Прејди на содржината

Мал корморан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мал корморан
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Блуновидни
Семејство: Корморани
Род: Мал корморан
Вид: Мал корморан
Научен назив
Phalacrocorax pygmeus
(Pallas, 1773)
Јајца на мал корморан.

Мал корморан (науч. Microcarbo pygmaeus, народен макед. назив: ачко) — водна птица, од родот мал корморан (Microcarbo) во склоп на семејството корморани (Phalacrocoracidae). Се размножува во Југоисточна Европа и Југозападна Азија. Тој е делумно преселнички вид, при што северните популации презимуваат длабоко на југ, најмногу во склоп на териториите каде се размножува. Редок е во Западна Европа. Во Македонија живее на Преспанското Езеро.

Живеалиште

[уреди | уреди извор]

Малиот корморан живее и се размножува во колонии во блатата со мирна или бавнотечечка слатка вода, во крајбрежните делти и слатководните езера со многу вегетација. Тој гради гнездо од трева и гранчиња на ниски дрвја.

Ова е средноголема птица со зеленикав одблесок, долга 45–55 см и со распон на крилјата 75–90 см. Поседува долга опашка и краток задебелен клун. Возрасните имаат мали бели пердуви на вратот и стомакот во сезоната на размножување. Птиците кои не се во сезона на размножување поседуваат бело грло. Половите се слични на изглед, но младите единки се потромави и покафеавкасти.

Овој вид се разликува од големиот корморан и аристотеловиот корморан по тоа што е помал, поситен и има подолга опашка.

Поведение

[уреди | уреди извор]

Малиот корморан се храни главно со риби, често ловејќи во група, и обитува во дрвјата меѓу периодите на ловење. При крај на мај, снесените јајца ги инкубираат двата родитела во период од 27 до 30 дена. На младенчињата им е потребно 70 дена за да се осамостојат, а претходно ги хранат родителите со риби и други ситни водни животни.

Погледни

[уреди | уреди извор]
  1. BirdLife International (2011). „Phalacrocorax pygmeus“. IUCN Red List. Version 2011.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 3 јули 2011.