Небрегово
Небрегово | |
Поглед на Небрегово | |
Координати 41°26′58″N 21°33′30″E / 41.44944° СГШ; 21.55833° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Долнени |
Област | Прилепско Поле |
Население | 118 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7504 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20071 |
Надм. вис. | 700 м |
Небрегово на општинската карта Атарот на Небрегово во рамките на општината | |
Небрегово на Ризницата |
Небрегово — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Небрегово се наоѓа во Прилепско Поле, на јужното подножје на планината Бабуна, во источниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 700 м. Неговиот атар зафаќа површина од 16,8 км и се граничи со атарите на селата: Присад на исток, Дабница на југ, Горно Село и Дупјачани на запад, и Дреновци и Оморани на север. Од Прилеп е оддалечено 20 км.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]
Селото се споменува во написот насловен „Заград и заградчани — На гробот од Глигор Соколовиќ“, објавен во српскиот весник Политика на 21 ноември 1934 година.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Во рамки на селскиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 618 ха, пасиштата се на површина од 481 ха, а на шуми отпаѓаат 380 ха. Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Небрегово е село со 40 домаќинства и 166 жители Македонци.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Небрегово живееле 522 жители Македонци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во селото имало 280 Македонци.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Небрегово се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 37 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9]
Небрегово е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 303 жители, а во 1994 година 155 жители, македонско население и само двајца жители Срби.
Според пописот од 2002 година, селото Небрегово броело 156 Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 105 Македонци и 13 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 522 | 280 | 358 | 343 | 303 | 282 | 217 | 164 | 155 | 156 | 118 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
[уреди | уреди извор]Небрегово е македонско село.
Родови во селото се: Црвенковци (12 к.), Дудевци (5 к.) и Шербановци (3 к.) изгледа тоа се стари доселеници, кои не знаат од каде се доселени; Рујановци (11 к.) доселени се од местото Рујан на планината Мукос, денес тоа место припаѓа во атарот на селото Оморани, доселени се кон крајот на XVIII век; Љамевци (8 к.) и Димчевци (4 к.) порано биле еден род, Љамевци се делат на Соколовци и Коневци, доселени се од Дебарско. Од нив потекнуваат Блаже Конески и Глигор Соколов; Димковци (6 к.) доселени се од селото Десово, можеби таму биле староседелци; Пишкар (1 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од Маргари или Стровија; Мраморци (1 к.) доселени се во турско време од селото Мало Мраморани; Голомадевци (1 к.) доселени се во 1920 година од Варош (денес маало во Прилеп).[16]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Во селото работи подрачното основно училиште „Пере Тошев“, каде што се изведува настава до петто одделение.[17] Освен тоа, во селотом има и услужни објекти.[2]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дупјачани.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1462 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 89 гласачи.[19]
Културни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[20]
- Гробиште — осамен наод од римско време;
- Дрениче — населба од доцноантичко време;
- Латинска Црква — црква и некропола од старохристијанско време;
- Лечиште — населба од неолитско време;
- Манастириште — населба од доцноантичко време;
- Орман — кастел од римско време;
- Селска Црква — осамен наод од римско време.
- Манастири[21]
- Споменици
- Спомен-дом на Блаже Конески.
- Цркви[21]
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Јован Крстител“ — манастирска црква.
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Небрегово
- Глигор Соколов (1870 - 1910) — војвода;
- Ѓорѓи Нешков (1877 - ?) — македонско-одрински доброволец;
- Блаже Конески — македонски поет и јазичар.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на селото
-
Сретселото
-
Спомен-домот на Блаже Конески
-
Натписна плоча на спомен-домот на Блаже Конески
-
Основното училиште
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 205.
- ↑ „Небрегово“. OldPrilep. 15 мај 2012.
- ↑ „Заград и заградчани — На гробот од Глигор Соколовиќ“. OldPrilep. 16 март 2016.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 246.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 150-151.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 јули 2020.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
- ↑ „Образование“. Општина Долнени.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 8 јули 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ 21,0 21,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.