Помпеја
Поглед на Помпеја и планината Везув | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |
Место | Помпеи, Метрополен град Неапол, Кампанија, Италија |
---|---|
Координати | 40°45′0″N 14°29′10″E / 40.75000° СГШ; 14.48611° ИГД |
Вид | Град |
Површина | 64 до 67 ha |
Историја | |
Изграденo | 7–6 век п.н.е. |
Напуштено | 79 |
Белешки за наоѓалиштето | |
Портал | pompeiisites.org |
Службен назив: Археолошки наоѓалишта Помпеја, Херкуланеум и Торе Анунцијата | |
Тип: | Културно |
Критериуми: | iii, iv, v |
Прогласено: | 1997 (21во заседание) |
Број | 829 |
Регион: | Европа |
Помпеја (латински: Pompeii) — срушен и делумно затрупан римски град близу денешен Неапол во италијанскиот регион Кампанија, на територијата на општината Помпеја. Овој град, заедно со градот Херкуланеум биле уништени и сосема затрупани со катастрофалната ерупција на вулканот Везув на 24 август 79 г.
Вулканот ја потрупал Помпеја со многу метри пепел, и за него не се знаело 1.600 години, сѐ додека не бил случајно откриен во 1748 г. Оттогаш ископувањата даваат инзвонредно подробен увид во животот на градот во зенитот на Римското Царство. Денес местото една од најпопуларните туристички атракции во Италија и се смета за светско наследство на УНЕСКО.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Срушениот град Помпеја лежи на координатите Помпеи. Лежи на подигната почва формирана од текот на лавата северно од устието на реката Сарно (во антиката наречена Сарнус). Денес лежи на извесно растојание од морето, но во античко време била поблиску до морето.
, во близина на современото предградиеИсторија
[уреди | уреди извор]Рана историја
[уреди | уреди извор]Археолошките ископувања доаѓаат само до нивото на улицата како што било во 79 г.; со подлабоките ископувања во постарите делови на Помпеја и примероците од дупчења наоколу се гледаат пластови од измешан наноси кои укажуваат на тоа дека градот страдал од вулканот и други сеизмички случувања и пред тоа. Овие пластови од нанос се пронајдени врз лавното тло кое се наоѓа под градот, смешана со наносите. Тука археолозите имаат пронајдено парчиња од животински коски, парчиња од грниња и растенија. Со помош на радиоактивно датирање утврдено е дека најстариот слој датира од VIII-VI век п.н.е, околу времето на основањето на градот. Другите два слоја се одделени од останатите со добро-развиени слоеви од почва или пак римска калдрма и биле поставени во IV и во II век п.н.е. Теоријата за слоевите на измешани наноси е дека ова се случило со одрони, веројатно предизвикани од долги периоди на врнежи.[1]
Градот бил основан околу VI век п.н.е. од страна на оските, народ од централна Италија. Во тоа време местото веќе се корситело како сигурносно пристаниште за грчките и феникиските морепловци. Кога етрурците сакале да нападнат, Помпеја се сојузила со грците, кои тогаш го владееле Неаполскиот Залив. Во V век п.н.е. самните го освоиле градот (и сите други градови во Кампанија); новите владетели ја наметнале својата архитектура и го прошириле градот. Се претпоставува дека за време на самнитската власт рим го освоил градот за некое време, но овие теории не се потврдени.
Помпеја како град учествувал во војните кои кампанските градови ги започнале против Рим, но во 89 п.н.е. е опсаден од Сула. Иако единиците на Друштвениот Сојуз под водство на Луциј Клуентиј успешно се бранеле од римјаните, во 80 п.н.е. Помпеја морала да се предаде, по освојувањето на градот Нола. Станала римска колонија со име Колонија Корнелија Венерија Помпејанорум. Градот станал важна сообраќајница за стоки истоварени од бродови упатени кон Рим и јужна Италија долж блискиот Апиевиот пат.
