Прејди на содржината

Паликура

Координати: 41°32′13″N 21°58′32″E / 41.53694° СГШ; 21.97556° ИГД / 41.53694; 21.97556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Паликура
Паликура во рамките на Македонија
Паликура
Местоположба на Паликура во Македонија
Паликура на карта

Карта

Координати 41°32′13″N 21°58′32″E / 41.53694° СГШ; 21.97556° ИГД / 41.53694; 21.97556
Регион  Вардарски
Општина Росоман
Население 145 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 11031
Надм. вис. 267 м
Паликура на општинската карта

Атарот на Паликура во рамките на општината
Паликура на Ризницата

Паликура — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 12 километри северозападно од Неготино, 13 километри северно од Кавадарци и 5 километри североисточно од општинскиот центар Росоман.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

За потеклото на името на ова село, кое се наоѓа на височинка, има две приказни.

Според жителите на Паликура, името е од пред неколку века, уште од турско време. Кога доаѓал аскерот да ги гаѓа комитите на височинката со топови, се слушале команди: "Пали!" Бидејќи Турците промашувале, овие одозгора им покажувале среден прст или цела рака и ги провоцирале на цел глас.

Д-р Јачева - Улчар, пак, објаснува дека името Паликура има грчко потекло. "Палаиос" е грчка придавка, со значење стар, вели таа. И именката "хорион" е грчка, а значи село, па, според тоа, Паликура е Старо Село.

Историја

[уреди | уреди извор]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948464—    
1953381−17.9%
1961387+1.6%
1971325−16.0%
1981309−4.9%
ГодинаНас.±%
1991216−30.1%
1994209−3.2%
2002183−12.4%
2021145−20.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Паликура живееле 130 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Паликура имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година селото имало 183 жители, од кои 176 Македонци и 8 Срби.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 145 жители, од кои 103 Македонци, 14 Роми, 9 Срби, 1 останат и 18 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 130 128 464 381 387 325 309 216 209 183 145
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Според податоците помеѓу 1914-1924 година, родови во селото

Македонски

  • Доселеници: Атанасковци (1 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Сопот; Петрушевци (1 к.) доселени се во 1894 година од селото Горно Чичево; Јановци (1 к.) доселени се во 1899 година од селото Крајници кај Велес; Лазорковци (2 к.) доселени се во 1904 година од селото Долно Чичево; Шоповци-Драгожели (2 к.) доселени се во 1905 година од селото Драгожел. А таму се доселени од околината на Штип; Јовановци (2 к.) доселени се во 1906 година од селото Росоман; Аврамовци (1 к.) доселени се во 1906 година од селото Горна Бошава; Димовци (1 к.) доселени се во 1906 година од селото Глишиќ; Лазорковци (1 к.) доселени се во 1907 година од селото Горна Бошава; Ѓоргијовци (1 к.) доселени се во 1908 година од селото Долно Чичево; Петровци (1 к.) доселени се во 1910 година од Горно Чичево; Димовци (1 к.) доселени се од селото Крстец кај Прилеп.

Српски

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 713 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 134 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви
Археолошки наоѓалишта[14]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.154
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 - 105.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 155, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]