Мачу Пикчу (кечуански: Machu Pikchu) – „стара планина“) е претколумбовски град на Инките кој се наоѓа на 2430 метри надморска височина на Андите во Перу.[1] Градот, а денес археолошко наоѓалиште, се наоѓа на планински венец над долината Урубамба во Перу, каде тече реката Урубамба и од Куско е оддалечен околу 80 километри. Голем број археолози веруваат дека Мачу Пикчу бил изграден како одморалиште на Сапа ИнкаПачакути. Мачу Пикчу понекогаш се именува и како „изгубениот град на Инките“ и тој претставува најпознат симбол на некогашната империја.
Инките започнале да го градат во 1400 година, но бил напуштен во официјална смисла од страна на владетелите на Инките еден век подоцна. Иако градот и наоѓалиштето биле познати за мештаните, тој не бил познат за остатокот од светот. Вниманието на светската јавност било фокусирани кон наоѓалиштето во 1911 година кога американскиот историчар Хирман Бигман го претставил Мачу Пикчу на светот. Од тогаш, Мачу Пикчу е важна туристичка атракција.
Мачу Пикчу во 1981 година бил прогласен за Перуанско историско светилиште и во 1983 година бил вклучен во Светското наследство на УНЕСКО. Бидејќи не бил чепнат од Шпанците, Мачу Пикчу има доста голема историска, археолошка и културна важност и се смета за свето место. Мачу Пикчу бил изграден во класичен Инка стил, со полирани камени ѕидови. Главни градби во наоѓалиштето се Интихуатана, Храмот на сонцето и Собата на три прозорци. Овие три градби се наоѓаат во делот кој археолозите го нарекуваат „свет округ“ на Мачу Пикчу. Во септември 2007 година, Перу и Универзитетот Јејл се договориле да се пренесат сите артфакти во Перу кои биле пренесени за време на американската експедиција на чело со Бингам.
Овој град е бил создаден како свет планински дом на големиот управник на инките Пачакутек, еден век пред да биде освоен од страна на Шпанската империја - околу 1440 година (град формиран пред доаѓањето на Колумбо во Америка од страна на Инките.), и функционирал сè до 1532 година, кога шпанците ја нападнале империјата на инките. Во 1532 година цело негово население тајно исчезнало.
Мачу Пикчу е конструиран е околу 1450 година, во кулминацијата на развојот на Инките, и бил напуштен 100 години подоцна, кога империјата се срушила по покорувањето од страна на Шпанците. Иако тврдината е сместена на околу 50 километри од Куско, главниот град на Инките, не бил никогаш најден и уништен од Шпанците, како многу други места. Со векови, џунглата одоколу обраснала на наоѓалиштето, и многу малку луѓе знаеле за неговото постоење. Во 1911 година историчарот и истражувачот Хирам Бингам го „донесе“ изгубениот свет пред очите на јавноста. Бингам и други мислеле дека тврдината била традиционалното место на раѓање на Инкитеили духовен центар на „девиците на сонцето“.
Формиран е на висорамнина од н.в. од 2,430 m. Под градот се наоѓа долината Урумбаба во Перу на оклолу 70 км северозападно од градот Куско. Бил заборавен со векови од страна на светот, сепак не и од страна на месното население. Интернационалното внимание градот го сврти археологот Хирам Бингам во 1911 година кој го дал првото научно мислење за ова место и за кое напишал Бестселер за тоа. Перу вложува огромни напори за по легален пат да ги врати во Перу илјадниците артефакти кои Бингам ги дислоцирал. Мачу пикчу е можеби еден од најпознатите симболи на империјата на Инките.
Во 1983 година од страна на УНЕСКО наоѓалиштето е прогласено за светско наследство и опишано како „апсолутно ремек-дело на архитектурата и уникатен сведок на цивилизацијата на Инките“.
Bingham, Hiram (1922). Inca Land: explorations in the highlands of Peru. Boston, Massachusetts, USA: Houghton Mifflin. OCLC248230298.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Bingham, Hiram (1930, 1979). Machu Picchu, a citadel of the Incas. New York, USA: Hacker Art Books. ISBN9780878172528. OCLC6579761. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Burger, Richard; and Lucy Salazar (eds.) (2004). Machu Picchu: Unveiling the Mystery of the Incas. New Haven, Connecticut, USA: Yale University Press. ISBN9780300097634. OCLC52806202.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
Frost, Peter; Daniel Blanco; Abel Rodríguez and Barry Walker (1995). Machu Picchu Historical Sanctuary. Lima, Peru: Nueves Imágines. OCLC253680819.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Richardson, Don (1981). Eternity in their Hearts. Ventura, California, USA: Regal Books. стр. 34–35. ISBN0-8307-0925-8. OCLC491826338.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
UNESCO World Heritage Centre. „Historic Sanctuary of Machu Picchu“. UNESCO World Heritage Centre. Посетено на 10 Jan. 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)