I век н.е.
[уреди | уреди извор]Откопаниот град дава слика на римскиот живот во I век, замрзнат во моментот на катастрофата на 24 август 79 н.е. Изненадувачки добро зачувани се форумот, бањите, многу куќи и некои приградски вили како Вилата на мистериите.
Помпеја било живо место, кое денес како рушевина изобилува со дури и најситните детали од секојдневниот живот. На пример, на подот на една куќа (Сириковата) наоѓаме хумористичен напис Salve, lucru (Здраво, добивко), кој ни укажува на трговска фирма на двајца ортаци Сирико и Нумијан (ова може да е прекар, бидјќи нумус значи монета, пари). Други куќи изобилуваат со детали во врска со занимања и категории, како кај перачите (fullones). Пронајдени се и бочви вино со најраната пронајдена маркетиншка игра на зборови, Vesuvinum (кованка од Vesuvius и vinum). Графитите по ѕидовите ни даваат увид во вистинскиот уличен латински. Во 89 п.н.е., по последната окупација на градот од страна на римскиот генерал Луциј Корнелиј Сула, Помпеја конечно е припоена кон Римската Република. Во републичкиот период, Помпеја доживува огромен инфраструктурен развој, од кој најголемиот дел се случил во периодот на Октавијан Август. Во градот откриени се и амфитеатар, палестра со централен нататориум или базен, аквадукт кој носел вода за 25 улични чешми, најмалку четири јавни бањи и голем број на приватни куќи (домуси) и дуќани. Аквадуктот се разгранувал од три глави цевки од т.н. кастелум аквае, каде водата се собирала пред да се доведе во градот; во случај на екстремна суша водата најпрвин не стигнувала до јавните бањи (најнеопходното место), па приватните куќи и дуќани, па дури кога сосема ќе снема вода, тогаш би снемало во јавните чешми (најопходното место).
Големиот број на добро зачувани фрески на одличен начин ни го прикажуваат секојдневниот живот во Рим. Овие се од големо значење за историјата на уметноста на античкиот свет, со измислувањето на т.н. Помпејски стилови (Прв/Втор/Трет стил). Некои аспекти од културата биле јасно еротски, како на пример славењето на фалусот, откриено по разните посветени предмети кои до скоро биле сместени во тајна збирка во Наполскиот Универзитет.
Во времето на ерупцијата градот имал некои 20,000 жители, и бил сместен во област во која римјаните имале вили за одмор. Проф. Вилијам Абот вели, „Во времето на ерупцијата, Помпеја го достигнала својот општествен врв и многу римјани често доаѓале во Помпеја на одмор.“ Ова е единствениот антички град чија целосна топографска структура е сосема позната, точно како што била, без подоцнежни преиначувања и додавки. Градот не е распореден по правилен план како другите римски градови заради незгодниот терен. Но сепак неговите улици се прави во решеткаста композиција, во најчистата римска традиција; поплочени се со многуаголни камења, со куќи и дуќани на обете страни од улицата.
Освен форумот наоѓаме и други зданија од јавен карактер: макелум (голем прехранбен пазар), пистринум (мелница), термополиум (вид на бар за ладни и топли пијалаци), каупони (мали кафеани). Најдени се и еден амфитеатар и два театра, заедно со палестра гимназиум. Пронајден е и хотел (ан) (1,000 м²) на кратко растојание од градот.
Во 2002 направено е важно окртитие на устието на реката Сарно кое укажува на тоа дсека простанштето било населено со луѓе кои живееле на палафити (наколни куќи), во рамките на каналски систем како во Венеција. Овие изчувања се на самиот почеток.
