Прејди на содржината

Македонска парламентарна група

Од Википедија — слободната енциклопедија

Од 1927 година сè до државниот удар на 19 мај 1934 година, во Народното собрание на Царство Бугарија дејствувала парламентарна група која ги претставувала интересите на населението од Благоевградската област односно Бугарите од регионот Македонија. Таа се среќава под името Македонска парламентарна група. Таа работела само во два мандати. Првиот мандат е на 22. Основно Народно собрание кога добива 11 пратеници, а вториот на 23. Основно Народно собрание со 8 пратеници. Групата често се поврзува со автономистичката ВМРО.

Список на пратеници

[уреди | уреди извор]
22. Основно Народно собрание
Име Околија* Роден во Занимање
Иван Каранџулов, претседател Неврокоп Прилеп правник
Ангел Узунов, секретар Горна Џумаја Охрид адвокат
Владимир Руменов Петрич Крушево лекар
Димитар Жостов Неврокоп с. Гајтаниново, неврокопско офицер, пензионер
Димитар Поп Пандов Неврокоп с. Ваташа, кавадаречко општественик, пензионер
Добри Манасиев Петрич Штип општественик, пензионер
Ѓорѓи Кулишев Горна Џумаја Дојран новинар
Иван Ингилизов Горна Џумаја с. Чифлик, пехчевско наставник, трговец
Јордан Мирчев Петрич општественик, пензионер
Константин Станишев Петрич Кукуш лекар
Петар Цуцуманов Горна Џумаја Мехомија учител, просветен деец
23. Основно Народно собрание
Име Околија* Роден во Занимање
Константин Станишев, претседател Петрич Кукуш лекар
Петар Мрмев, секретар Горна Џумаја Прилеп новинар
Атанас Хаџи Попов Свети Врач општественик
Васил Василев Горна Џумаја с. Трговиште, кожанско трговец, општественик
Васил Поп Димитров Петрич
Иван Ингилизов Горна Џумаја с. Чифлик, пехчевско наставник, трговец
Петар Кушев Неврокоп Велес лекар
Стојан Филипов Неврокоп с. Старчишта, драмско наставник, правник

[*] Изборна единица, околија; околијата која пратеникот ја претставува во собранието.