Чифлик (Пехчевско)
Чифлик | |
Панорамски поглед на Чифлик | |
Координати 41°45′33″N 22°51′33″E / 41.75917° СГШ; 22.85917° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Пехчево |
Област | Малешевија |
Население | 216 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2326 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01016 |
Надм. вис. | 900 м |
Чифлик на општинската карта Атарот на Чифлик во рамките на општината | |
Чифлик на Ризницата |
Чифлик — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Малешевија, во западниот дел на територијата на Општина Пехчево, недалеку од самиот град Пехчево. Селото е сместено на регионалниот пат Берово-Пехчево-Делчево.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 900 метри.[2]
Атарот зафаќа простор од 8,9 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 442 хектари, на пасиштата отпаѓаат 258 хектари, а на шумите 116 хектари.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Чифлик било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втроата светска војна.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Чифлик имало 357 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чифлик имало 464 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
Селото во 1961 година броело 493 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 362 жители, од кои 359 биле Македонци и 3 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Чифлик живееле 321 жител, од кои 319 Македонци и 2 Срби.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 216 жители, од кои 213 Македонци, 1 Србин, 1 останат и 1 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 357 | 464 | 471 | 466 | 493 | 449 | 409 | 392 | 362 | 321 | 216 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште „Ванчо Китанов“ до V одделение[13], подрачно училиште на ОУ „Ванчо Китанов“ - Пехчево
- Амбуланта
- Дом на културата
- Месна заедница
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Градска општина Пехчево, во која влегувале градот Пехчево и селата Негрево и Чифлик.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Чифлик се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Умлена и Црник.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачко место бр. 0025 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 220 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 206 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[17]
- Во Селото — гроб од старохристијанското време;
- Градиште — населба од железното време и средниот век;
- Преслап — могила од римското време;
- Света Петка — старохристијанска црква;
- Скалата — старохристијанска црква; и
- Тумба — могила од римското време.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Јован Богослов“ — главна селска црква
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 319. Посетено на 25 март 2018.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 март 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ООУ Ванчо Китанов Пехчево“. Општина Пехчево. Посетено на 25 март 2018.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 март 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-06-16. Посетено на 25 март 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Чифлик (Пехчевско) на Ризницата ?
|