Прејди на содржината

Лазар Кунгалов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лазар Кунгалов
Роден 15 октомври 1884(1884-10-15)
Радово, Серско
Починал 15 април 1970(1970-04-15) (возр. 85)
Чучулигово, НР Бугарија

Лазар Кунгалов (15 октомври 1884 Радово, Серско15 април 1970, Чучулигово, Пиринска Македонија) — македонски револуционер, деец на ВМОРО.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Лазар Кунгалов како член на ВМОРО со Тома Радовски раководат мала чета која дејствува по течението на реката Струма. Целта е собирање оружје и пари за организацијата. Во периодот околу Балканската војна, Лазар е во четите кои се формирани и дејствуваат во Серскиот револуционерен округ на ВМОРО.[1] Поради својата активност пати неговото семејство, тоа е иселено од грчките власти во реонот на Волос, на 215 километри јужно од Солун. По преселувањето на семејството во Чучулигово, Петричко, Лазар и Тома Радовски со четата движеле и во тој реон. Кон крајот на својата активнот Лазар се населил во селото Чучулигово. Живеел одделно од фамилијата, во сопствена куќа.[2]

Во 1941 година се преселил во Сер, каде имал своја кланица и месарски дуќан.[3]

  1. Радовски, Александър (2017). Оцеляло родолюбие. Спомен за Тома Радовски. Велико Търново: Фабер. стр. 20. ISBN 978-619-00-0665-7.
  2. Радовски, Александър (2017). Оцеляло родолюбие. Спомен за Тома Радовски. Велико Търново: Фабер. стр. 74–75. ISBN 978-619-00-0665-7.
  3. Радовски, Александър (2017). Оцеляло родолюбие. Спомен за Тома Радовски. Велико Търново: Фабер. стр. 18. ISBN 978-619-00-0665-7.