Прејди на содржината

Ледено доба: Топењето (филм од 2006)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ледено доба: Топењето (англиски: Ice Age: The Meltdown) - американски анимиран филм од 2006 година, во режија на Карлос Салдана. Гласовите ги позајмуваат: Реј Романо, Џон Легуизамо, Денис Лири, Квин Латифа, итн. Филмот претставува втор дел од серијалот „Леденото доба“.

Содржина

[уреди | уреди извор]

На крајот од Леденото доба настапува периодот на забрзано топење на мразот, придружен со зголемена вулканска активност. Поради заканата од поплава, сите животни брзаат да се засолнат на некои повисоко место. За разлика од другите животински видови, коишто се држат заедно, Мени (гласот на Романо) нема никого од својот вид и мисли дека тој е последниот мамут. Додека тој, мрзливецот Сид (гласот на Легуизамо) и сабјестиот тигар Диего (гласот на Лири) брзаат да се спасат, неочекувано среќаваат млада женка-мамут, со име Ели (гласот на квин Латифа) во друштво со два опосума. За несреќа, Ели е малку необична, зашто мисли дека е опосум. Одејќи заедно, Мени и Ели постојано се караат, така што најпосле нивните патишта се разделуваат. Сепак, кога доаѓа поплавата, дознавајќи дека Ели е заробена во една пештера, Мени храбро се жртвува, скокајќи во длабоката вода во која пливаат опасни грабливци и ја спасува Ели. Притоа, и Сид паѓа во водата, а него го спасува Диего, кој дотогаш има страв од водата. На крајот, Мени и Ели среќаваат цело стадо мамути, меѓутоа тие продолжуват заедно на друга страна.[1]