62-79
[уреди | уреди извор]Вќе долго време жителите на Помпеја биле привикнати на помали потреси (Плиниј Помладиот вели дека малите земјотреси „не предизвикувале некоја тревога бидејќи тие се честа појава во Кампанија“), но на 5 февруари, 62, [1] Архивирано на 5 октомври 2011 г. се случил многу силен земјотрес кој направил значителна штета околу заливот и особено во Помпеја. Се мисли дека бил со јачина од 7.5 степени според Рихтеровата скала. На тој ден требало да има две жртвувања, во чест на годишнината од именувањето на Октавијан август за „Татко на нацијата“ и слава во чест на духовите-заштитници на градот. По земјотресот следел хаос. Дополнителна паника создале пожарите предизвикани од паднати лампи во тресењето. Ближните градови Херкуланеум и Нукерија исто така биле погодени. Срушени биле цели храмови, куќи, мостови и патишта. Се смета дека речиси сите објекти во Помпеја биле погодени. По земјотресот завладеало безредие, каде преживеаните ги гонел пљачкосувања и глад. Во периодот од 62 до ерупцијата во 79 се извршиле извесни реизградби, но дел од штетата сѐ уште била непроправена кога се случила ерупцијата [2]Архивирано на 21 јануари 2012 г.. Не се знае колку луѓе заминале од градот по земјотресот, но сигурно е дека биле многубројни.
Интересно поле за истрага е можноста дека по земјотресот старите фрески биле пресликани со нови врз нив, па стручњаците користат современи инструменти за да ги видат овие скриени фрески. Најверојатната причина што градот сѐ уште не бил поправен во текот на десет години биле помалите потреси кои ѝ претходеле на ерупцијата.
Ерупцијата
[уреди | уреди извор]Веќе во I век н.е., Помпеја бил само еден од разните градови сместени во подножјето на планината Везув. Регионот бил доста населен и просперитетен заради плодноста на тамошната почва. Многу од другите места исто така настрадале од ерупцијата, од кои најважен е Херкуланеум.
Луѓето во Помпеја биле покриени со до различни 12 слоја земја. Плиниј Помладиот бил очевидец на случката, која тој ја посматрал преку Неаполскиот Залив во Мисенум.
Откривање
[уреди | уреди извор]Двата града биле затрупани со дебел слој пепел, па така тие биле напуштени и нивните називи и локации заборавени. Потоа, во 1738 г. Херкуленеум е откриен од работници правејќи темелот за летнен дворец на кралот на Неапол, Шарл Бурбонски, а потоа и Помпеја во 1748 г. Оттогаш ископувањата во овие градови имаат окткриено многу недопрени градби и ѕидни слики. Градовите всушност биле пронајдени од архитектот Фонтана во 1599, кој копал нов тек за реката Арно, но требале повеќе од 150 години пред да се започне со посветена археолошка работа. Кралот Карлос VII на Двете Сицилии бил мошне заинтересиран за проектите, дури и по неговото крунисување за крал на Шпанија.
Ископувањата во 1860 прешле во надлежност на Џузепе Фјорели. За време на овие првични ископувања биле пронајдени слоеви од пепели каде лежеле човечки останки. Фјорели ги отворил овие простори во кои лежеле останките и во нив истурал гипс, и така совршено ги добивал облиците на телата на жртвите на катастрофата. Ужасот на луѓето заглавени во несреќата јасно се гледа од овие излеани модели (видете [3] Архивирано на 11 јуни 2010 г., [4] Архивирано на 11 јуни 2010 г., [5] Архивирано на 10 јуни 2010 г.).
Помпеја денес
[уреди | уреди извор]Денес Помпеја е мошне популарна туристичка атракција; со околу 2.5 милиони посетители годишно, е најпопуларната туристичка атракција во Италија. Денес е дел од поголемиот национален парк Везув и местото е прогласено за дел од Светското наследство на УНЕСКО во 1997. За справување на проблемите поврзани со бројот на луѓе во местото, локалните власти даваат карти за посета и на Херкуланеум и Стабија, како и Вила Попеја.
