Радово (Валовишко)
Радово Χαροπό | |
---|---|
Координати: 41°15.37′N 23°22.22′E / 41.25617° СГШ; 23.37033° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Валовишта |
Надм. вис. | 130 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 783 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Радово или Радево (грчки: Χαροπό, Харопо; до 1927 г. Ράδοβον, Радовон[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 783 жители (2021). Во минатото било населено исклучиво со Македонци, кои и денес се значајно мнозинство од населението.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во Серското Поле, на јужниот влез на Рупелската Клисура и околу 4 км северно од Валовишта.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Радово било чисто македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Радово (Radovo) било село со 95 домаќинства од 300 жители Македонци[4].[5]
Во 1891 г. охридскиот интелектуалец Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Радово, еден час северозападно од Валовишта. Каменеста почва и ридови. Главно занимање на жителите е изработката на камени мелнички, кои се нудат дури во Драмско. Малку жители и земјоделци. Грчка црква; во училиштето, кое го посетуваат 20 ученици, учат по некоја книга и на бугарски. 50 куќи, само Македонци.[4][6] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 г. Радево броело 400 жители, сите Македонци христијани.[4][7]
Во селото работела грчката пропаганда. Целото население на Радово било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. христијанското население на Радово (Radovo) се остоело од 560 Македонци, сите под патријаршијата (грчката црква).[4][8]
Во Грција
[уреди | уреди извор]Во Првата балканска војна Радово е окупирано од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. имало население од 503 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 625.[3]
По 1923 г. властите довеле грчки колонисти и Радово станало етнички мешано. Во 1928 г. во селото се попишани 784 жители, од кои 93 лица (28 семејства) биле грчки дојденци, а апсолутното мнозинство останале Македонци.[3]
Во 1926 г. селото е преименувано во Харопон, што значи „радосно“, но ова официјално стапило на сила следната 1927 г.[2] Поради добрата почва и сообраќајните врски, селото продолжило да расте, примајќи доселеници од попасивните места и напуштените села од разграноците на Сенгелска Планина.[3]
Во 1940 г. Радово пораснало на 1.042 жители. Следната 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 1.037 жители.[3] Во 1951 г. населението пораснало на 1.271 жител и продолжило да расте поради доселувањето на жители од планинските села во текот на Граѓанската војна.[3] Во 1960-тите Радово го зафатил бран на иселувања во градовите, па затоа во 1971 г. бројноста се смалила на 1.085 лица. Сепак, воследниот период населението повторно се накачило, достигајќи 1.432 жители во 2000 г. Најголемиот пад се случил во текот на 2000-тите, кога Радово спаднало на 1.042 лица во 2011 г.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.042 | 1.271 | 1.359 | 1.085 | 1.256 | 1.196 | 1.432 | 1.042 | 783 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото важи за многу богато. Се одгледува доста памук и други земјоделски производи, а развиено е и сточарството.[3]
Личности
[уреди | уреди извор]- Георги Симеонов — револуционер на ВМРО, воденски селски војвода во Илинденското востание[9]
- Димитри Авгенаки — револуционер, учесник во „Филики етерија“, по провалата се префрлил на востанието во Молдавија во 1821 г. преку Прут во Русија[10]
- Иван Радовски (1905 – 1978) — револуционер, деец на ВМРО
- Лазар Кунгалов (1884 – 1970) — револуционер, деец и војвода на ВМРО
- Тома Радовски (1862 – 1957) — револуционер, деец и реонски војвода на ВМРО
- Христо Радовски (1903 – 1980) — револуционер, член и деец на ВМРО
- Марко Радовски (1908 – 1984) — револуционер, деец и четник на ВМРО
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ράδοβον - Χαροπόν
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 205.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ "Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г." Македонски научен институт, София, 1995, стр. 136-137.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 852.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 188-189.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 150.
- ↑ Тодоров, Николай. Балкански измерения на Гръцкото въстание от 1821 година. Приносът на българите, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр. 182.
|