Прејди на содржината

Глишиќ

Координати: 41°26′58″N 22°01′24″E / 41.44944° СГШ; 22.02333° ИГД / 41.44944; 22.02333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Глишиќ
Глишик

Панорама на приградската населба, а во позадина дел од градот Кавадарци

Глишиќ во рамките на Македонија
Глишиќ
Местоположба на Глишиќ во Македонија
Глишиќ на карта

Карта

Координати 41°26′58″N 22°01′24″E / 41.44944° СГШ; 22.02333° ИГД / 41.44944; 22.02333
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Тиквеш
Население 1.562[1] жит.
(поп. 2021)[2]

Пошт. бр. 1430
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11009
Надм. вис. 274 м
Глишиќ на општинската карта

Атарот на Глишиќ во рамките на општината
Глишиќ на Ризницата

Глишиќ (понекогаш нарекувана Глишик) — приградска населба на градот Кавадарци, во областа Тиквеш. Поради својата близина со градот Кавадарци, ова некогаш големо село прераснало во приградска населба, како што и официјално е означено во статутот на Општина Кавадарци.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Ова големо село се наоѓа во североисточниот дел од Општина Кавадарци, но бидејќи лежи на само три километри од градот Кавадарци, селото влегува во рурбалната зона на централното место. Сместено е на самиот регионален пат Кавадарци-Неготино.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 235 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 3 километри.[4]

Поради непосредната близина, Глишиќ во текот на времето прераснал во приградска населба на градот Кавадарци. Приградската населба се наоѓа на десната страна од реката Луда Мара, во рамница и на блага падина под отсекот Градиште. Горното и Долното Маало ги раздвојува само патот.

Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 548,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 93,2 хектари, а на шумите само 19,5 хектари.[4]

Селото е од збиен тип, поделено на две маала, Горно и Долно Маало.[5]

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото било христијанско-муслиманско и не било чифлик во турско време.[5]

Во XIX век, Глишиќ било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото во основа има полјоделска функција.[4]

Во минатото, селаните главно се занимавале со земјоделство.[5]

Население

[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Глишиќ имало 284 жители, од кои 200 христијани и 84 муслимани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Глишиќ имало 224 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Муслиманските родови од селото се иселиле пред Втората светска војна, што може да се забележи и од податоците од спроведените пописи по војната.

Поради близината на градот, Глишиќ станало место во кое се доселувале. Така, во 1961 година селото броело 346 жители, а во 1994 година бројот се зголемил дури на 1.365 жители, од кои 1.359 биле Македонци, а пет жители Срби.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Глишиќ имало 1.562 жители, од кои 1.547 Македонци, 4 Власи, 5 Срби и 6 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 284 224 272 317 346 652 1.001 1.252 1.365 1.562
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Според истражувањата од 1920-1924 година родови во селото Глишиќ се:[5]

  • Христијански родови:
    • Старинци: Савевци (6 к.), Данаиловци-Аѓувкаровци (1 к.), Маркудеевци (2 к.), Лажовци (1 к.), Маскаровци (1 к.), Крпејке (1 к.), Кираџијовци (1 к.) и Андовци (3 к.)
    • Доселеници: Гроздановци (1 к.) доселени се во почетокот на 19 век од Кавадарци; Марковци (1 к.) доселени се во 1840 година од селото Мрежичко; Пичуровци (1 к.) и Бандевци (1 к.) доселени се средината на 19 век од Кавадарци; Јанакијевци (3 к.) доселени се во 1880 година од селото Возарци; Колевци (1 к.) доселени се во 1885 година од селото Ваташа; Димовци (1 к.) доселени се во 1888 година од селото Долни Дисан; Дубровци (1 к.) доселени се во 1894 година од селото Марена, а таму во средината на 19 век од селото Дуброво; Апостоловци (1 к.) доселени се во 1900 година од прилепското село Радобил; Дисанци (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Долни Дисан; Караџовци (1 к.) доселени се во 1908 година од Кавадарци; Новевци (1 к.) доселени се во 1910 година од велешкото село Градско; Поп-Дафчевци (1 к.) доселени се во 1913 година од селото Марена, а таму во средината на 19 век од селото Гарниково; Колевци (1 к.) доселени се во 1913 година од велешкото село Градско.
  • Муслимански родови:
    • Старинци: Оџевци (1 к.), Шеовци (1 к.), Хаџи Алијовци (2 к.), Шатковци (3 к.), Нуминовци (3 к.), Бекировци (3 к.)
    • Доселеници: Долгачовци (3 к.) и Хаџи Цуфковци (1 к.) доселени во 1913 година од селото Долни Дисан.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Кавадарци, во која се наоѓале градот Кавадарци и селото Глишиќ.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кавадарска градска општина, во која покрај селото Глишиќ се наоѓале градот Кавадарци и селата Ваташа, Марена и Сопот.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]
Целосно обновената главна селска црква „Св. Димитриј“

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0662 според Државната изборна комисија, кое го опфаќа селото Глишиќ и дел од градот Кавадарци, кое е сместено во основното училиште во селото Глишиќ.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 723 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 717 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[17]
  • Градиште — утврдена населба од раноантичкото и римското време;
  • Грамада — населба од неолитското и римското време; и
  • Танко Патче — вила рустика од римското време.
Цркви[18][19]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Глишиќ
  • Никола Бадев (1918-1976) — еден од најпознатите пејачи на изворни македонски песни.
  • Ване Чавкаров (?-1905) — член на ВМРО и комита во четата на Добри Даскалов.
  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 февруари 2018.
  2. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  3. „Статус на Општина Кавадарци“ (PDF). Општина Кавадарци. декември 2005. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-08-18. Посетено на 25 февруари 2018.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 69. Посетено на 25 февруари 2018.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 377-379. |access-date= бара |url= (help)
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 153.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „ООУ Тошо Велков Пепето“. Архивирано од изворникот на 2018-01-09. Посетено на 25 февруари 2018.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 февруари 2018.
  15. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 17 јуни 2020. Посетено на 23 февруари 2018.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  17. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 146. ISBN 9989-649-28-6.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 23 февруари 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]