Помпеја е и движечка сила во стопанството на блиското гратче Помпеи. Голем дел од месното население се занимава со туризам и угостителство, превозни служби и хотелиери. До рушевините може да се дојде само преку железничката линија до денешното гратче, или пак приватната железничка линија наречена Циркумвезувијана која директно води до наоѓалиштето.
Конзервациони проблеми
[уреди | уреди извор]При нејзиното затрупување со пепели, Помпеја, заедно со сите предмети во неа биле запечатени, и така инзвонредно добро зачувани низ времето. Заради отсуството на влага предметите се речиси непроменети, што значи дека штом се ископаат, тие претставуваат богатство за археолошки истражувања, давајќи одличен увид во животот на граѓаните таму. За жал, со ископувањата Помпеја станува подложна на влијанието на природните непогоди и луѓето.
Наоѓалиштето е оштетено на разни начини - временските прилики, ерозија, изложеност на светлината, вода, лоши методи на ископување и реконструкција, воведени растанија и животни, туризам, вандализам и кражби. Денес се ископани две третини од градот, но остатокот е изложен на оштетувања. Затоа конзервацијата претставува проблем за стручњаците. Заради големината на Помпеја и карактерот на проблемите, фондовите се недостатни за зачувување на местото. Проценето е дека се потребни 335 милиони американски долари за сета потребна работа.
Поврзано
[уреди | уреди извор]„Помпеја“ на Ризницата ? |
- Помпеи, денешниот град
- Херкуланеум
- Помпејски стилови
- Еротска уметност во Помпеја и Херкуланеум
- Конзервациони проблеми во Помпеја и Херкуланеум
- Помпеја: Последниот ден
- Куќа на фаунот
- Куќа на Ветиите
- Вила на мистериите
- Везув
- Стибера — „Македонската Помпеја“
- Список на светско културно и природно наследство на УНЕСКО
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Senatore, et al., 2004
Наводи
[уреди | уреди извор]- Zarmati, Louise (2005). Heinemann ancient and medieval history: Pompeii and Herculaneum. Heinemann. ISBN 1-74081-195-X. Архивирано од изворникот на 2006-09-04. Посетено на 2007-07-05.
- Butterworth, Alex and Ray Laurence. Pompeii: The Living City. New York: St. Martin's Press, 2005. ISBN 978-0-312-35585-2
- Ellis, Steven J.R., 'The distribution of bars at Pompeii: archaeological, spatial and viewshed analyses' in: Journal of Roman Archaeology 17 2004, 371-384.
- Senatore, M.R., J.-D. Stanley, and T.S. Pescatore. 2004. Avalanche-associated mass flows damaged Pompeii several times before the Vesuvius catastrophic eruption in the 79 C.E. Geological Society of America meeting. Nov. 7-10. Denver. Abstract Архивирано на 3 март 2012 г..
- Maiuri, Amedeo, Pompeii, pp, 78-85, in Scientific American, Special Issue: Ancient Cities, c. 1994.
- Cioni, R.; Gurioli, L.; Lanza, R.; Zanella, E. (2004). „Temperatures of the A.D. 79 pyroclastic density current deposits (Vesuvius, Italy)“. Journal of Geophysical Research-Solid Earth. 109. Архивирано од изворникот на 2006-02-15. Посетено на 2007-07-05.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Македонски
[уреди | уреди извор]- Мирисот на Помпеја Архивирано на 28 септември 2011 г. (македонски)
- Античкиот град Помпеја се отвора за хендикепирани лица (македонски)
- Десет најлегендарни градови - Помпеја[мртва врска] (македонски)
- Во Помпеја обновен е бордел Архивирано на 8 март 2012 г. (македонски)
- Реставрирана еротска фреска Архивирано на 13 септември 2005 г. (македонски)
Други јазици
[уреди | уреди извор]- Официјален портал на Помпеја Архивирано на 5 јули 2008 г. (англиски) (италијански)
- Pompeiana.org - страница посветена на археологијата во Помпеја Архивирано на 1 мај 2007 г. (англиски)
|