Првиот удар
Првиот удар е првиот албум на македонската хип-хоп група Клан Исток, објавен во 2005 година, во издание на Arena Records од Скопје.
Содржина на албумот
[уреди | уреди извор]Членовите на групата кој го издаде првиот албум го објави во 2005 година под насловот „Првиот удар“ се: Профо (Славчо Ковилоски), Човекот Х (Стојан Каевски), Братот Алек (Александар Ковилоски), Деко (Дејан Методијески) и Маријачи. Албумот содржи 18 траки, на кои покрај членовите на групата, како гости се јавуваат: ПУКА Козметика, Бобо, Lorenss, Phap, Evening Star и Единствена опција. Од овој албум произлегоа сингловите: „Рапери во криза“, „Од Скопје до Софија“, „Пријател“ и „Кој е кој“.[1]
Во времето кога групата со своите активности се наметна на македонската хип-хоп сцена, од медиумите го доби епитетот: „Чувари на чистиот рап звук“.[2]
Песни
[уреди | уреди извор]1. Интро
2. Bad Boy – featuring: Phap & Evening Star
3. Рапери во криза (Fat Flow Remix) – featuring: Пука Козметика
4. Bounce to this – featuring: Lorenss
5. Цело море – featuring: Пука Козметика, Димна Завеса
6. Сега застани
7. Песна од Душа – featuring: Пука Козметика
8. Кој ти го чува грбот – featuring: D Flow, Oggy Dogg
9. Што ќе правиш
10. Стари Спомени
11. Лудиот Стил
12. Дојди
13. Империја
14. Доле пиштолите – featuring: Единствена Опција
15. Преродба
16. Пријател
17. Од Скопје до Софија – featuring: Бобо
18. Outro
Следен албум
[уреди | уреди извор]Вториот албум на Клан Исток е објавен во 2013 година, и го носи името: „Отворена сезона“.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Клан Исток* - Првиот Удар“. Discogs (англиски). Посетено на 2018-07-18.
- ↑ „Чувари на чистиот рап звук“. Антена. број 253: 3. 28 март 2003.
- ↑ „Клан Исток ја „отвора сезоната"“. RadioMK. Посетено на 2018-07-18.[мртва врска]