредувала победничко дефиле во Белград, започнала големата противофанзива на севкупната српска војска. По подготовката, во 7 часит наутро започнал напад. Австроунгарските сили биле потполно изненадени, тие српската војска ја сметале неспособна за одбрана, така што на противнапад не ни помислувале, па биле принудени на повлекување. Само во текот на борните на 3 декември биле заробени 3 офицери, 400 подофицера и војници и 4 топа со 1 000 гранати. Поради поволна ситуација, , Мишиќ наредува продолжување на нападите на 16 корпус, кој немал никакви резерви и којбил во постојано повлекување со цел за освојување на сртот на планинскиот масив Проструга - Рајац - Сувобор. Истовремено, останатите српски армии биле задржани со силен отпор на своите почетни позиции, поради што главната командазбог на 4 декември му наредува на Мишиќ, по заземањето на Сувобор да ја запре офанзивата, додека не се среди состојбата со останатите фронтови. Околу пладне на 5 декември Првата армија се пробива до сртот Проструга и до крај на данот во потполност го зазема и тука запира. Дунавската дивизија успева да ја пресече одстапницата на австроунгарските трупи на Сувобор и Маљен и околу 23 часот излегива на Конџулско брдо и Чугуљ. Со овие успеси на Првата армија на 5 декември е пробиен фронт на 16 корпус на австроунгарската војска и иако останатите армии и понатану биле на свои почетни позиции, започнало гонење на непријателот, додека Тимочката дивизија (од состава Втората армија) била упатена као засилување на Одбраната на Белград.

Оскар Почорек го согледал потполниот пораз на 16 корпус и пробивање на австроунгарскиот фронт, пораси што на 6 декември ѝнаредил на Шестата армија да се повлече на левиот брег на Колубара.

Истиот ден Првата армија напредува и ѝ овозможува на Третата армија успех на нејзиниот фронт и започнување на прогон на непријателот кој е принуден на повлекување. Тој ден и Ужичката војска излегуват на брегот на Дрина, додека Втората армија ослабната од заминување на Тимочкарата дивизија ја сопира офанзива држејќи сè до одбранбените позиции и активности.

Во раните утрински часови, истурени делови на Дунавската дивизија влегуваат во Ваљево, до крај на денот го ослободуваат градот, додека австроунгарскиот 16 корпус се утврдува на позициите северно од Ваљево, во обид да дадат последен отпор. Третата армија се пробива на Колубара и продолжува да го гони непријателот на простор помеѓу реката Љиг и Топлица, упатувајќи ја Дринската дивизија како засилување на Втората армија, која потоа тргнува во напад.

На 8 декември Оскар Почорек ѝ наредува на Петтата армија да го запре нападот и со Шестата армија, која веќе се повлекува, да се утврдат на линијата: Степојевац-Толобас-Градац-Парцански вис-Ковиона-Лина-Крајкова Бара-Мостиње (на Дунав). Меѓутоа, следниот ден, 16 корпус северно од Ваљево е потполно разбиен, поради тоа на 15 и остатоците од 16 корпус им наредил да се повлечат кон Шабац, а 13 корпус да ѝ помогне на Петтата армија да ги одржи позициите на линијата Раља - Степојевац - Обреновац (во дужина од 60 километри. Оваа линија на фронтот била предолга, така што Петтата армија на 10 декември зазема положба на линијата Дубоко (на Сава)Сремчица- Цветков гроб-Авала-Мостиње со должина од 32 километри.

Главна команда на српска војска наредува Првата армија да запре во Ваљево, да ги обезбеди крилото и заднината на останатите армии кои ќе започнат пробивање на фронтот на Петтата армија, а со дел од силите да продолжи прогон на 15 и 16 корпус, кои во безредие се повлекувале кон Босна и Срем. Според наредбите, завршната офанзива за ослободување на Белград започнала на 11 декември со удар на Третата армија во 5 часот и Првата и Втората армија во 7 часот.

Австроунгарскиот 15 корпус при повлекувањето пред налет на Дринска дивизија, во рок од 27 часа преминува 40 километри и кај Шабац ја напушта територијата на Кралството Србија, едновремено кон Шабац, пред Дунавските дивизии, се повлекувале и остатоци на 16 корпус. Со нивното префрлање во Срем на 12 декември завршени се операциите во Колубарската битка. Останатите непријателски трупи по поразот на Авала се повлекле кон Белград, а на пладне на 14 декември издадена е наредба, со првиот мрак да се изврши повлекување преку Сава. Во тек на ноќта, австроунгарските сили го напуштиле Белград кој на 15 декември бил ослободн, со што се завршени борбите на балканското боиште во тек на есента 1914 година.[9]

Загуби во тек на битката

[уреди | уреди извор]

Загуби на војската на Кралството Србија

[уреди | уреди извор]
  • Загинати - 22.000
  • Ранети - 91.000
  • Заробени - 19.000

Вкупно 153.373 војници, 2.110 офицери и 8.074 подофицери биле исфрлени од редовите на армијата.

Загуби на Балканската војска на Австроунгарската монархија

[уреди | уреди извор]
  • Загинати - 27.216 (војници и подофицери) + 1.080 (офицери)
  • Ранети - 118.911 (војници и подофицери) + 3.211 (офицери)
  • Заробени- 1.800 (војници и подофицери) + 66 (офицери)
  • Исчезнати - 73.988 (војници и подофицери) + 656 (офицери)
  • Болни - 44.117 (војници и подофицери) + 2.599 (офицери)

Укупно од редовите на војската се исфрлени 266.212 војници и подофицери и 7.592 офицери.

Последици на битката

[уреди | уреди извор]

Со победа во Колубарска битка Австроунгарија не успеала со своите сили да ја уништи Србија, поради што Централните сили и во тек на 1915 година биле присилени да се борат на три фронта и уште поважно Германија била принудена да прати помош на Балканскиот фронт, со што ги ослабнала своите сили на двата преостанати фронта, а со тоа и ја намалила можноста да ги оствари своите воени планови.

Силната српска победа го одложила влегувањето на Бугарија во војната на страна на Централнире сили, и ја убрзало одлуката на Кралството Италија да влезе во војна на страна на Антанта.

Значај на Колубарскaта битка во историја на војувањето

[уреди | уреди извор]

Колубарска битка во историја на војувањето влегла како редок пример кога војската која била отпишана, на која ѝ се припишувал потполн пораз, за кусо време успева да се реорганизира, да премине во контра офанзива и на непријателот да му нанесе решителен пораз. Тактиката на прегрупирање на Првата армија и концентрираниот удар на Шестата армија (која што била развлечена на фронт) што ја извел Живојин Мишиќ денес се изучува на воени училишта во целиот свет. За историјата е значајна и стратегијата кога двете војски во операциите немале стратешки резерви, со кои можеле да ги зајакнат своите линии таму каде што е неопходно, тоа го постигнувале со префрлање на сили од еден на друг фронт.

  1. B. Hrabak, „Austro-ugarski zarobljenici u Srbiji 1914–1915. godine i prilikom povlačenja kroz Albaniju“, Historijski institut Slavonije – Zbornik, br. 2/1964, стр. 107-204.
  2. Душан Т. Батаковић - Никола Б. Поповић, Колубарска битка, Литера, Београд 1989.
  3. Родолф Арчибалд Рајс о злочинима Аустроугаро-Бугаро-Немаца у Србији 1914–1918, стр. 60-61.
  4. В. Ћоровић, Односи између Србије и Аустро-Угарске у ХХ веку, Белград, 1936,
  5. Dr. Ferenc Pollman, „Austro-hungarian Atrocities against Serbians during the WWI (Šabac, 17 th of August, 1914)“,
  6. Поповић, Никола Б. (2000). Срби у Првом светском рату 1914—1918. Нови Сад: Друштво историчара Јужнобачког и Сремског округа.
  7. Бранислав Нушиќ, Деветсто петнаеста, Просвета, Белград, 1978.
  8. Џон Рид, Рат у Србији 1915, Цетиње 1975, стр. 34.
  9. Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 145 - 152